www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 17:35
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 14:50
Банките лани собрале повеќе заштеди, но помалку дале кредити



На годишна основа заклучно со октомври, депозитите пораснале за 3,8 отсто, додека, пак, кредитниот раст за истиот период изнесува само 1,8 проценти

Нина Нинеска-Фиданоска

Иако банките од земјава успеале да соберат дури и повеќе депозити од она што се очекувало за минатата година, тие, од друга страна потфрлиле со кредитирањето. Ова го покажува најновиот преглед на макроекономските показатели на Народна банка на Македонија, објавен на нејзината веб-страница, кој се однесува на периодот од јануари лани па заклучно со октомври. Овој послаб кредитен раст главно се должи на помалото кредитирање за компаниите, додека граѓаните, како и вообичаено, добиваат сe повеќе кредити.

На годишна основа заклучно со октомври, депозитите пораснале за 3,8 отсто, додека, пак, кредитниот раст за истиот период изнесува само 1,8 проценти, се вели во најновиот извештај централната банка.

„На годишна основа, вкупните депозити во октомври се над проектираниот раст од 2,6 отсто за четвртиот квартал на 2016 година. На годишна основа, вкупните кредити се под проекцијата од 2,1 отсто за четвртиот квартал“, се вели во извештајот на централната банка.

Инаку, само во октомври бил регистриран раст на депозитната база од околу еден отсто, наспроти намалувањето во претходниот месец од 0,4 отсто. Растот на вкупните депозити во октомври е подеднакво поттикнат од двата сектора, односно растело штедењето и кај домаќинствата и кај претпријатијата, што укажува на натамошно стабилизирање на очекувањата на домашните економски субјекти. Во октомври лани вкупните кредити бележат пад од 0,4 отсто, наспроти растот од 0,5 отсто во претходниот месец. Падот е целосно резултат на понискиот обем на одобрени кредити на компаниите, додека кредитите на домаќинствата бележат раст. Од централната банка сметаат дека поголемиот раст на депозитите во поглед на кредитите, всушност создава услови за поддршка на кредитната активност во наредниот период.

Инаку, кога станува збор за тоа колкав економски раст се очекува во земјава во четвртиот квартал од годинава, од НБМ во извештајот вели дека за тоа е тешко да се даде попрецизна слика. Во третиот квартал лани домашната економија порасна за 2,4 отсто, за која од централната банка велат дека е нешто повисока од очекуваната.

Во извештајот централната банка многу повеќе се осврнува на глобалното економско окружување, за кое наведува дека и натаму се очекува постепено засилување на закрепнувањето. Геополитичките ризици, како и неизвесноста поврзана со „Брегзит“, и натаму се оценуваат како клучни.

„Економското заздравување на еврозоната како наш клучен економски партнер продолжува. Во третиот квартал на 2016 реалниот БДП во еврозоната се зголеми за 0,3 отсто на квартална основа, а се очекува и солиден раст и во последниот квартал“, се наведува во извештајот.

Во последното тримесечје на минатата година, како што соопштуваат од НБМ, девизните резерви забележале пад. „Во овој период, во најголем дел, надолните промени во резервите се должеа на трансакциите за сметка на државата, заради редовно намирување на обврските на државата врз основа на надворешен долг и во помал дел од девизните депозити на домашните банки кај НБМ“, нагласуваат од НБМ, додавајќи дека е ограничена можноста за прецизно откривање на факторите за промените во девизните резерви. Од централната банка се децидни дека показателите на адекватност на девизните резерви говорат дека тие и натаму се движат во сигурна зона.

Годинава се очекува повисок раст на цените на металите

Најновите проекции за светските цени на нафтата упатуваат на значително повисок раст на цените во оваа година, се вели во извештајот на НБМ. Додека, пак, се предвидува помал раст во 2018 година.

За оваа година се очекува и значително повисок раст на цените на металите во споредба со оној во октомвриската проекција. Оваа вест би требало конечно да ги израдува претставниците на металската индустрија во земјава, кои подолг период имаа неповолни тенденции токму заради ниските цени на металите на светските берзи. Додека, за 2018 година се очекува стабилизирање на цените.

За годинава се очекува пад наместо раст на цената на пченицата, додека кај пченката не се направени поголеми промени, односно се очекува сличен раст на цените. „Сепак, треба да се има предвид дека очекувањата за цените на овие примарни производи се исклучително променливи, што создава неизвесност околу процената на нивната идна динамика и ефектите врз домашната економија, особено на подолг рок“, се вели во извештајот на централната банка.

Статијата е прочитана 401 пати.


Испрати коментар
Поради снегот, преполовена работата на транспортерите
НБМ ја намали каматата на благајничките записи на 3,5 отсто
Светска банка ги намали прогнозите за економски раст на земјава
На аеродромите лани за 15 отсто повеќе патници
Грција го исклучи далноводот кон Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
33°СкопјеВреме
Ведро
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ