www.utrinski.com.mk
22 мај 2017 17:36
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:06

Автомобили: Нова „Шкода кодиак“ и редизајнирана „октавија“ стасаа во Македонија

Атрактивниот голем и потполно нов SUV и разубавената компактна лимузина на чешкиот производител се кај нас благодарение на „Порше Македонија“, овластениот импортер на програмите на „Фолксваген“, „Ауди“, Сеат“, „Шкода“ и „Порше“

Новиот „кодиак“, како и освежената „октавија“ се адути за продолжување на успесите на марката, што минатата година беше најпродавана на нашиот пазар. „Октавија“, што добро ја познаваме, нудат вредности и квалитети со кои „Шкода“ се искачи високо на автомобилското небо. Моделот се докажа и кај нас и со право е меѓу најбараните модели на пазарот, а со освежувањата со поатрактивни предни светла и нов „шкода конект“ инфо-систем е уште попривлечна.

Понудата агрегати ја сочинуваат: четири бензински и четири дизел мотори, а цените започнуваат од 14.330 евра за „октавија 1.2 TSI“, со 85 коњски сили во „актив“ ниво на опрема.

Првиот голем SUV на „Шкода“ ќе привлече нови купувачи и ќе ја засили положбата на марката на пазарот. Новиот „кодиак“ е навистина силен и го прави брендот уште попривлечен благодарение на новиот концепт, фасцинантниот дизајн, лесното поврзување, големата удобност, безбедност и достапноста на информациите во реално време.

Технологијата која се вградува во „кодиак“ е својствена за повисоката класа на возила, па затоа новиот SUV на „Шкода“ е во врвот во сегментот“, изјави г. Миле Станчев, бренд-менаџер за „Шкода“ Во Македонија.

„Кодиак“ е ќе се нуди со пет мотори: два TDI турбодизели и три TSI турбобензинци. Понудата започнува со „кодиак 1.4TSI “, со 125KS, мануелен менувач и погон на предните тркала во актив-ниво на опрема, кој чини 21.830 евра.

Основниот дизел со 150 КЅ во комбинација со DSG автоматски менувач и погон на предните тркала чини 28.090 евра.

Врв на понудата е 2.0 TDI со 190KS, со погон на сите четири тркала, DSG менувач со двојна спојка и стајл-ниво на опрема вреден 38.040 евра.



„Макпетрол“ отвори нова 126. современа пумпа



„Макпетрол“ продолжува со остварување на целта на потрошувачите да им понуди врвна услуга и квалитетни горива со новата бензинска станица Ќојлија, во Скопје. Деновиве на свеченото отворање покрај високи претставници на компанијата присуствуваше и градоначалникот на општина Петровец и учениците од основно училиште „Коста Солев Рацин“ од Петровец, кои со свои цртежи ја збогатијаја свеченоста.

„Изминатиов период, а и оној што следи ни дава многу причини за славење. Минатата недела отпочнавме со одбележување на јубилејот 70 години ’Макпетрол’ со стартот на големата наградна игра, а денес, една недела потоа отвораме нова бензинска станица на ’Макпетрол’. Со отворање на нови работни места, како општествена одговорна компанија директно му помагаме на локалното население“, изјави меѓу другото Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на „Макпетрол“ АД.

„Целосната посветеност на компанијата кон следењето и задоволувањето на потребите на потрошувачите подразбира и приближување кон потрошувачите, меѓу другото и со изградба на нови бензински станици.

Оваа нова станица, Ќојлија, инаку 126. во синџирот на ’Макпетрол’, ќе ги снабдува потрошувачите со високо квалитетни горива, со автоплин и метан, а ќе ги сервисира потребите на потрошувачите и со дополнителни услуги што ќе можат да ги добијат во современата продавница.

Во бензинската станица се инвестирани околу 200 милиони денари и таа е изградена во согласност со највисоките пропишани безбедносно-технички нормативи“, изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба.



„Ауди“ ја одбрани својата титула на „Декра“



Во годинешниот извештај на „Декра“ за користени возила „Aуди A6“ ја одбрани титулата Најдобар од сите класи, а исто така, го презеде првото место во категоријата Висока средна класа / Висока класа.

Покрај тоа „ауди ТТ“ го освои првото место во категоријата Спортски автомобил /кабриолет, а „ауди ку 5“ беше избран за најдобар SUV.

„Декра“ извештајот за користени автомобили се прави врз основа на резултатите добиени од 15 милиони тестирања на возилата.



„Фиат 500 мирор“ во чест на 60-годишнината на моделот



Тоа е нова верзија која за целна група ја има генерацијата родена во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, што сака нови технологии и вози автомобили секогаш поврзани и исполнети со содржина. Стандардната опрема на моделот „500 мирор“ вклучува 7-„уконект“ 7- HD лајв уред со екран чувствителен на допир, блу тут систем, USB-AUX IN конектори и интегрирани команди на управувачот преслечен со кожа.

„Фиат 500 мирор“ за 2017 година е унапреден со важни технолошки функции како ограничување на брзината (стандарден дел од опрема на целата линија), контрола на возењето и сензори за дожд и светло (по порачка).

Новиот „500 мирор“ е достапен во две конфигурации: како „хечбек“ и „кабриолет“. Линијата мотори е широка: 1,2-литри бензински, со 69 KS и 0,9-литри „твин ер“ со 85 KS. Заедно со моделот „панда“, моделот 500 e единствен автомобил во сегментот опремен со Euro 6 1,3-литри „мултиџет 2“, со 95 KS, мала потрошувача и уште подобри екопараметри.

Изведбата „500 мирор“ доаѓа со многу стилски детали: хромирани ретровизори со грејачи, значка „мирор“ oд полиран алуминиум на столбот и посебна изведба во небесно сина боја на каросеријата – „Италија“. Палетата на бои опфаќа и: сладолед бела, страсно црвена и карара сива.


Откриен изгледот на новиот „ситроен Ц5 еаркрос“



Линда Џексон, шефицата на компанијата „Ситроен“, преку социјалните мрежи ја сподели најавната скица на новиот модел „ситроен Ц5 еаркрос“ што светската премиера би требало да ја има во 2018 година на Салонот за автомобили во Шангај, Кина.

Иако за новиот модел се' уште не се знае ништо, објавената фотографија има големи сличности со концептот „Еаркрос“ претставен пред две години.

Тој концепт во гамата на Французите е сместен над моделот „Ц4 кактус“, a располагал со многу сериозен хибриден погон, што испорачува 313 KS.


Се подготвува „БМВ M8“


Се' е спремно за враќање на сцена на некогаш импресивната ознака во богатата серија модела на производителот на премиум спортски автомобили на производителот од Минхен.

Управниот одбор на БMВ дал зелено светло не за една, не за две, туку за изведба која ќе носи ознака M8 во иднината. Некои извори тврдат дека автомобилскиот гигант од Германија планира M8 да го понуди во варијантите купе, M8 кабрио и М8 гран купе.

Целата работа се' уште е прекриена со дебел превез на тајност и буквално е сета во цртежи, па не е изненадување што БМВ се' уште не е разоткриен.


Првото „волво“ на струја со автономија од 400 km


Швеѓаните уште истражуваат врз каква платформа ќе дебитира електромобилот?

На автомобилскиот салон во Женева, Лекс Керсемакерс, главен извршен директор на „Волво кар САД“, кажа дека првиот електромобил од компанијата ќе биде со автономија од најмалку 250 милји (402 km), што според одредбите ќе биде задолжително за САД, за еден електричен автомобил. Компанија се' уште размислува дали да создаде EV-изведба врз основа на постоечки модел, или платформата да е целосно самостојна.

Што и да биде крајната одлука, според извршниот директор и двете сегашни платформи - SPA и новата помала CMA, можат да бидат основа за градење на таков модел.

Засега не се јасни деталите, но најверојатно цената на електричниот автомобил ќе биде меѓу 35.000 и 40.000 долари.



Статијата е прочитана 484 пати.


Испрати коментар
Децата со дијабетес непожелни во градинките
Кучињата - скитници ги сардисаа граѓаните - дневно и по пет случаи
Изградбата на Демир Капија - Смоквица завршува во мај
„Македонка“ и „Астибо“ му оставија траен печат на Штип како град на текстилот

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
21°СкопјеВреме
Претежно облачно
Пон22
Вто23
Сре20
Чет20
Пет20
Саб20
Нед22
Пон22
Вто25
Сре26
НајчитаниНајкоментирани
 
Има ли опозиција во Србија?
СЈО: Груевски осомничен за перење пари и местење тендер за патишта
Прославени титулите во Минхен и Мадрид
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ