www.utrinski.com.mk
22 февруари 2017 16:16
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
16.02.2017, 17:08
Актерот Јовановски ги избриша пораките со воинствена реторика, но ги разгоре полемиките




Бура реакции на социјалните мрежи по последните статуси на актерот

Уште еден актер со својата воинствена реторика предизвика вистинска бура на социјалните мрежи. Искусниот актер Владо Јовановски со два свои поста на својот фејсбук-профил предизвика многубројни коментари, критики од некои негови колеги, но и пофалби од неговите истомислениците, а во кои повикува на војна. Веќе наредниот ден по пишувањето, тој ги избриша пораките од неговиот профил, но отвори многу полемики во медиумите.

Ова не е првпат некој од уметниците да се спушти од „актерските височини“ на приземни изјави во функција на дневната политика. Директорката на Комисијата за верски прашања, Валентина Божиновска, посака „ноќ на долгите ножеви“ пред седиштето на ДИК, во моментот кога се одлучуваше по изборните приговори. Директорката на Татар „Комедија“, Јелена Жугиќ, од протестот на истото место побара „вистински куршуми за ’шарените’“. Што напиша актерот Владо Јовановски?

„Фауст од Муртино потпишал! Своерачно го потпишал договорот. Го потпишал со крвта на загинатите бранители, од сегашните и минатите војни. На тој слуга, гласот му го дадоа триста и педесет илјади заблудени граѓани. Има и такви кои велат дека ѓаволот ги измамил, дека биле несвесни. Како и да е, после е..ње нема каење. Само, штетата што ја направи таа црпка е голема. Ќе има војна! Нова војна ќе има! Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде!“, порача актерот Јовановски, препознатлив по серијалот „Истражи ја Македонија“, но и по многу филмски, театарски и телевизиски проекти. Бесот на социјалните мрежи Јовановски уште повеќе ја зголеми со провокативното прашање: каде може да се купи и по која цена пластичен експлозив на црниот пазар.

На ваквата провокација одговори актерот Сашо Тасевски, кој преку својот фејсбук-профил му одговори на својот колега.

„Сега ќе ти кажам, црни Владо Јовановски, колку чини пластичен експлозив на црниот пазар. Чини помалку од лечењето на Тамара. Помалку од животот на Мартин Нешковски. Помалку од растурените животи на нивните блиски. Помалку од билетите во еден правец на иселените млади од Македонија. Помалку од инсулинот за дијабетичарите кој го нема. Помалку од цената на цитостатиците и другите лекови за тешките болни. Помалку од гипс-картон преродбата на Скопје...

И музичарот Златко Ориѓански се огласи околу повикот за војна на актерот. „Владо Јовановски, те познавам можеби 30 години како глумец и како човек, те знам и пијан и трезен. Ти мене, како музичар. Многупати сме биле без скршен денар во себе, безброј пати, преполни со пари. Работевме заедно во исти претстави кај покоен Владо Цветановски, ако се сеќаваш, ако Господ не ти го зел до крај паметот. Дали паметиш, заедно со Владо бевте распаметени од филмот, од нашата музика за „Пред дождот“ се сеќаваш колку ракија и вино измешани со стихови имаме испиено слушајќи моја музика, зборувајќи за Македонија, за Петрета М. Андреевски, за оној поет самоубиец, Љупчо Сивевски? Денес, повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твоите деца. Ти си спремен да пукаш во мене? Пукај бе, братучед, пукај!“, напиша Ориѓански.

Во одбрана на Јовановски се стави уште актерот Тони Михајловски-Шанац, кој во последниве години е политички активен во ГДОМЦ и еден од најголемите јуришници на ВМРО-ДПМНЕ. „Така е. Владо е лошиот. Како смее да испорача таква омраза наспроти љубовта на Перо, Ирена, Ана, Синоличка, Југослав? Оние што ќе отпуштаа, ќе фрлаа во Вардар, ќе рушеа, ќе палеа, ќе распнуваа и ќе бесеа по плоштади. Сите тие се добри луѓе. А Владо? Тој е лош. Бара експлозив. Се плашите дека ќе го употреби? Прпа малце, нели? Не се секирајте. Не е Владо таков. Одамна го знам. Добар човек е. Христијанин. Ама немојте да му згазнете на жуљ. Лошо ќе си поминете. Знам дека нема. А знаете и вие. Затоа што немате муда да му го кажете тоа во очи. Такви сте. Се знаеме. Та не дојдовте од друга планета мајку му. А ќе имаме време и во очи да си кажеме што си мислиме. Ќе не сретне професијата на некое сетче, сцениче или сцениште. Ја не знам што толку имате потреба тука да се јачате и да делите емоции? И да не заборавам, сите на куп да ве соберам со се мене, не сме му ни до колена на Владо. Како глумци“, додаде на крајот на својот статус Михајловски. (П.Р)

Статијата е прочитана 2296 пати.


Испрати коментар
Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ под хипотека
Затаи македонската дипломатија во ЕП
Ахмети и Села подготвуваат закон за албанскиот јазик
Милошоски
Жбогар - Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Претежно облачно
Сре12
Чет13
Пет13
Саб8
Нед11
Пон13
Вто14
Сре13
Чет13
Пет12
НајчитаниНајкоментирани
Јанева за ДВ: Доста е, време е јавноста да знае што се случува!
Популизам: анализа на еден феномен
Нема бесплатно полнење на мобилните апарати
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ