www.utrinski.com.mk
28 февруари 2017 15:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 14:11

На аеродромите лани за 15 отсто повеќе патници



Вкупно 1.794.376 патници во 2016 година патувале преку двата македонски аеродрома, „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид што е 15 проценти повеќе во однос на 2015-та кога се евидентирани 1.560.381 патник, соопшти „ТАВ Македонија“.

Компанијата наведува и дека е зголемен бројот на операции за 8,9 отсто, достигнувајќи вкупно 16.883 летови.

„Задоволни сме што успеавме да постигнеме двоцифрено зголемување на бројот на патници на годишно ниво, повисоко од просекот на ЕУ и од просекот во регионот. И во 2017 година ќе продолжиме во таа насока, фокусирајќи ги нашите главни цели на проширување на мрежата на линии од аеродромите во Скопје и во Охрид, соработувајќи со Владата, со сите засегнати институции надлежни за воздухопловство и со авиокомпаниите“, изјави генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Алпер Ерсој.

Според податоците за патничкиот сообраќај, Истанбул (со двата аеродрома „Ататурк“ и „Сабиха Гокчен“) е најфреквентната дестинација од Аеродромот „Александар Велики“ во 2016, со 12,6 отсто пазарен удел, потоа следат Цирих со 10,2, Виена со 6,3, Базел со 5, Малме со 4,8 и Лондон со 4,3 проценти.

Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Визер (Wizz Air) има превезено најголем број од патниците, 54,8 отсто, а потоа следат „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), „Аустријан ерлајнс“ (Austrian Airlines), Germania Flug, Pegasus Airlines и Edelweiss.

Најфреквентниот ден на скопскиот аеродром во 2016 година бил 12 август кога патувале 5.641 патник, додека вкупниот број движења на воздухоплови бил 50, а потоа и 21 јули кога вкупно 5.604 патници беа превезени за еден ден со вкупно 51 движење на воздухоплови.

Карго-сообраќајот на аеродромот во Скопје има значителен пораст од 10,9 отсто во 2016 година со вкупно 3.090 тони превезени авионски пратки. Според „ТАВ Македонија“, ова зголемување главно се должи на зголемениот извоз на стоки, но и на популаризацијата на индивидуалните нарачки преку интернет превезени преку воздушен пат.

„Изминатата 2016 година беше многу успешна година за зголемување на сообраќајот на аеродромот во Охрид, каде што бројот на патници порасна извонредни 39,2 отсто на годишно ниво, поради што Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI) во неколку последователни квартали го прогласи „Св. Апостол Павле“ за аеродром со најбрз раст во својата категорија“, информира компанијата.
Покрај значајниот пораст на сообраќајот на годишно ниво, минатата година ќе биде забележана како успешна за „ТАВ Македонија“ и поради добиената ASQ награда (Airport Service Quality) за квалитет на аеродромски услуги доделена на аеродромот во Скопје, третпат во изминатите пет години, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International – ACI). Аеродромот во Скопје беше прогласен за најдобар во Европа во однос на квалитетот на аеродромските услуги, во категоријата на аеродроми под два милиона патници. (Ек.Р.)

Статијата е прочитана 675 пати.


Испрати коментар
Поради снегот, преполовена работата на транспортерите
НБМ ја намали каматата на благајничките записи на 3,5 отсто
Светска банка ги намали прогнозите за економски раст на земјава
Банките лани собрале повеќе заштеди, но помалку дале кредити
Грција го исклучи далноводот кон Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
18°СкопјеВреме
Ведро
Вто17
Сре16
Чет15
Пет15
Саб16
Нед16
Пон15
Вто14
Сре13
Чет11
НајчитаниНајкоментирани

Турција во политички офсајд
СЈО: Труст од РЕК Битола пумпал пари во приватни џебови
Легална експлоатација во Србија: работниците на лизинг!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ