www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 11:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 15:34

Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Од скопска „единица“ не кажуваат дали двете судијки-поротнички добиле безбедносни сертификати и дали Љубинка Башевска поседува безбедносен сертификат за да може да го води овој судски процес

Љубиша Станковиќ

Не постојат никакви најави дека судскиот процес во јавноста познат како „Пуч“ ќе започне во скоро време, откако судијката Љубинка Башеска, од Основниот суд Скопје 1, на 1 ноември минатата година донесе решение судењето да се одложи на неодредено време.

Судијката Башеска, на последното одржано судско рочиште, со објаснување дека судијата-поротник Олга Крстевска побарала самата да се повлече од Судскиот совет и дека на нејзино место е поставена Вања Штерјова, а дека поротничката Лилјана Ивановска-Бошкова е поставена за резервна поротничка, но дека тие немаат безбедносен сертификат, донесе одлука судењето да го одложи на неодредено време.

„Не е закажано судењето“, гласи кусиот одговор којшто го испрати скопскиот кривичен суд. Оттаму нема никакво објаснување зошто судењето не е закажано и дали за двете поротнички се обезбедени безбедносни сертификати, како и тоа дали и судијката Башеска, која е претседател на Судечкиот совет, поседува безбедносен сертификат, бидејќи во такво нешто се посомнева и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но и тоа дали обвинетите се се' уште под безбедносни мерки.

На последното одржано рочиште обвинителката Јанева освен што ја обвини судијката Башеска дека не поседува безбедносен сертификат и дека поради тоа не може да раководи со овој судски процес, таа обвини дека токму поради немање безбедносни сертификати судењето се одложува повеќе од една година.

Случајот „Пуч“ влезе во кривична постапка по јавно обраќање на поранешниот премиер Никола Груевски дека постоел наводен обид за државен удар. Само еден ден по неговото јавно обраќање, кое се случи на 31 јануари 2015 година, од слобода беше лишен разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица, Ѓорѓи Лазаревски и уште едно лице вработено во Управата за безбедност и контраразузнавање, а листата на обвинети се најде и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Сите тие беа обвинети за кривично дело: насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Во меѓувреме предметот од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал премина во рацете на Специјалното јавно обвинителство.

Статијата е прочитана 534 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Попоски до Бушати - Погледај го својот двор
Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски
За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја
(ФОТО) Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада
Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
26°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Кипар да не се инструментализира за туѓи интереси
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ