www.utrinski.com.mk
27 април 2017 03:32
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:46

Иванов во нови избори гледа излез од кризата

Лидерот на СДСМ, наместо во рок од 10 дена, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието, вели Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов застана зад процената на ВМРО-ДПМНЕ, изјавувајќи дека новите предвремени избори се едно од решенијата за решавање на кризата. Во интервју за унгарскиот весник „Маѓар хирлап“ пред неговата вчерашна посета на Будимпешта, Иванов вели: „Се разбира, можно решение за надминување на ситуацијата се и нови предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе се изјаснат и за темите кои се наметнаа во постизборниот период“.

Тој го повторува она што веќе го изјави, дека „ниту едно решение не смее да го поткопа унитарниот карактер на државата и мора да биде во насока на заштита на државните интереси на Република Македонија“.

Иванов во интервјуто објаснува зошто не му го дава мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

„Лидерот на втората партија според бројот на освоени мандати, СДСМ, наместо во рок од 10 дена, ме извести по 27 дена дека има обезбедено мнозинство во Собранието со поддршка на сите партии на етничките Албанци. Од него побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа. Го потсетив дека македонските граѓани на изборите гласаа за реформи, а не за постизборна платформа на туѓа држава. Таквата јавна осуда, за жал, изостана. Оттаму, како претседател на Република Македонија, порачав дека нема да определам мандат за секој оној кој преговара за платформи на други држави со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста“.

И тој барањата на албанските партии ги смести во статистиката. „Дел од барањата содржани во оваа платформа зависат од статистиката и реалноста на терен, а во Република Македонија 14 години не е спроведен попис на населението. Без нов попис, не може да се бараат права што зависат од статистиката“.

Во интервјуто за „Маѓар хирлап“, кој е многу близок до владејачката партија на премиерот Виктор Орбан, Иванов ги нападна и невладините организации. „Мора да се зајакне контролата и транспарентноста во финансирањето на работата на невладините организации, мора да се отфрлат сите сомнежи и да се направи дистинкција помеѓу невладините организации кои навистина работат во интерес на народот и тие што само се кријат зад името НВО.

Како професор по право, многу години поминав во цивилниот сектор, во фондации, институции, невладини организации, со иницијатива да помогнам општеството да се направи позрело. За жал, со неколку исклучоци, овој сектор сега е доминиран од партиски интереси, а интересите на граѓаните се најдолу меѓу приоритетите на овие организации. Неприфатливо е странски пари да се влеваат во НВО за развивање на политички цели, иницирање на активности, кои вклучуваат директно странско мешање во внатрешните работи на една суверена држава“, изјави Ѓорге Иванов. (Н.Р.)

Статијата е прочитана 868 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
10°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет26
Пет26
Саб22
Нед15
Пон20
Вто22
Сре22
Чет20
Пет20
Саб18
НајчитаниНајкоментирани

Илјадници ѓуленисти уапсени во Турција
Наместо демократијата, Иванов „го јакнел православието“
Победниците на најголемиот светски натпревар на фотографии
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ