www.utrinski.com.mk
26 јуни 2017 17:22
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.08.2010, 16:50

Наградата на АКТО за македонските уметници О.П.А.

Прексиноќа со доделување на наградата и со спектакуларниот настап на словенечката група уметници YES се затвори 5. АКТО Фестивал за современи уметности. Наградата за интердисциплинарност „Драгиша Наневски“ им припадна на македонските уметници О.П.А. за нивното дело „Ташаци“. Оваа година фестивалот АКТО по втор пат ја додели оваа награда, за која одлучуваше тричлено жири, во кое беа: Мелентие Пандиловски, Марко Стаменковиќ и Илија Упалевски.

„Ташаци“ е интерактивна видеоинсталација. Дејствувањето во јавен простор или галерија групата О.П.А. го изведува преку осмислено креирање на апсурдни ситуации, во кои публиката е главен чинител. О.П.А. е формирана во 2001 година од страна на ликовните уметници Слободанка Стевчевска и Денис Сарагиновски. Тие работат на границите на ликовната уметност, на уметноста на новите медиуми и на перформансот, а досега имаат одржано повеќе самостојни и групни изложби во нашата земја и во светот.

Словенечката група YES со својот мултимедијален проект „Замотај се околу мене и заборави дека бев нешто“ приреди шок и изненадување за публиката. Составен од повеќе одделни перформанси, од кои беше дел и публиката, овој двочасовен проект се одржуваше низ специјално пренаменетите ходници во зградата на Офицерскиот дом и во дел од собите, збогатен со специјални ефекти. Додека, самото официјално затворање на годинешниот фестивал го означи танцовиот проект „Модробрада“, кој се одржа во дворот на Офицерскиот дом. (С.У.)

Статијата е прочитана 2762 пати.


Испрати коментар
Концерт на ФМУ
На „Бит фест“ гостува чешкиот виолинист Вацлав Худачек
Денеска младите мислат со своја глава
Симон Трпчески првпат на турнеја во Јужна Америка
Бранко Цветкоски објавен во Украина
Дел од поетите на „Струшки вечери“ веќе пристигнаа
CICALCHE, 17.08.2010 01:00:09
AKTO -festivalot na alternatiivni umetnosti, vo svijot napor za legitimitet navleze i vo drugi nehumani vodi. Performansot na Tumbe Kafe ( kultno mesto na nekogashnite pristojni bitolchani) pretvoren e vo zhurka i zabava, bez troshka "namus" i chuvstvo za pristojnost, samo zatoa shto beshe planiran da se odviva na desetina metri od ZOO gradinata vo Bitola, kraj zhivotnite koi se izgladneti i se na umiranje. Toa li e celta na alternativnata umetnost? Ili se sluchuva raspad na moralnite vrednosti za koi se angazhiraat mladi lugje - nashata idnina? Vo sprega so lokalnata vlast na pr. bi mozhele da podrzhat nekoja druga umetnichka aktivnost na mladite, kako na primer nivno vrabotuvanje, angazhiranje vo pozitivni aktinosti. Svezh e primerot na vrabotuvanje na mladite akteri vo bitoskiot teatar shto go postignaa so golemi maki. Lesno e da se bide dekadenten so pomosh na vlasta ( znachi se pordavaat lesno) i da prodavaat neshto shto obichnite smrtinici ne go razbiraat .UA ZA AKTO!
   39 |   48
goce, 17.08.2010 12:28:46
chestitki za kolegite, deloto e vrvno a so toa i nagradata sosema zasluzena........
   76 |   54
bitolcanka, 17.08.2010 16:16:51
Честитки за ОПА. Убаво се чувствуваме дека такви луѓе не преставуваат во светот, а се рамо до рамо со светските уметнички мозоци по својата креативност. А на сограѓанинот од коментарот погоре му советувам да превземе нешто самиот тој ако сака да ги подобри условите за живот во Битола, а да не плаче и чека државата (со државни пари, нели) нешто да направи.
   50 |   61

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
28°СкопјеВреме
Обилни врнежи
Пон30
Вто33
Сре35
Чет37
Пет37
Саб38
Нед30
Пон27
Вто26
Сре27
НајчитаниНајкоментирани
 
Чешка нуклеарна централа бираше апликантки во бикини
Фејсбук ги брише страниците на велешките спамери
Велика Британија добива малцинска влада
     Site Meter   
период од-до
-