www.utrinski.com.mk
24 мај 2017 12:00
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
23.04.2017, 14:40

ФОТО: Концерт - Кога Наум пее, нема одење рано

Кога Наум ја зема работата во свои раце, или подобро кажано - со својот глас, на публиката едноставно и' остана да се препушти на музичкото уживање

Јасминка Павловска

Секогаш кога започнува муабет за Наум Петрески, прашањето „Има ли песна“ звучи реторички, или како почеток на концерт и големо музичко доживување. Токму така беше и во саботата на 22 април во Метрополис арената, кога Наум со своите музички пријатели и пред илјадната публика со песна го одбележа своето 30-годишно постоење и дејствување на македонската естрада.

Некако беше очекувано јубилејниот концерт на Наум Петрески да започне со „Има ли песна“, токму песната која од фестивалски дебитант во 1991 година го вивна директно во врвот на македонската народна музика. Но изненадувањето на концертот беше најавата, т.е. што концертот всушност го започна актерот Гоце Тодоровски, а подоцна на сцената и во песната му се придружи ѕвездата на вечерта – Наум Петрески.



Кога Наум ја зема работата во свои раце, или подобро кажано – со својот глас, на публиката едноставно и' остана да се препушти на музичкото уживање. Иако Наум продолжи да пее „Дојди со снегови бели“, емоциите на сите што беа во „Метрополис арената“ почнаа да се загреваат и да се движат до точката на топење. Музичката носталгија продолжи со „Отвори мила пенџери“, „Душо мила прости ми“, „Русе ле моме убаво“, „Стара гитара“... Сите во „Метрополис арената“ беа во расположението што неизбежно се создава кога пее Наум, а се редеа понатаму песни од стариот и веќе антологиски репертоар, но и од новите албуми „Грло ненапеано“, па и „Оди ѕвездо“, како: „Желба последна“, „Оди ѕвездо“, „Две китки“, „Лазарополе“, „За Милица“, „Грло ненапеано“, „Не се фаќај Доне, Донке“, „ Ништо не е случајно“, „Грло ненапеано“, „Моје Јеловце“, „Сите луѓе весели да бидат“... Комбинацијата на песни што извираат и ја допираат душата, со оние повеселите и го подигнуваат расположението од новата фаза на Наум, се покажа како добра динамика за создавање вистинска концертна атмосфера.



За таквото расположение свој придонес имаа и гостите, пријатели од естрадата, но и домашните на Наум, како и дуетите со гостите од Бугарија – Румјана Попова и Димитар Димитров-Граделец. Заедно со Зуица Лазова, ќерката Македонка, синот Стефан и Наум ја изведоа „Не стој Доне, Донке“, а модерната „Потроши“, со Јоце Панов означи своевиден премин во едно побоемско расположение. Дуетот со Андруш на „Оди ѕвездо“ водеше кон боемски штимунг, кој се дополни со заедничката изведба со Ѓоко Таневски на „Сите луѓе весели да бидат“.

„За многу години Македонци“ и гостинката на сцената и мајка по песна на Наум Петрески, Виолета Томовска, најавуваше кулминација на расположението и емоциите. Сепак, кога се чинеше дека ќе остане нешто недопеано и можеби недокажано, Наум излегува на бис и вели – „ќе ја заборавевме“, па како вистинско заокружување на вечерта ја изведува „Жал за Деспина“, уште една песна која по „Има ли песна“ го зацврсти на врвот на македонската народна песна. И таму е веќе триесет години, со намера и понатаму да го држи темпото.

Статијата е прочитана 2705 пати.


Испрати коментар
Што прават
Моделка на долната облека на Келвин Клајн
Актерот го прослави 80. роденден
Вкусен агол
Ова се вашите дестинации ако трагате по романтика
Ерин Моран почина на 57 години
Македонија влезе во Гинис со шопска салата
(ФОТО) Принцезата од Тајланд во посета на Македонија

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
19°СкопјеВреме
Облачно
Сре20
Чет17
Пет16
Саб19
Нед21
Пон23
Вто26
Сре27
Чет28
Пет28
НајчитаниНајкоментирани
 
(Архива) Ден на словенската писменост: Јазикот е наша татковина
Кина повикува на дијалог со Северна Кореја
Мудис го намали кредитниот рејтинг на Кина за првпат по 1989 година
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ