www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:10
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 18:04

Годинава повеќе фирми исплаќаат дивиденди

Мирче Јовановски



Некои почнаа, други тоа ќе го направат - но заедничка е констатацијата дека акционерите можат да бидат задоволни бидејќи повеќе компании годинава исплаќаат дивиденди. Тоа, пак, според брокерите, поволно влијае врз пазарот на капитал, односно заинтересираноста да се купуваат акции во вакви фирми.

Вчера исплата на дивиденда најавија "Мода" - Свети Николе и Рудници "Бањани". Од текстилната компанија "Мода" најавуваат дека дивиденда за 2016 година ќе се исплати од распределената добивка за минатата година во вкупен бруто износ од 16.607.000 денари или 10,44 денари нето за една акција ( односно 11,6 денари бруто), а последен ден на тргување со право на дивиденда за 2016 година ќе биде 29 мај годинава. Исплатата на дивидендата за 2016 година ќе се изврши во јуни, најавуваат од компанијата.

Во Рудници "Бањани", пак, на седницата на акционерското собрание што се одржала вчера, била донесена одлука за исплата на дивиденда за 2016 година во износ од 40,50 денари нето за акција (односно 45 денари бруто), од акумулираната добивка од 2014 и 2015 година во износ од 1,162.613 денари, потоа од остаток од добивките до 2008 година во износ од 143.394 денари и дел од добивката од минатата година во износ од 1.456.632 денари. Според известувањето до Берзата, дата на пресек на акционерската книга е 5 мај годинава, а 2 мај датумот на стекнување право на дивиденда.

Дивиденда ќе исплатува и "Македонија турист", од остварената добивка по оданочување за 2016 година и тоа во вкупен бруто износ 75.730.513 денари. Според известувањето до Берзата, бруто дивидендата на оваа компанија изнесува 186,05 денари по акција, а последен ден на тргување со право на дивиденда е 3 мај годинава.

"Исплатата на дивидендите е позитивно како за акционерите на компаниите, така и за Берзата во целина, бидејќи ја зголемува побарувачката за овие акции", оценуваат брокерите. Како што вели Коста Костадиновски од инвестицискиот фонд "Илирика", дивидендите се и валоризација за успешното работење на фирмите.

"Годинава компаниите кои исплаќаат дивиденди се дефинитивно побројни, а станува збор главно и за повисоки износи", вели Костадиновски.

Компании кои што и досега се одликуваа со исплата на дивиденда се "Алкалоид", Скопје, НЛБ банка, Комерцијална банка... Така на пример, "Алкалоид" дивидендата за 2016 година ќе почне да ја исплаќа на 17 мај . Според дивидендниот календар кој што беше објавен на Берзата, акционерите ќе добијат по 225 денари нето за акција, односно 250 денари бруто. Комерцијална банка на почетокот на месецов донесе одлука на акционерите да им исплати дивиденда од 150 денари за акција, односно 15 отсто во однос на номиналната вредност на акциите од 1.000 денари. Последен ден на тргување кој што носеше право на дивиденда за минатата година беше 18 април, а исплатата ќе почне на 10 мај годинава.

Дивиденда ќе исплаќа и ТТК банка и тоа во вкупен бруто износ од 74,648.494 денари или 82,22 денари бруто по акција, потоа текстилниот комбинат "Тетекс", 122,22 денари бруто по акција (или 3,949 отсто од номиналната вредност), "Реплек", во нето износ од 50 евра по акција, односно 3.074 денари...

Статијата е прочитана 266 пати.


Испрати коментар
И минус 0,5 степени може да предизвикаат штети кај овошките
Турски ИТ и здравствени компании сакаат да инвестираат во Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ