www.utrinski.com.mk
30 април 2017 13:08
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 11:38

„Џудишал воч“ со тужба на Стејт департментот бара одговори за тоа како се трошеле парите во Македонија

Невладината организација „Џудишл Воч“ соопшти дека ќе го тужи Стејт Департментот поради тоа што не `и дал пристап до информации од јавен карактер согласно тамошниот закон. Оваа организација, која важи за блиска до конзервативните кругови во САД, веќе неколку месеци води истрага и бара одговори од американската амбасада во Скопје и од Стејт Департментот за тоа како се трошеле парите на американските даночни обврзници преку програмата на УСАИД.

„Џудишл воч“ тврди дека во периодот од 2012 до 2016 година, фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија добила околу 5 милиони долари за проекти од УСАИД.

Главниот „грев“ на американската амбасада во Скопје, според оваа НВО, е што финансирала „десетици левичарски, невладини организации“ кои имале за цел да ја урнат конзервативната влада во Скопје. Во својот извештај од февруари, повикувајќи се на „високи извори во владата“, „Џудишл воч“ ги нарекува овие организации „пешадијата на Сорос“. Иако изворите остануваат анонимни, магазинот „Политико“ на крајот на март годинава точно ги лоцираше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се чести гости во Вашингтон и се обидуваат преку лобирање кај републиканците и десничарите да влијаат врз политиката на САД во земјата. Од нив потекнува и кампањата против невладините организации на Сорос која во Конгресот и Сенатот ја туркаат неколку републиканци.

„Џудишл воч“ е формирана во 1994 година од богати конзервативци и десничари со цел уривање на власта на тогашниот претседател од редот на демократите, Бил Клинтон. Тужбите против државни институции се редовна пракса на организацијата, но „специјалност“ `и се тужбите против семејството Клинтон. До крајот на 2016 година активни беа 20 тужби на организацијата против Хилари Клинтон. Најголемиот дел од тужбите на „Џудишл воч“ пред сојузните американските судови се однесува на повреда на „Законот за пристап до информации“, и речиси сите досега се одбиени. Најголемиот успех организацијата го постигна со судската одлука да се отворат за јавност електронските пораки на Хилари Клинтон кои како државен секретар ги чувала на својот приватен сервер. Нивното отворање имаше големо влијание и во кампањата на претседателските избори во САД.

Статијата е прочитана 627 пати.


Испрати коментар

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
11°СкопјеВреме
Облачно
Нед17
Пон20
Вто25
Сре25
Чет22
Пет21
Саб23
Нед25
Пон25
Вто23
НајчитаниНајкоментирани

Луначек: Курц ги дискредитира Австрија и ЕУ со поддршката за Груевски
ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ