www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:07
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:09

Пандев промовиран во Амбасадор на Суперкупот 2017



Пандев се заблагодари за довербата и посака на 8 август на „Телеком Арена“ за трофејот во Суперкупот да се борат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска беше промовиран во Амбасадор на Суперкупот на УЕФА 2017, натпревар што треба да се игра во август во Скопје, меѓу освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Пандев се заблагодари за довербата и посака на 8 август на „Телеком Арена“ за трофејот во Суперкупот да се борат Јувентус или Барселона против Манчестер Јунајтед.

На денешната прес-конференција на Националната Арена присуствуваше и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој најави спектакл.

- Ќе бидеме домаќини на еден од најголемите настани. Горди сме што ја заслуживме можноста да бидеме домаќини на ваков настан. Благодариме на УЕФА за дадената доверба. Ова е сон на многу генерации фудбалски работници од минатото. Стадион по сите критериуми на УЕФА. Еден од најдобрите во регионот. Чест и задоволство Горан Пандев да биде амбасадор на Суперкупот, рече Ѓорѓиоски.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор најавија дека сите рокови се запазени и дека Арената ќе биде подготвена за големиот настан.

- Досега имавме преку 80 инспекции од УЕФА и ги спроведовме сите нивни укажувања и препораки. Арената официјално за натпревари ќе биде затворена по 11 јуни кога се игра квалификацискиот дуел Македонија - Шпанија. Потоа ќе работиме на подготовка на теренот, нагласи директорот Цветко Грозданов.

Статијата е прочитана 519 пати.


Испрати коментар
Русија ретроактивно дисквалификува три свои атлетичарки
Билетите за Суперкупот на УЕФА од 15 до 38 евра
Македонија замина по три бода во Вадуц
Диего Коста - Со Конте соработката не ни почна најдобро
Клиперси подобри од Лејкерси во дербито на Лос Анџелес
Пандев - Дуелот со Лихтенштајн може да ни донесе многу позитивни работи
Швајнштајгер една година во Чикаго
Чеферин - Само две-три земји во Европа можат да бидат домаќини на СП 2026
За Спировски ќе реши делегатот, повик и за Стјепановиќ
Гризман - Сонувам да играм за Реал или Барселона
Нејмар - Можеби еден ден ќе заиграм во Премиер лигата
ФИФА доживотно казни судија за досуден непостоечки пенал
Барселона сигурна во дуелот со Валенсија
Веснина победничка во Индијан Велс
Федерер по петти пат го освои Мастерсот во Индијан Велс

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ