www.utrinski.com.mk
23 март 2017 09:10
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:55

Трезор: Франција е во лоша форма

Митот за големиот писател веќе не постои во општеството

Жан Дормесон

Франција се менува. Многу години таа беше земја организирана во две партии: конзервативците и социјалистите, десницата и левицата. Емануел Макрон коректно изјави дека двопартискиот систем заврши и дека е заменет од четирипартиски систем: Лепен со екстремната десница и екстремната левица на Меланшон, потоа традиционалната левица и традиционалната десница. Но, не се сменија само политиките, туку, исто така, и францускиот народ, кој некогаш беше среќен и безгрижен. Како што со право изјави Кокто, тие станаа како „Италијанци во лошо расположение“. Демократскиот систем е загрозен и луѓето се стремат кон крајности. Победата на Националниот фронт би била економска катастрофа - враќање на франкот, затворање на границите - на кратко, голем хаос.

Каков вид на земја е Франција денес? Таа е земја во лоша форма. Петте години на претседателствување на Оланд беа катастрофални. Тој не ги исполни своите ветувања и не беше во можност да ја намали невработеноста и да го зголеми животниот стандард. Денес можеби се чини дека Франција ја врти страницата, но опасноста од тероризам и проблемот со мигрантите се големи. Безбедноста е еден од главните приоритети, а со Лепен ќе нема повеќе мигранти, бидејќи границите ќе бидат затворени. Голем број христијани гласаат за Национален фронт и не ми е јасно како можат да поддржат политичка партија која сака да ги затвори вратите. Морам да кажам дека Оланд беше подобар на темата безбедност отколку што беше на економски план.

Францускиот јазик многу лошо поминува; тешко е да се води борба против англискиот јазик. Исто така, точно е дека книгите и весниците се во тешкотии. Некои издавачи поминуваат добро, но постои негативен тренд, а продажбите по книжарниците се намалени за пет до 15 отсто. Тековните настани, секако, ја оживуваат желбата кај луѓето да читаат весници, и засега слободата на печатот во Франција е целосна.

Јас не сум интелектуалец, се сметам себеси за скромен писател. Интелектуалците од левото крило отидоа уште подесно од мене. Цела Франција се движи кон десно. Се чини дека Комунистичката партија и социјалистите веќе не постојат во Франција. Сепак, писателите се' уште имаат привилегирана положба. Писателот во Франција се' уште има глас во општеството, иако митот за големиот писател, како што е Виктор Иго или Франсоа Моријак или Андре Жид, веќе не постои. Народот насилно ја отфрли политичката класа, сите политичари се непопуларни, а новинарите не се гледаат во многу добро светло. Писателите се' уште уживаат одредена почит.



(Жан Дормесон,92, е француски писател и филозоф)

Статијата е прочитана 170 пати.


Испрати коментар
Последната епизода од сагата за Херцег-Босна во Хаг
Пак протести против полициско насилство во Париз
Бившиот управник на затворот не е виновен за грабнувањето на Милошевиќ
Свет - Вести
Внуката на Мандела против партијата на дедото
Мартин Шулц ќе ја предизвика Ангела Меркел
Олдтајмерите на колекционерот од Алепо

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
7°СкопјеВреме
Претежно облачно
Чет22
Пет24
Саб24
Нед22
Пон17
Вто16
Сре20
Чет19
Пет18
Саб16
НајчитаниНајкоментирани

Напаѓачот од Лондон ѝ е познат на полицијата
Републиканците, интересите на Русија и нападите врз Сорос во Македонија
Скопје ќе „дишe“ на Еко-дрво
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ