www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:41
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 14:33

Родителите на деца со посебни потреби поставија шатори пред Собрание

Родителите на деца со посебни потреби денеска пред Собранието поставија шатори во кои ќе престојуваат три дена и ќе ги повторуваат барањата кои како што велат ги доставиле до сите релевантни институции и до партиите пред молкот на изборите. Тие истакнуваат дека барања се остварливи и дека многу малку треба да се направи за да стапат во функција со што ќе им се подобрат условите на децата со посебни потреби.

Зоран Мијалков родител на дете со посебни потреби рече дека едно од барањата е и обезбедување на иднина на нивните деца по смртта на родителите и тоа преку нивниот имот кој би го отстапиле на државата, а за возврат таа да се грижи за нив до крајот на животот со обезбедување на пристојни услови.

- Денеска кампуваме токму овде пред совеста на оние кои можат нешто да направат за нас и физички да не видат и слушнат. Има закони кои гарантираат права за нашите деца, а некои од нив за жал се само на хартија. Ние сме за проактивни мерки. Ние родителите се нудиме како волонтери и ги нудиме нашите имоти и сакаме да бидеме партнери со институциите, истакна Мијалков.

Тој најави дека секој 20. 21. и 22-ри во месецот ќе кампуваат пред Собранието, а кога ќе се формира влада ќе се соберат сите родители на деца со посебни потреби за, како што рече, да ги видат колку се и да бидат еден од приоритетите на новата влада.

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети родителите и им вети дека ќе оствари средба со нив бидејќи, како што рече, веќе ги добил барањата и дека за повеќето од нив тој ќе даде поддршка

- Како прв човек на Министерството имаат подадена рака од мене. Барањата, оние кошто првично ги видов во делот на законските измени како министер им ветувам дека ќе ги разгледаме и најголем дел од барањата кои се однесуваат на работата на Министерството за труд и социјална политика се прифатливи. Во делот на условите им кажав дека нивното Здружение може да се вклучи во регистерот кој што го води Министерството и заеднички да изнајдеме можности за отворање на нови дневни центри низ целата држава што ќе функционираат да бидат најпрво самооддржливи, а не да се чека само од државата, рече Ибрахими.

Тој вети дека во текот на наредниот месец ќе оствари средба со претставниците на Здружението за да се види кои се приоритетите. Ибрахими вети дека барањата во делот на законските измени ќе ги поминат на Влада но ќе се почека да се формира Собранието за да поминат и таму.

Според Здружението на родителите на децата со посебни потреби барањата можат да се исполнат за шест месеци, а дел од нив за три години, бидејќи, како што велат, барањата немаат никакви финансиски импликации туку се само корегирање на играта на зборови коишто негативно се одразува на состојбите на децата со посебни потреби и на родителите.

На прашање за иселените лици од полавите Ибрахими рече дека најголем дел од лицата во октомври минатата година имаат примено обештетување и дека според екипите на Министерството кои се на терен, поголем дел од семејствата ги исполнуваат условите за враќање во своите домови.

- Министерсвото реши со парите кои се плаќаат во Сеник и другите домови да им се датат како помош на раселените семејства, истакна Ибрахими.

За три-четири семејства кои не можат да се вратата во своите домови, министерот рече дека тие ќе бидат сместени во домот „25 Мај“.

Статијата е прочитана 564 пати.


Испрати коментар
Политиката ги брка младите од земјава
На влезот во Тетово се' уште има ѓубре
Сите молчат за случајот „Лажна бременост“
Донирана нова опрема за следење на квалитетот на водата и воздухот

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ