www.utrinski.com.mk
24 април 2017 13:23
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:43

Антипод

Корејски рулет

Димитар Чулев

Минатонеделната закана на американскиот државен секретар дека е можен и превентивен удар кон Северна Кореја, се покажа како „истрел во празно“ и не го спречи Пјонгјанг да изведе уште еден ракетен тест

Да нема дилеми, времето кога некој можеше да и' се закани на Северна Кореја со превентивни воени удари за да го „дисциплинира“ раководството во таа најзатворена комунистичка држава, помина во 2006 кога во земјата беше извршена првата нуклеарна проба. Оттогаш се изведени уште четири, а испробувањето и лансирањето на проектили кои би можеле да носат нуклеарни боеви глави на респектибилно растојание, стана дневна активност.

Новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон пред пет дена се закани дека и превентивен воен удар е опција за „вразумување“ на Ким Јонг-ун... Три дена подоцна, Северна Кореја токму во присуство на лидерот Јонг-ун изврши тест на нов ракетен мотор кој во иднина ќе може да ги „извезува“ севернокорејските нуклеарно-борбени достигнувања на поголеми растојанија. Не само што не се повлече, Пјонгјанг најдрско ми врати на шефот на американската дипломатија кој се уште се наоѓаше во регионот во прва посета на овој дел од светот. Тилерсон се чини сакаш да отвори партија „корејски рулет“, без да ги знае правилата. Поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп во вид на критика упатена кон севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, истакнувајќи дека тој „се однесува многу, многу лошо“, беше само вербална изјава.

Се чини, во Пјонгјанг знаат, како што знаат и во Вашингтон дека недефинираниот Ким Јонг-ил е лидер со краток фитил и доволно луд да провоцира до бескрај, па дури и да изнуди напад кон сопствената земја за да демонстрира дека неговата милитаристички уредена нација може да возврати. Северна и Јужна Кореја се во состојба на официјално непрекината војна уште од 1953 година и некому, можеби одговара, финале по 64 години лажна стабилност на Јужнокорејскиот полуостров (и народ) поделен по должината на 38 паралела на комунистички Север и демократски југ.

Северна Кореја нема да се откаже од нуклеарното оружје - тоа е единственото нешто што го одржува режимот жив. Но, дури и ако Северна Кореја утре се согласи да се откаже од оружјето, ќе бидат потребни речиси незамисливи напори и инспекции за да се осигура дека Пјонгјанг нема да ги крши своите обврски.

Оттаму, заканувачката изјава на Тилерсон е „истрел во празно“, но доколку се земе во контекст на онаа другата, дека „сите опции се на маса“ дефинитивно говори за фактот дека новиот американски државен секретар прилично лаковерно (или можеби заради личен маркетинг), се впушти во материја за која Америка со години не може да најде решение. Сите опции се на маса е прилично бенигна дипломатска изјава која нема никакво значење.

Зашто, ако една од опциите е воен превентивен удар, тоа е лоша опција. Познавачи на приликите, како што пишува Си-ен-ен, на Полустровот, каде што седма деценија тлее непријателство а е поделен со најминираната граница на светот, тврдат дека и да се нападнат и елиминираат нуклеарните оружја и орудија на Северот, сепак Пјонгјанг ќе има добволно време да врати со некои од десетиците конвенционални проектили насочени кон Југот. Од таква авантура, нема да останат неповредени цивилите во Јужна Кореја но и оние 30.000 американски маринци кои со децении се распоредени како заштита од режимот од Пјонгјанг.

Се чини, и моментот за изјавата на Тилерсон доаѓа во лош момент: Во Сеул тукушто беше симната од власт претседателката Парк, а на претседателските избори во мај, многу е можно да дојде либералниот јужнокорејски политичар Мун Јае-ин, кој според „Дојче веле“ се залага за намалување на напнатоста со Северот и за поголема интеграција на Полуостровот.  Мун Јае-ин, наводно, бил и против поставувањето на американски штит ТХААД на територија на Јужна Кореја, нешто што ги вознемирува и другите во соседството на двете Кореи.

На пример Кина, која не може да биде среќна со зголеменото американско присуство во регионот, особено што веќе има сериозни несогласувања со Вашингтон околу Кинеското Море...

САД би сакале да го натераат Пекинг малку повеќе да се погрижи за однесувањето на Пјонгјанг како единствен сосед кои има односи со таа земја. Но, прашање е дали Кина ќе преземе мерки и да ги жртвува пријателските односи и од Северна Кореја да создаде уште еден непријател во регионот...

Ситуацијата е комплицирана, а воена интервенција, најавена уште на почеток на мандатот на новата администрација во Белата куќа, би била погубна.

се чини „стратешкото трпение“ на САД, за кое Тилерсон рече дека е минато, ќе мора да продолжи. Имено, претходните американски администрации беа повеќе од свесни дека толеранцијата кон Пјонгјанг е подобра варијанта од - војна. Овој пат со опасност, да биде нуклеарно нападнато и американско копно иако нема валидни податоци дека атомската програма на Севернокорејците стигнала до тоа ниво.

Во позадина остануваат другите опции, кои не ги спомна Тилерсон: Дипломатија и финансиска помош.

Кога минатата година Северна Кореја се пофали со успешно тестирање на термонуклеарна бомба, познавачи на приликите го оспорија тој успех, а здраворазумски аналитичари причината на атомскиот тест ја побараа во главата на Ким Јонг-ун за кој проценија дека е „уплашено детиште кои своите стравови ги крева на национално ниво“:

Имено, преку тестирање нуклеарки Ким Јонг-ун бара меѓународно признание дека е повеќе од власт на „етиопски гладната зема“ која се залага да биде призната како на фактор на стабилност во регионот. 

Ким и „режимот“ што го наследи од дедото и таткото смета дека со нуклеарниот арсенал, што го има или го нема, може да најде спас за лидерот и бега од „арапска разрешница“ по шеесетгодишниот спор меѓу двете „кореи“ , но по исто толку години стагнација на сиромашната и изгладнетата земја, нешто што еден ден мора да имплодира, со мала „помош“ однадвор.

Ако Ким Ил Сунг, творецот на денешниот систем на Северна Кореја, и неговиот син Ким Јонг Ил доживеаја длабока старост и природна смрт, новиот севернокорејски наследник со непозната биографија, Ким јонг Ун, инаку син од третиот брак на „драгиот лидер“ Ким јонг Ил и со „си-ви“ кое вклучува студии во Швајцарија, нема ништо мистично во неговиот живот со што би се доближил до неговите предци кои се раѓаа или дејствуваа на магични места низ таа земја. Затоа тој е во потрага по реални потези кои ќе ја потврдат неговата моќ и заслуга како наследник на династијата.

За последниот „изданок“ Ким, немала ни основни податоци дека, непредизвикан од никого (освен ако не се земат предвид заедничките маневри што ги прават Јужна Кореја и САД наназад 60 години, од завршувањето на Корејската војна во 1953), тој ќе одбере тактика да дејствува „на нож“ кон соседите Јужна Кореја и Јапонија и кон САД. Ким Јонг Ун, младиот нов лидер на комунистичка Северна Кореја, бил веројатно подучен од некого дека нуклеарни проби и лансирање ракета со сателит во вселената или балистички ракети на секои две недели, во просек, се доволен аргумент Северна Кореја да се закани дека ќе тргне во исправање на историската неправда за реунификација на Островот и за конечна пресметка со Запад.

Северна Кореја во 2013 еднострано ја раскина спогодбата за примирје, со која заврши Корејската војна во 1953 година и излезе од договорите за ненапаѓање. Напрегнатоста на Корејскиот Полуостров се зголеми откако Северна Кореја на 12 февруари таа година ја изврши својата трета нуклеарна проба, а како одговор од Советот за безбедност на ОН доби нови санкции...

До смртта на Ким Јонг Ил во декември 2011 година никој никогаш не поверува дека претходниот „драг водач“ на нацијата имал амбиции нуклеарно да се пресмета со соседна Јужна Кореја, да ја нападне Јапонија(?!) или на Корејскиот Полуостров да се судри со оние 30.000 американски војници распоредени на демилитаризираната зона на југ, која, по должината на 38. паралела, ги дели двете Кореи.

Ако Ким Јонг Ил остана запаметен по тоа што никој не памети ниедна негова изјава, синот Ким Јонг Ун е тотална енигма: досега имаше само слика, но не и глас. А сега синот Ким Јонг ун говори - и тоа жестоко. 

Ким најмладиот веројатно смета дека на секој начин да превенира да му се случи некаква „пролет“ и дека од таквата можност може да се одбрани со сопствени фотографии пред нуклеарни глави и со туркање на приказната дека Северна Кореја е и треба да биде призната како нуклеарна сила. 

Не е првпат Пјонгјанг да мавта на меѓународната сцена со нуклеарна црвена наметка за да го предизвика „западниот бик“... тоа е нужно за да се зачува милитантниот и питачки комунизам, кој губи и дома и надвор, напиша еднаш во коментатор „Фајненшел тајмс“. 

Статијата е прочитана 869 пати.


Испрати коментар
Старата власт со план за спас
ВМРО-ДПМНЕ пикира влада на широка коалиција
bitola-1, 21.03.2017 00:40:01
*Hrabrata* SAD,ako i malku se somnevase deka Irak vistina ima nuklearno oruzje,i tamu i den denes ke pukashe vo prazno.
   11 |   18

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
12°СкопјеВреме
Ведро
Пон17
Вто21
Сре22
Чет24
Пет23
Саб19
Нед16
Пон18
Вто20
Сре22
НајчитаниНајкоментирани

Стандард: Македонија се збогува од Европа
Франција со мака остана европска
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ