www.utrinski.com.mk
22 декември 2014 22:16
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
25.05.2009, 17:59

Рулет пеналите посреќни за Работнички

Во финалето на Купот, по Работнички ја победи Македонија со подобро изведување на пенали со 7:6

Миодраг Мицковиќ

Секогаш е тоа така во фудбалот кога пеналите треба да го одлучат победникот. Рускиот фудбалски рулет, како што ги викаат решавачките пенали, им донесоа голема среќа и уште поголема радост на фудбалерите на Работнички кои по една невидена драма, проследена со невреме, молњи и грмотевици го освоија Купот по 120 минути регуларна игра и по 14 изведени удари од белата точка.

Јунак на ова драматично финале, кое сигурно долго ќе се памети не, поради некоја блескава игра на двете екипи, туку поради невремето и шокот што го доживеаја играчите на Македонија во моментите кога почнаа веќе да го прославуваат успехот и освојувањето на Купот, беше Сашко Пандев кого тренерот Здравков го уфрли во игра во второто полувреме.

Што се случи во тие последни минути од мечот. Откако Работнички пропушти три идеални шанси да дојде во водство, уследи казна за тие промашувања во 65 минута кога Клечкаровски на една нафрлена топка, со глава ја спроведе во мрежата на немоќниот Георгиевски, во моментите кога мечот беше на работ на прекин поради силниот дожд и грмотевици.

Но казната не беше само за Работнички. Буквално во последната минута, уследи и казна за Македонија. Сашко Пандев, повеќе во обид да центрира, упати еден лоб удар од околу триесетина метри од косо, топката доби еден неверојатен ефе и се спушти зад грбот во мрежата на Павловиќ.

На теренот радост и тага. И пак Сашко Пандев беше тој кој ја донесе најголемата радост, практично и Купот на Работнички. Тој беше последниот изведувач на најстрогата казна за „романтичарите“, по 13 изведени пенали, со сигурен удар го совлада Павловиќ и се најде во прегратките на своите соиграчи, пехарот замина во витрините на Работнички додека Даниел Јовановски остана да лежи на тревата бидејќи неговиот удар од белата точка пред тоа заврши над голот на Георгиевски.

И тоа беше крај на се она што се случуваше на теренот на Градскиот стадион. Од седумте изведени пенали за Македонија промашија нивниот најдобар играч и голгетер, Бразилецот Брито, по него и Даниел Јовановски, додека успешни беа Брњарчевски, Клечкароски, Илиевски, Милевски и Лена, пеналот за Македонија, во последната петта серија го промаши Перендија, кој можеше уште тогаш да ја донесе победата на Работнички, додека успешни изведувачи од белата точка беа Вандаир, Филио, Трачев, Димовски и Савиќ и на крајот Пандев.

По мечот пехарот на победниците им го предаде претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески. Иако, организаторот направи се' ова финале да биде спектакл на крајот на фудбалската сезона во Македонија, на трибините одвај да се собраа околу 2.000 гледачи, можеби ни толку.

По средбата на конференцијата за печат, различно расположение кај тренерите и играчите на двата тима.

Илчи Ѓоргиевски, тренер на Македонија: „Им ја честитам на Работнички победата, беа посреќен тим. За нас голем хендикеп беше повредата на двајца клучни играчи уште во првите 20 минути - Ивановски и Попов и со тоа беше нарушена концепцијата на нашата игра. Не издржавме, веќе ја имавме победата во рацете, но примивме случаен гол во последната минута“.

Боби Билевски (Македонија): „Честитки за актерите на двете екипи кои издржаа 120 минути по оној дожд и грмотевици. Не ја зачувавме предноста, но фудбалот е таков. Не сум разочаран од поразот, горд сум што бев дел од ова финале, горд сум на моите играчи. Го загубивме купот, но сепак, ние сме шампиони на Македонија“.

Гордан Здравков, тренер на Работнички: „Им благодарам на моите играчи што ми го подарија најсреќниот ден во мојата фудбалска кариера. Навистина, бевме посреќен тим, но и тоа е дел од фудбалот. На овој меч немаше подобар или послаб, имаше посреќен тим, тоа морам да го признаам“.

Македонија-Работнички 6:7 (1:1, 0:0)



Градски стадион. Време дождливо, тешко за игра. Гледачи 2.000. Судија Димитар Мечкаровски, Стрелци: Клечкаровски во 65. м. за Македонија, а Пандев во 90. за Работнички.

Македонија: Павловиќ, Илиевски, Амбурет, Оса, (Јовановски), Милевски, Мојсов, Лена, Брњарчевски, Брито, Попов (Клечкаровски), Ивановски (Кралевски).

Работнички: Георгиевски, Димовски, Бојовиќ, Крстевски, Божиновски, Османи (Пандев), Мојсов (Трајчев), Сабик, Перендија, Карлос Роберто (Филио), Вандаир.

Статијата е прочитана 1349 пати.


Испрати коментар
Морезмо во аут на стартот од Ролан Гарос
Фудбалски вести
Волфсбург го прегази Вердер за своја прва титула
Латвала победи во Италија, Леб четврти
Широв победник на шаховскиот супертурнир во Софија
Плус пет за Кил во финалето на ЛШ
Орландо поведе против Кливленд со 2-1 во финалето на Истокот
Браун не знае за доста, Ферари полека се буди
Преспа пред спас од испаѓање
Вуков замина на трката во Италија
Русевски скокна 327 места на АТП-листата
Македонија седма на СП во Германија
„Шпедитерите“ поведоа со 2-0 против Фени И.

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
-2°СкопјеВреме
Ведро
Пон6
Вто11
Сре12
Чет11
Пет6
НајчитаниНајкоментирани
26.05.2009, 02:49

Претходен број

Хашкиот суд веќе никого не плаши
Бранувања околу хонорарите: закон за работнички права или државен профит
Крај на економскиот бум на Турција?
     Site Meter   
период од-до
-