www.utrinski.com.mk
18 јануари 2017 17:03
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
03.03.2014, 17:01

Мода на црвениот тепих, „Оскар“ 2014 - Женствени и сексапилни актерки

Доделувањето на „Оскарите“ е најважна ноќ во шоу-бизнисот, но истовремено и најголемо модно шоу на Земјата. Водечките дами во Холивуд може да се пофалат со „изглед од милион долари“, подеднакво вреден за златна статуетка на црвениот тепих на синоќешното 86. доделување на наградите на Американската академија во „Долби театар“ во Лос Анџелес.

Списокот на исклучителни тоалети го предводеа номинираните актерки Кејт Бланшет, Ејми Адамс и Лупита Нјонго. Особено се издвојуваше Лупита која изгледаше восхитувачки во бебешко син фустан на „Прада“ кој изгледаше како од бајките. Расплаканата Лупита Нјонго, добитничката на „Оскар за споредна женска улога“ во филмот „12 години ропство“ ја заврши холивудската сезона на награди како миленичка на модната индустрија, благодарејќи на секси силуетата и блескавите бои. Триесет и едногодишната актерка изјави дека фустанот кој го избрала ја потсетува на родната Кенија.

„Ова е ’Прада’ и е направен специјално за мене“, изјави Лупита. „Син е и ме потсетува на небото над Најроби“, рече Нјонго, која носеше и блескава дијамантска и златна лента на глава на Фред Литон. Патем улогата на Петси во филмот „12 години ропство“ е нејзина прва главна улога по завршување на училиштето за глума.

Вистински моден погодок имаше и оскаровката Џенифер Лоренс, која минатата година се сопна од фустанот кога излезе да го прими „оскарот“ за „Во добро и во зло“, а тоа и' се случи и овој пат. Лоренс се сопна на портокалово-црвениот фустан на „Диор“, кој беше надополнет со два милиона долари вредна дијамантска огрлица од 100 карати на „Нил Лејн“.

Ејми Адамс изгледаше шик во едноставен но прекрасен фустан на „Гучи“ кој го одбрала бидејќи „почувствувала дека е како за неа“. Таа одбра морско-сина креација без прерамки. Чарлиз Терон пристигна во драматичен црн фустан на „Диор“. Наоми Вотс го одбра „Келвин Клајн“ – бел фустан и геометриска сребрена огрлица. Таа пристигна без партнерот Лив Шрајбер, изјавувајќи дека тој е дома со децата. Анџелина Џоли беше во придружба на номинираниот Бред Пит, а облече фустан на Ели Сааб. Кејт Бланшет блесна во беж креација со сребрени детали на „Џорџо Армани“, надополнета со обетки од 33 карати опал.

Џулија Роберт пристигна во конзервативен фустан од тантела на „Живанши“, додека Пенелопе Круз се одлучи за бледорозов фустан на едно рамо и црн појас на Жанбатиста Вали. Кејт Хадсон, која беше меѓу презентерите на шоуто, пристигна во фустан на „Версаче“, а нејзината мајка Голди Хоун се појави во златно-свилен фустан. Сандра Булок изгледаше елегантно во темносина креација на Александар Меквин, додека бремената Оливија Вајлд беше софистицирана во црн фустан на „Валентино“. (К.Ш.)

Лорна Луфт, Џој и Лајза Минели

Анџелина Џоли носеше фустан на Ели Сааб

Џулија Робертс во тантела и без ракави

Металик - Џенифер Гарнер

И Леди Гага се прошета на црвениот тепих

Кејт Хадсон пристигна во фустан на „Версаче“, Светкаво: Кејт Бланшет се одлучи за „Армани“, Џесика Бил измами многу воздишки

Елеганција во движење: Сандра Булок во темносина креација на Александар Меквин

Статијата е прочитана 5342 пати.


Испрати коментар
Претплата
Денот низ фотографии
 
Најнови вести
НајчитаниНајкоментирани
Германија да зајакне за предизвиците на иднината
Македонија завеана од снег
СЈО го повлече обвинението за „Пуч“
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ