www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:16
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
05.05.2016, 16:05

Зградата на „Водовод“ ќе биде завршена летово

Дел од мебелот веќе е готов, се монтираат инсталациите, видеонадзорот, се работи на внатрешните скали, се поставува гранитот...

Деспина Трајковска-Димова



Интензивно привршува изградбата и опремувањето на административната барокна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ под Кале. На објектот се работи речиси без прекин, па се очекува до крајот на летото конечно да биде готов. Привршуваат последните градежни работи на фасадата, а истовремено се работи и внатре во зградата. Дел од мебелот веќе е готов, поголемиот дел е во изработка. Се монтираат инсталациите, видеонадзорот, „офис“ системите...

„Во моментов интензивно се работи на завршување на внатрешните скали, се поставува гранитот, неопходните инсталации и т.н. фини работи. Засега оваа фаза се изведува со предвидената динамика. Ако нема непредвидени работи, до крајот на летото објектот ќе биде готов, подготвен за вселување“, вели Александар Атанасов, директор на јавното претпријатие.

Тој појаснува дека на катовите ќе бидат сместени службите, а во приземјето ќе бидат пунктовите за корисниците. Ќе има 15 шалтери, што е тројно повеќе од сегашните. Со тоа, смета Атанасов, граѓаните ќе можат многу побрзо и поефикасно да ги завршат работите.

Инаку, административната зграда на „Водовод“ е меѓу првите објекти што почна да се гради како дел од проектот „Скопје 2014“, но од разни причини се' уште не е готова. Првиот проблем настана кога градежната компанија што почна да го гради објектот банкротираше, па беше потребно време да се најде друга фирма. Претпријатието распиша нов тендер и ја избра фирмата „Алдинг инжинеринг“ да ја догради зградата. За таа намена, „Водовод“ се задолжи речиси 7,5 милиони евра со обврска парите да ги врати за 10 години.

Според проектот, зградата е со пет ката, потпокрив и со подземен паркинг на три нивоа со капацитет за 115 возила. Објектот во форма на ротонда се гради во непосредна близина на новата Градска куќа под Кале. Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, познат како автор на неколку зданија од владиниот проект. Досегашната изградба и опремување на објектот стаса до речиси 10 милиони евра.

Статијата е прочитана 813 пати.


Испрати коментар
Ученици од Чанак Кале во Ѓорче Петров
Нови покриви за училиштата
В недела ќе се чисти Матка
riki, 06.05.2016 21:48:11
trkala,porti,vrbi,kočii,galii i barokni rekviziti veke imame,pa koga ke bide gotova zgradata na vodovodot,togaš počnete so zgradata na kanalizacijata,ušte taa ni fali pa da sme komplet.frustrirani i iskompleksirani luge ja vodat državata.
   28 |   31

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ