www.utrinski.com.mk
18 декември 2014 14:22
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
25.05.2007, 16:45

Вардарци по петти пат го освоија Купот

Престижниот пехар на победникот во отсуство на Хаџиристески, му го додели Драган Мутибариќ

ЕМИЛ КИТАНОВСКИ

Скопски Вардар е новиот освојувач на патнаесеттото издание на Купот на Македонија во фудбал, откако оваа екипа завчеравечер на Градскиот стадион во Скопје во големото финале го победи со 2:1 лидерот на табелата, прилепска Победа. Црвено-црните сосема заслужено стигнаа до четвртата титула во Купот, а авторот на овие редови уште пред да започне натпреварот доби впечаток дека ама баш сите 5.000 гледачи кои во четвртокот присуствуваа на Градскиот стадион во Скопје, го знаеја името на новиот победник на Купот, пред главниот судија Александар Ставрев од Скопје да го означи почетокот на мечот.

Навикнати на неизвесни натпревари, кои обилуваат со сериозните стартови, груба игра, чести дуели и многу шанси за гол на обете страни, најискрените љубители на фудбалот кои дојдоа да го проследат овој натпревар, едноставно речено делуваа како публика која е дојдена на некоја премиерна претстава во македонскиот народен театар (МНТ). Со исклучок на навивачките групи на двата тима, останатиот дел од гледалиштето во поголемиот дел од мечот повеќе се занимаваше со она што се случува на трибините отколку со големата пресметка на Градски.

А во таквиот, би рекол „пријателски однос“ на играчите на двата тима на теренот, за жал, изостанаа и убавите акции и шансите за гол. Од празните новинарски бележници, само неколку моменти заслужуваат да бидат потенцирани. Победата на црвено-црните им ја донесе напаѓачката двојка Кировски - Вандаир. Овие двајца голгетери најдобро се снајдоа по двата класични кикса односно пропусти на прилепската одбрана, и во 21-та и 27-та минута ги постигнаа двата гола за Вардар. Скопјани до крајот на полувремето можеа да зголемат и на 3:0, меѓутоа Стјепановиќ и Емурлаи во истата акција во 41-та минута, за малку беа непрецизни. Фудбалерите на тренерот Николче Здравески се обидоа да го спасат финалето во 72-та минута кога со голот на Нацев намалија на 2:1, меѓутоа тоа беше се што направија до крајот на натпреварот.

„За мене лично и за моите фудбалери е чест да се биде дел од ова големо финале. Меѓутоа задоволството е уште поголемо кога во оваа прилика ќе се освои и трофејот од Купот на Македонија. Со игрите во пролетниот дел докажавме дека заслужено стигнавме до една титула во домашните натпреварувања, ако се земат во предвид сите проблеми со кои се соочивме во тековната сезона“ изјави веднаш по завршувањето на натпреварот, тренерот на победничката екипа, Драган Канатларовски. Задоволен од триумфот на неговиот тим беше и искусниот Ертан Демири, кој притоа потсети на неколку моменти кои му претходеа на вардаровиот успех. „Тешкиот пат до финалето, го крунисавме со освојувањето на заслужената титула во Купот. Пресреќен сум што сум дел од новиот тим на Вардар, и искрено се надевам дека истиот состав засилен со уште неколку нови играчи ќе остани и за мечевите во фудбалска Европа“ заклучи Демири. За жал, фудбалерите на Победа не присуствуваа на заедничкиот брифинг, а портпаролот на ФФМ Зоран Николовски ваквата постапка ја оправда со долгата прослава на победата на вардарци. Инаку, финалниот меч на Градски, ќе остане запаметен и по големите поделби меѓу фудбалските работници во земјава, кои и кумуваа на една несекојдневна ситуација. Имено, централната ложа на јужната трибина беше речиси празна бидејќи недостасуваше комплетното раководство на ФФМ и членовите на УО, а пехарот на капитенот на Вардар Вандаир му го врачи, Драган Мутибариќ некогашната голманска легенда на оваа екипа.

Градски стадион во Скопје. Гледачи: 5.000, главен судија: Александар Ставрев од Скопје, стрелци: Кировски во 21, и Вандаир во 27-та минута (Вардар) и Нацев во 72-та минута (Победа). Жолти картони: Секуловски и Кировски (Вардар).

Победа: Тофилоски, Капинковски (Ацески), Дамевски, Јовановиќ, Крстевски, Мегленски, Итуа Ндинга (Лончар), Нацев, Марковиќ (Шишков), Савиќ, Гешоски.

Вардар: Георгиевски, Брага, Секуловски, Демири, Перендија, Бојовиќ, Ристевски (Костовски), Емурлаи (Пеев), Кировски (Ристов), Вандаир, Стјепановиќ.

Статијата е прочитана 2113 пати.


Испрати коментар
Видерер задоволен од посетата на Скопје
Детроит поведе со 2
Ди Лука прв во 12. етапа и севкупно на Џиро
Монако совршено за Раиконен и за Алонсо
Русевски во четврт-финалето во Брчко
Македонија во борба за медалите на СП!
Два гола на Инѕаги за седма европска титула на Милан
УЕФА и ФИФА не ги признаваат иницијаторите за промени во ФФМ
Титулата за Пелистер
Победа најблиску до титулата
Mene, 27.05.2007 22:31:40
Napred Vardar!

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
8°СкопјеВреме
Облачно
Чет9
Пет9
Саб12
Нед7
Пон7
НајчитаниНајкоментирани
25.05.2007, 19:05

Обврска за Израел
Цената на нафтата во „слободен пад“
Нема позитивни изненадувања од Брисел за Македонија!
     Site Meter   
период од-до
-