www.utrinski.com.mk
28 мај 2017 03:13
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
18.04.2017, 17:02

Концертот на Милан Завков како пролетен фестивал

Маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни, Милан Завков, со славенички концерт во МОБ ги одбележа своите 40 години активност на македонската естрада

Во понеделникот, на 17 април, маестрото на хармониката, но и автор на повеќе од 150 новосоздадени народни песни - Милан Завков, со славенички концерт во МОБ ги одбележа своите 40 години активност на македонската естрада. Прекрасната музичка вечер, која се совпадна со вториот ден од велигденските празнувања, наликуваше на пролетен фестивал, на кој, освен неколкуте, од мноштвото ора во авторство на Завков, на сцената беа изведени негови фолк-евергрин, или подобро кажано - обнародени песни.

Запеаја најпознатите македонски фолк-пејачи и пејачки, кажаа пригодни зборови за маестралниот Завков, кој цело време работи и твори од сенка, а Никола Костадиновски објасни дека за него и по толку децении е се' уште енигма дали Завков е подобар како инструменталист, како автор или како човек.

Низ музичкиот времеплов, заедно со Завков, публиката во салата на МОБ ја водеа: Виолета Томовска, Никола Костадиновски, Елена Георгиева, Благица Павловска, Анастасија Петреска, Милица Кузмановска, Анета Мицевска, Ленче и Горан Кукиќ, Ефто Пупиноски, дуетот „Маротови“, младите Ѓоко Јовиќ и Дамјан Стојановски, но и инструменталистите Ферус Мустафов и Демир Кантуровски, Тодор Завков и оркестарот „Зајди, зајди“.

Говорите и' посветите беа сосема куси, настапувачите како да оставаа целосната магија да ја понесат песните: „Камен да беше срцево“ (В. Томовска), „Јас сум Македонка“ (Е. Георгиева), „Уште те сакам“ (А. Петреска), „Што ќе ми е да се отрезнам“ (Е. Пупиноски), „Лична Јовано“ (Ѓ. Јовиќ), „Пат до Стамбол град“ (Б. Павловска) „Суводилица“ (Д. Стојаноски), „Животот е многу убав“ (Л.Г. Кукиќ), „Љубов е љубов“(М. Кузмановска), „Гори во мене“ (А. Мицевска), „Сите сме гости на овој свет“ (В. Томовска)...

Водителката Ирена Спировска уште на почетокот на концертната програма ја запозна публиката со биографијата на Милан Завков, а на крајот, во име на организаторот на концертот, „Роса радио“ и „Роса продукција“, директорот Милош Дејановиќ му додели плакета на маестро Завков за траен спомен од јубилејното музичко доживување.

Како завршница на концертот, синот на Војо Стојановски, Дамјан, ја изведе „Нема друга Македонија“, песна испеана од неговиот татко, кога на сцената и во пеењето му се придружија сите учесници јубилејниот концерт на Милан Завков.

Оние што беа на концертот се убедени дека присуствувале на ексклузивно и преполно музичко доживување, кое нема набрзо да се повтори.

Статијата е прочитана 1022 пати.


Испрати коментар
Вкусен Салата од пилешко и печурки
„Златно славејче“ бара нови членови
Кајли Миног - Tајна врска со принцот Ендрју
Кејт Мидлтон - Вегетаријанско мени еднаш неделно
Најактуелните модни додатоци - Задолжителнo
Што прават
Фотографијата е трага во вечноста
Ричард Гир, по два брака, изгуби глава по Алехандра
Анџелина Џоли има нов партнер и ќе се мажи?
„Гус Гус“ на 22 април на Скопски саем

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Нед21
Пон23
Вто24
Сре26
Чет27
Пет26
Саб23
Нед24
Пон25
Вто25
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ