www.utrinski.com.mk
29 април 2017 21:32
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:17

Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски

Иако беше најавено, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска не дошол на распит во Основното јавно обвинителство. Од Обвинителството потврдија дека Спасовски е повикан на распит. Тој пак за новинарите рече дека нема добиено покана. Распитот е во рамки на предмет на истрага на обвинителството за наводни сомненија за лажирање на финансиските извештаи на СДСМ, како и начинот на финансирањето на партијата.

Во петокот во ОЈО на распит беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на СЈО и дека ќе докаже дека работел во согласност со законите.

„Повикани сме под сомневање на злоупотреба на изборна кампања, ни беа презентирани индициите за злоупотреба за изборната кампања 2016 година. Јасно ни е тоа што ни беше презентирано, усно од страна на обвинителот. Договорен е следниот чекор, в среда во 12 часот, во согласност со постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете, овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, во нормална законска процедура да ја докажеме невиноста за којашто сме под сомнение како организатори на изборна кампања, јас, едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ“, изјави Заев во петокот.

Статијата е прочитана 432 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Облачно
Саб23
Нед17
Пон22
Вто24
Сре25
Чет23
Пет22
Саб22
Нед23
Пон21
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Зошто на Македонија, и покрај политичкиот хаос, не ѝ се заканува граѓанска војна
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ