www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:21
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:40

Децата со дијабетес непожелни во градинките

Родители се жалат дека се принудени да се откажат од работа зашто децата со дијабетес не ги прифаќаат во градинките, бидејќи персоналот не е едуциран и се плаши

Јасмина Ј. Вељановска



Децата со дијабетес кои се зависни од инсулин се непожелни во градинките. На вакво социјално исклучување на нивните деца заради здравствената состојба се пожалија родители од Здружението за заштита и едукација на дијабетичари „Буф“. Тие реагираат дека иако на хартија нивните деца имаат право да се запишат во претшколски установи, практиката покажува дека ретко која градинка ги прифаќа. Едноставно, и средината и лицата кои работат во градинките се' уште се плашат од дијабетесот и оваа болест и натаму е табу тема. Поради тоа еден од родителите е принуден да се откаже од работа за да може да се грижи за своето дете, кое не е болно, но има потреба од поголемо внимание заради контрола на шеќерот во крвта, а со тоа и контрола на терапијата.

Надлежните власти од социјалниот сектор потврдуваат дека, согласно законската регулатива, сите деца имаат право да се запишат во градинка, па дури и деца со пречки во менталниот развој или со телесна попреченост. Но, додаваат дека градинката, во одредени случаи може да не ги прифати децата, и тоа ако веќе е исполнет капацитетот, или, ако заради услови за работа или одредени програми, градинката треба да го намали бројот на згрижени деца за што одлука носи Министерството за труд и социјална политика.

„Мојот син сега има пет години, а дијабетесот му беше дијагностициран на една година. Лани го запишав во градинка, но, детето не одеше ниту еден ден, бидејќи персоналот не се нафати да му помогне околу мерење на гликемијата и давање на инсулинот“, раскажува една мајка со каква препрека се соочила во една од скопските градинки.

Иако, барањето и' било детето да биде во градинка само три до четири часа, персоналот не се согласил да го чува и со скратено време, бидејќи кај помалите деца треба почесто да се мери шеќерот и ако има потреба веднаш да се даде инсулин.

Со слични проблеми се соочуваат и деца со дијабетес кои одат во прво и второ одделение во училиште. Нивните мајки се принудени буквално да седат со нив во училиште, бидејќи нема кој да им помогне околу мерењето на шеќерот и боцкањето. Мајката која ја раскажа приказната вели дека малите деца може знаат да се боцнат и да земат крв и да го прочитаат резултатот, но, со оглед на возраста тој резултат не им значи ништо, односно, не знаат дали треба или не треба да се боцне со инсулин.

Според неа и кај луѓето и кај вработените во институции едноставно има страв од дијабетесот, бидејќи оваа состојба не е едноставна и луѓето со дијабетес мора да бидат дисциплинирани и при контрола на шеќерот во крвта и со исхраната и при дозирањето со инсулин. Ако дел од оваа секојдневна практика затаи, лицата со дијабетес можат да добијат акутно нагло зголемување или намалување на шеќерот во крвта, што, пак, може да има тешки последици по нивното здравје. Сепак, оваа мајка се надева дека со едукација и на вработените во институциите и на пошироката јавност, лицата со дијабетес може сосем нормално да функционираат во општеството.

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) директно не одговори како можело градинката да не прими дете само затоа што тоа има дијабетес, туку само ни објасни каква е законската процедурата за запишување во градинка и во кои случаи детето може да не биде прифатено. А, тоа е кога има повеќе деца од пропишаното, или, пак, заради одредени услови за работа и програми мора да се намали или зголеми бројот на згрижени деца.

„Ако во детската градинка има пријавено поголем број деца отколку што има слободни места, за приемот решава комисија за прием на деца. Составот и начинот на работа на комисијата, како и поблиските критериуми за прием на деца во градинката ги утврдува управниот одбор на градинката, во согласност со советот на општината, или со Министерството за јавна детска градинка основана од Владата“, велат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека при запишување на децата во градинките, родителите се должни да приложат потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на детето. Во градинка може да се примат и деца со лесни пречки во менталниот развој или телесна попреченост, за што треба да се достави наод и мислење од соодветна стручна институција. Во случај кога градинката ќе прифати во групата да се вклучи едно дете со лесни пречки во менталниот развој или со телесна попреченост, од МТСП објаснуваат дека тогаш бројот на децата во групата се намалува за две деца.

Во земјава има околу 180.000 пациенти со дијабетес, од кои околу 40.000 се на терапија со инсулин, а околу 500 од нив се деца до 14 години.

Статијата е прочитана 445 пати.


Испрати коментар
Кучињата - скитници ги сардисаа граѓаните - дневно и по пет случаи
Изградбата на Демир Капија - Смоквица завршува во мај
„Македонка“ и „Астибо“ му оставија траен печат на Штип како град на текстилот
Автомобили

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ