www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:03
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 15:45

Околу 800 ученици „Возеа кон иднината“

Околу 800 ученици од 28 основни училишта од Скопје и околината денеска учествуваа во традиционалната ролеријада во организација на Град Скопје и на ЈУ „Детскиот културен центар-Карпош“. Годинава учениците возеа под мотото „Возиме кон иднината“ од пред фонтаната Лотосов цвет, па по булеварот „Илинден“ до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ и назад до стартот.

Се одржаа две трки, машка и женска. Кај женските, првото место го освои Наталија Миновска од ОУ „Ј.Х.Песталоци“, втора беше Ивана Танчин од ОУ „Гоце Делчев“, а трето место освои Анџелика Јаневска од ОУ „Димитар Беровски“. На машката трка победи Никола Новаковиќ од ОУ „Блаже Коневски“, второто место го освои Никола Митровиќ од ОУ „Ј.Х. Песталоци“, а трет беше Никола Баџаков од ОУ „Ј.Х. Песталоци“.

Учениците кои го освоија првото место добија ролерки со заштитна опрема, вторпласираните добија ролерки, а оние на третото место заштитна опрема.



Статијата е прочитана 286 пати.


Испрати коментар
Централното греење многу ќе го намали загадувањето во Скопје
„Не за селфи на воз - вреди да живееш“
(ФОТО) Концерт на Влатко Стефановски и Биг бендот на оркестарот на словенечката армија - Музичко обединување на два темпераменти
Серена Вилијамс по породувањето ќе се врати на теренот
Австрискиот канцелар разнесуваше пици
(ВИДЕО) Грчки „летачки поп“ стана хит на интернет

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ