www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:09
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
05.05.2017, 11:29

Хотелот „Калифорнија“ од легендарната песна навистина постои, но го чека тужба од „Иглс“

Лос Анџелес - Американскиот рок бенд „Иглс" поднесе тужба против сопствениците на мексикански хотел, кои без нивно одобрение го нарекле „Хотел Калифорнија", според најпозната песна на бендот.

Во тужбата поднесена до Окружниот суд во Калифорнија, членовите на познатата група наведуваат дека сопствениците на објектот, канадската брачна двојка Џон и Деби Стјуарт, „активно ги наведуваат" своите гости на чувството дека хотелот, кој се наоѓа во мексиканскиот град Тодос Сантос во државата Баха Калифорнија, е поврзан со „Иглс", со цел да продаваат разни сувенири.

Во тоа е вклучено и пуштање на песната „Хотел Калифорнија" во фоајето и собите и продавањето маици, кои сугерираат дека се работи за „легендарниот" хотел од нумерата, што резултира со конфузија меѓу гостите за што сведочат и нивните коментари на интернет, велат членовите на бендот.

Рок класикот „Хотел Калифорнија" е насловна нумера на истоимениот албум на „Иглс" од 1976 година, која една година потоа освои Греми. Песната е позната по долгата гитарска соло завршница на Дон Фелдер и Џо Волш и стиховите на Глен Фреј и Дон Хенли.

„Иглс" во тужбата бараат надомест за штетата на бендот и забрана за понатамошно поврзување на хотелот и групата.

Коментари за тужбата се уште нема од сопствениците на хотелот.

Статијата е прочитана 1202 пати.


Испрати коментар
Над 8.500 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон
На фирмите не им фалат програмери, бараат обични работници
Приведен е Горан Ангелов од здружението „Ќосето“ кој директно му се закануваше на Заев
Заев и Ахмети ги почнуваат преговорите за нова влада, ДУИ останува на барањето за осум министерски места
Во недела изменет сообраќаен режим на ЈСП поради Скопскиот маратон
Џеф Безос продаде акции од 1 милијарда долари, ќе инвестира во вселенското летало „Њу Шепард“
Адеми
Вардарки отпатуваа во Будимпешта на завршниот турнир во Лигата на шампионките
Судскиот процес за "Тврдина 2" одложен за 23 мај
Каролина Гочева судбоносно да кажа во романтичниот Париз
Италијанец се "ожени" сам со себе
Џеф Безос продаде акции на „Амазон“ од 1 милијарда долари
Почна "Скопје креатива 2017"
Рекорден број алпинисти годинава ќе го освојуваат Монт Еверест
Уставниот суд наредната среда ќе одлучува за мандатот на градоначалниците и за земјоделските субвенции
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
Во Перу 1.459 лица носат имиња од серијалот "Војна на ѕвездите"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Лига Европа
Комплетирано третото коло во ракометните квалификации за ЕП 2018
Јана Бурческа ја снима разгледницата за Македонија на Евровизија!
Македонските ракометари подобри од Исланд

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ