www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:17
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 13:59

Свет - Вести

Конгресмен

Тимот на Трамп немал врски со Русија

Вашингтон – Претседавачот со американскиот конгресен Комитет за разузнавачки прашања, Девин Нунс, изјави дека „нема докази“ дека предизборниот тим на претседателот на САД, Доналд Трамп, бил во дослух со Русија пред американските претседателски избори во 2016 година.„Врз основа на се' што видов, нема докази за тајни договори“, изјави тој за Фокс њуз.

Коментарот го даде пред предвиденото појавување на директорот на ФБИ Џејмс Коми пред комитет каде што ќе се соочи со прашања од пратеници.



Шпанија

Каталонците пак ќе бараат референдум



Мадрид - Владата на шпанската автономна област Каталонија повторно побара од Мадрид референдум за независност, инспирирана од примерот на Шкотска. Барањето е испратено во отворено писмо до Мадрид, објавено во весникот „Паис“, од страна на каталонскиот премиер Карлес Пучдемон и неговиот заменик Ориол Жункерас. Властите во Каталонија ветија дека во септември ќе организираат референдум за независност, со или без согласност на Мадрид.



Израел

Ќе ја уништиме сириската противвоздушна одбрана

Ерусалим - Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја предупреди Сирија дека Израел ќе го уништи нејзиниот систем за противвоздушна одбрана, доколку Дамаск повторно истрела противавионска ракета врз израелски авион.„Следниот пат кога Сиријците ќе ги употребат своите системи за одбрана врз нашите авиони, ние без размислување ќе ги уништиме сите“, истакна Либерман. 



Белгиjа

Терористите од Брисел готвеле нов напад

Брисел - Терористите, кои ги извршија терористичките акции во Брисел пред една година, оставиле скриен арсенал, доволен за извршување нов напад, јавија белгиски медиуми. Податоците се од извор близок до истрагата и биле извадени од компјутер, фрлен од напаѓачите, непосредно пред нападите на аеродромот и во метро-станица во Брисел.



Медитеран

Крај либискиот брег пресретнати 3.000 мигранти

Рим - Во 20-ина различни операции во текот на вчерашниот ден во близина на бреговите на Либија, биле пресретнати и спасени речиси 3.000 мигранти, кои со различни типови пловила биле упатени кон Европа, соопшти италијанската Крајбрежна стража.Во периодот од 14 јануари, па до 17 март годинава, во водите на Средоземно Море биле пресретнати 16.206 мигранти.

Фицо

Нашиот проблем не е Русија, туку иднината на ЕУ

Словачкиот премиер Роберт Фицо побара укинување на санкциите што ги воведе ЕУ кон Русија поради украинската криза, нагласувајќи дека „главен проблем е што ќе се случи со Унијата“.„Санкциите никому не му помогнале. Русија не е наш проблем, туку главен проблем е што ќе се случи со ЕУ“, истакна Фицо. Тој нагласи дека надворешната политика на Словачка е заснована на две работи: прво, на членството во ЕУ и второ, на членството во НАТО. „Од друга страна, ние понекогаш мора да се бориме за нашите национални интереси во Брисел“, додаде словачкиот премиер.

Пак протести против полициско насилство во Париз

Во Париз се одржаа уште едни протести против полициско насилство, а за време на маршот на повеќе од 7.000 луѓе, што беше организиран на покана на антирасистички здруженија, организации за заштита на човековите права и синдикатите, избија судири помеѓу маскираните демонстранти и силите на редот, се јавуваат француските медиуми. За време на протестите во неделата биле искршени прозорци во некои продавници и банки.

Учесниците на маршот носеа маски, маски, капи и темни очила, мавтајќи со анархистички знамиња и повремено фрлајќи чадни бомби. Тие извикуваа „Нема правда, нема мир“ и „Во вонредна состојба, полицијата неказнето убива“, пренесе АФП.

Некои од нив носеа и цртежи со ликови на 13 лица, за кои тврдат дека биле жртви на полициска бруталност.

Во француската престолнина се одржуваат протести веќе неколку недели како поддршка на 22-годишниот Тео, кој имал африканско потекло и кој наводно бил силуван од полициски службеници во февруари со пендрек. За време на протестите, одвреме-навреме доаѓа до судир меѓу демонстрантите и полицијата, јавуваат агенциите.

Статијата е прочитана 185 пати.


Испрати коментар
Трезор
Последната епизода од сагата за Херцег-Босна во Хаг
Пак протести против полициско насилство во Париз
Бившиот управник на затворот не е виновен за грабнувањето на Милошевиќ
Внуката на Мандела против партијата на дедото
Мартин Шулц ќе ја предизвика Ангела Меркел
Олдтајмерите на колекционерот од Алепо

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ