www.utrinski.com.mk
27 март 2017 12:43
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:13

Тежок ден за македонската политика

Додека политичките партии се координираат за „отворање“ на парламентот, а еврокомесарот Хан ќе спроведува еден вид на булдожер-дипломатија, од иницијативата „За заедничка Македонија“ најавуваат голем протест



Татјана Поповска



Тежок политички ден се најавува за денеска за кога е закажана посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, но и собраниската координација за усогласување на позициите пред продолжување на конститутивната седница во Собранието. Паралелно со овие два процеса, кои ќе се одвиваат речиси истовремено и кои во суштина значат притисок врз досега владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пред Собранието, но и пред Европската комисија ќе се одржат протести на граѓаните кои се спротивставуваат на можноста лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада заедно со потенцијалните коалициски партнери - ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците.

Oд иницијативата „За заедничка Македонија“ за денеска најавија масовен собир. Најавениот протест доаѓа откако Хан не го прифати нивното барање за средба, со образложение дека денешниот ден му е резервиран само за политички претставници.

„Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овој пат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе“, изјави вчера Коцијанчич.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, вчера обвини дека имаат сознанија оти во повеќе средни училишта низ државата има партиска наредба од ВМРО-ДПМНЕ директорите да ја прекинат наставата и да ги пуштат децата на протести. „Очигледно е дека, обидувајќи се да избегне од криминалите, обидувајќи се да избегне од лична одговорност, на Никола Груевски не му е мило ништо и не мисли на ништо, вклучително и на безбедноста и животите на најмладите во нашата држава. Да злоупотребуваш малолетници за политички цели зборува само исклучиво за паниката во која во моментов се наоѓа Никола Груевски“, изјави вчера Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера, по повикот до народот на нивниот партиски лидер Никола Груевски да стане и да ја „одбрани“ Македонија, не сакаа да прецизираат детали дали и на кој начин тие ќе се вклучат во одбраната на државата на којашто повикуваат. Партискиот портпарол Иво Котевски вчера немаше информации дали протестите ќе се интензивираат во пресрет на посетата на Хан, но и на собраниската координација. „Ние како партија не стоиме зад иницијативата ’За заедничка Македонија‘, но целосно го разбираме нивниот револт во однос на тиранската платформа“, изјави Котевски.

На овој начин се очекува да се зголеми притисокот врз политичките партии кои од денешната координација со Вељаноски очекуваат да тргне процесот за ставање на парламентот во функција и за избор на претседател на Собранието.

Социјалдемократите очекуваат дека во најбрзо можно време ќе се закаже седницата на Собранието на која ќе се избере претседател. „Очекувавме дека тоа ќе биде направено уште во текот на минатата недела или за деновите на викендот“, изјави вчера Шилегов.

За разлика од СДСМ во ВМРО-ДПМНЕ не ги дефинираат своите очекувања во однос на исходот на координацијата, ниту пак сакаат да прецизираат дали се согласуваат со потегот Собранието конечно да биде ставено во функција. Повторуваат дека за нив единствено решение е да има нови избори.

Од друга страна, наспроти очекувањата за денеска или пак за утре да биде закажано продолжението на конститутивната седница, не е исклучено и несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ околу распоредот во Комисијата за избори и именувања да ги блокираат разговорите и целиот исход од координацијата со Вељаноски.

Средбите на Хан почнуваат во 12.40 часот. Првата средба е со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, потоа со Беса, па со Алијанса за Албанците, а по неа со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Средбата со Зоран Заев ќе се одржи во 16.10 часот, а во 17.45 Хан ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. По средбата со Иванов, предвидено е Хан да се сретне со претседателот на Собранието, ако тој се избере. Последната средба, во 20.15 ќе биде со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Изјава за медиумите е предвидена во 21,45 часот.

 









Статијата е прочитана 2561 пати.


Испрати коментар
Иконен
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“
bitola-1, 21.03.2017 00:34:52
Aman bre so toj bulduzer diplomatija,dve godini nikako da trgne,od bulduzer,dojde fico diplomacija,
   23 |   10
do Tatjana, 21.03.2017 04:59:43
Han ne e nikakov *buldozher*.Vremeto na takvite pomina.Toj nema nishto da napravi vo Makedonija.
   28 |   11
Ivan, 21.03.2017 05:30:33
Tezok den za Makedonskata politika??? zoshto dozvolivne da ni bide tezok a ovoj volk ke ni gi chuval jagninata, zoshto na ovoj volk od EU-orspijata ne mu se pokazat dva prsta i pravo na aerodrom a nie Makedoncite da si ja sostavime vladata bez nikakvi pritisoci i platformi. Koj e toj shto ke ne zashtiti od *shugata* narechena platforma ako ne samite nie. Po sve izgleda deka sds ne saka da go deli *kolachot* so vmro zatoa shto predolgo postea (desetina godini). Po inaidzii se i duri i od magarinjata, no sepak ako znaesh kako i magareto mozish da go prfrlish preku drven most no ovie?? nikako. Teshko na nashata RM koga dozvolivme sekoj idiot da ni se mesha vo familijarnite raboti (mislam drzavnite) ali izgleda deka ima vo familijata nekoj krt shto e natrten i rovari a vo poveke sluchaevi se znae koj se trti za nekakov si benefit iako znae deka ke go izgubi ona shto so generacii e sozdadeno. Tie krtovi gledaat kratkorochno i se ednosmerni no so nadesh deka ke im dojdi krajot
   31 |   12
Петре, 21.03.2017 08:10:17
Денес е повторно ИЗМИСЛЕН ДЕН НА ДРВОТО, за децата да не одат на училиште и со нив се манипулира на протести, што е недозволиво. Ако некој сака да манипулира со своите деца, нека го прави тоа сам, а не да ги жртвува другите, додека нивните се шетаат по светот или од некоја длабока сенка си гледаат сеир, а потоа ќе изигруваат патриоти.
   17 |   17

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
9°СкопјеВреме
Ведро
Пон15
Вто18
Сре21
Чет21
Пет21
Саб22
Нед21
Пон21
Вто22
Сре20
НајчитаниНајкоментирани

(Архива) По црниот, ќе има ли бел понеделник во Собранието?
Германските Турци од денеска можат да гласаат
Грчките фирми ги исплаќаат вработените со бонови
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ