www.utrinski.com.mk
20 јануари 2017 06:43
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:29
Попоски до Бушати: Погледај го својот двор



Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска реагираше на изјавата на албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, во која коментираше за внатрешните случувања во Македонија и Македонците ги именуваше како славо-Македонци.

„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости.

Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Секако, претходниве точки треба да се приоритет пред еден политичар да се впушти и во идејни толкувања на уставот на соседна земја. Не верувам дека ова е приоритет за даночните обврзници во неговата земја, особено при толку нерешени прашања дома.

Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, стои во реакцијата.(Н.Р.)
Статијата е прочитана 1822 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски
За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја
(ФОТО) Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада
Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување
Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
-2°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пет0
Саб0
Нед-1
Пон-1
Вто0
Сре0
Чет-5
Пет-5
Саб-2
Нед-2
НајчитаниНајкоментирани

Што ги чека ЕУ и Германија со Трамп?
Енергетски рекорд- шести увоз на струја за половина месец!
Македонија завеана од снег
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ