www.utrinski.com.mk
23 април 2017 11:59
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:17

На влезот во Тетово се' уште има ѓубре

Надвозникот на влезот во градот што беше претрупан со отпад, деновиве е исчистен, но дел од ѓубрето остана покрај околните улици

Сања Наумовска



Нема крај на агонијата на Тетово со дивите депонии. Огромниот куп ѓубриште, кое пред еден месец почна да се шири и надвор од претоварната станица, е само делумно исчистено. Надвозникот на влезот во градот што беше претрупан со отпад, деновиве е исчистен, но дел од ѓубрето остана покрај околните улици. Тетовци се сомневаат дека депонијата пак ќе се наполни, а конечно решение на нивните проблеми наскоро нема да има.

Купишта ѓубре на отворено, смрдеа што се шири наоколу и огромна опасност од зарази беше страшната слика на влезот во Тетово. Граѓаните од блиските станбени објекти повеќе од еден месец живеат во нехумани услови. Од невладината организација „Екогерила“ велат дека Општина Тетово предолго бара решение за првата депонија, поради што покрај неа почна да се создава и нова.

„Во близина на ѓубриштето, кое ние го викаме дива депонија, а Општината го преименува во претоварна станица, има мост кој не е во функција и сега се полни со отпадоци. Мостот е поврзан со дивата депонија, но, до пред еден месец тука немаше отпад“, вели Аријанит Џафери од „Екогерила“.

Тој информира дека Јавното комунално претпријатие од Тетово земало обврска да ја исчисти депонијата до крајот на месецот, но граѓаните се сомневаат дека ѓубриште пак ќе се собира.

Од ЈКП „Тетово“, пак, велат дека голем дел од отпадот насобран на мостот е исчистен во изминатите два дена. Сепак, остатокот било градежен шут, инертен и кабаст отпад, кој, тие, како комунално претпријатие, немале обврска да го чистат, ниту, пак, имале каде да го носат.

„Ѓубрето на мостот го фрлаат несовесни граѓани. Тоа не е комунален отпад, туку повеќето е шут. Отпадот што го собира ЈКП се носи на претоварната станица, се товари во поголеми транспортни камиони и се носи во ’Дрисла’. Секој ден по 5 камиони од Тетово одат за Скопје“, вели Мирослав Симоски, заменик-директор на ЈКП „Тетово“.

Градот со години наназад не може да најде решение за проблемот со отпадот. Ѓубрето се носи на скопската депонија „Дрисла“, а не како претходно на гостиварската „Русино“. Јавното комунално претпријатие долги години имаше проблеми со одржливоста, а тешко го следи и растот на потребите на градот. Тетово дневно создава околу 100 тони ѓубре, а во текот на летните месеци и по 170 тони. Проблемот, според екологистите, е што ѓубрето се остава на отворено, пред да замине на депонија и тоа е огромна опасност за здравјето на граѓаните.

„Проблемот на Тетово е што се создава повеќе отпад од капацитетот на комуналното претпријатие, кое надлежните не го екипираат, туку се горди што го спасиле од банкрот. Проблемот ќе биде решен кога ќе се затворат дивите депонии, а Општината ќе го екипира ЈКП согласно растот на градот“, вели Џафери.

Од ЈКП „Тетово“, пак, тврдат дека се подготвува нова локација, подалеку од градот, каде што се гради затворен систем за претоварање на ѓубрето. Според заменик директорот Симоноски, новата локација треба да профункционира за еден или два месеци, а старата претоварна станица ќе биде исчистена и затворена.

Статијата е прочитана 172 пати.


Испрати коментар
Политиката ги брка младите од земјава
Сите молчат за случајот „Лажна бременост“
Донирана нова опрема за следење на квалитетот на водата и воздухот
Родителите на деца со посебни потреби поставија шатори пред Собрание

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ