www.utrinski.com.mk
31 март 2017 02:27
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 16:40

За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја

Според СДСМ, Македонија мора да добие влада на граѓаните, која ќе почне со решавање на нивните реални проблеми, од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека тие го добиле мандатот од граѓаните за да формираат влада

Наум Котевски

Социјалдемократите и натаму се држат резервирано во однос на процесот на составување влада кој станува се' покомплексен со објавувањето на платформата на албанските парламентарни партии, која тие се одлучија да ја премолчат. Од СДСМ вчера официјално не сакаа да го коментираат интервјуто на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое тој рече дека се отворени четири опции: коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, коалиција со СДСМ, техничка влада како до 11 декември и преоѓање на ДУИ во опозиција, притоа не исклучувајќи ни неопходност од нови избори, доколку никоја од страните не ја прифати платформата. Доволна провокација за коментар не беше ниту тоа што Ахмети во интервјуто подвлече знак на равенство меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за третирање и унапредување на албанските прашања.

Вчера вечер се состана Извршниот одбор на СДСМ, чиј став е дека мнозинството граѓани, над 600 илјади избрале промени и нова одговорна влада. Од состанокот уште еднаш беше испратена пораката дека „сите партии коишто имаат освоено пратеници во парламентот, освен криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, не смеат да дозволат формирање влада во којашто би учествувале лица обвинети за тешки кривични дела, кои ги уништиле животот и перспективите на граѓаните“.

Притоа уште еднаш се оценило дека е постигнат огромен успех на парламентарните избори на 11 декември, на коишто мнозинството граѓани избрале промени на власта.

„Ќе остане запаметено во политичката пракса, дека во Македонија е срушен режим без насилство, со пенкало и со глас. Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се минато. Тоа е јасно и за членовите и поддржувачите на оваа партија“, велат од СДСМ.

Ставот на социјалдемократите е дека Македонија мора да добие влада на граѓаните, која ќе почне со решавање на нивните реални проблеми. „Граѓаните сакаат квалитетен живот, во едно општество на еднакви граѓани, правда и независно судство, државни институции што работат во служба на граѓаните“, соопштија од СДСМ. Според нив извештаите на Европската комисија и на Рајнхард Прибе мора да бидат основа на реформските приоритети на новата влада.

ОД ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на СДСМ испратено по Извршниот одбор, порачаа дека „Заев е историја“, прогласувајќи се уште еднаш за победници. Според нив, граѓаните на Македонија на изборите од 11 декември, јасно ја изразиле својата волја и им кажале едно големо „не“ на политиките на уништување на македонската економија и држава, на коруптивните политичари и профитери од криминалната групација СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ го доби мандатот од граѓаните за да формира влада и да ја преточи нивната волја во реални мерки и проекти, за нивен подобар живот. Наместо патетичните соопштенија со кои Заев се' уште мисли дека ги лаже членовите на својата партија дека не бил поразен на изборите, тие очекуваат одговор кога ќе го исполни ветувањето и ќе си ја даде оставката што ја вети“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Статијата е прочитана 1599 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Попоски до Бушати - Погледај го својот двор
Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски
(ФОТО) Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада
Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување
Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Пет20
Саб22
Нед22
Пон21
Вто18
Сре16
Чет18
Пет16
Саб17
Нед18
НајчитаниНајкоментирани

Партијата на Меркел тешко се откажува од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?
„Чие е Јадранското Море?“
ЕУ: Забранета фузија на Германската и Лондонската берза
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ