www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:01
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
21.04.2017, 14:42

Трезор: Лажните зборови на Тереза Меј

За агендата на премиерката никој не гласал

Тим Фарон

Ова се најголемите избори во една генерација. Ќе ја дефинираат иднината на нашата земја и како сме гледани во странство. Конзервативците ја туркаат Велика Британија кон тежок и катастрофален „Брегзит“, а овие избори се нашата шанса да се смени насоката. Дадена ни е шансата, но само ако нашите гласови се слушнат преку гласачката кутија. Тереза Меј се врати од велигденските празници свесна дека таа нема мандат. Дека ја турка Велика Британија над раб на карпа без да го праша британскиот народ дали тоа е она што го сака. Драго ми е што конечно се вразуми и свика избори.

Но, да не се залажуваме. Таа не го прави тоа од добрината на нејзиното срце. Таа не го прави тоа затоа што мисли дека луѓето заслужуваат збор – најпосле, таа одбива да го поддржи нашиот повик последниот договор за „Брегзит“ да се достави на народот. Не, таа бега колку што може побрзо бидејќи знае дека Лабуристичката партија е во криза. Нејзините железни убедувања се покажаа променливи кога намирисува тесна политичка предност. Таа се плаши дека скандалот со изборните трошоци на Конзервативната партија го стега обрачот околу нејзината партија, заканувајќи се да го намали нејзиното мало мнозинство уште повеќе. Таа знае дека следи агенда за која никој досега не гласал. Тие се нејзините причини.

Ако сте прогресивни и сметате дека конзервативците се проблем, тогаш Либерално-демократската партија треба да биде дел од решението. Никој сериозно не се сомнева дека Џереми Корбин од Лабуристичката партија може да спречи конзервативно мнозинство. Не смееме да заборавиме, без оглед на она што го вели во изборната кампања, дека тој им нареди на неговите лабуристички пратеници да гласаат со конзервативците за „Брегзит“ - извлекувајќи ја Велика Британија од единствениот пазар, и негирајќи и' го правото да остане за граѓаните на ЕУ. Поради целата рекламна политика на Корбин, далеку од јасно е како Велика Британија ќе биде значително различна под раководство на лабуристите.

Ако сакате Велика Британија да остане на единствениот пазар и Велика Британија да се задржи како земја која е отворена, толерантна и обединета, тогаш ова е вашата шанса. Ова е можност да се запре Меј во нејзиното ревносно тежнеење кон катастрофален тежок „Брегзит“, да се задржи Велика Британија на единствениот пазар, да постои пристојна опозиција која ќе пружи отпор на конзервативна влада движејќи се од криза во криза.

(Тим Фарон е претседател на британската Либерално-демократска партија)

Статијата е прочитана 158 пати.


Испрати коментар
Фор сизонс“ гради хотел на Хвар во вредност од милијарда куни
Северниот Леден Океан стана ќор-сокак за пливачки отпад
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот во Париз
На што ќе потроши 7 милиони куни канцеларијата на претседателката?
Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Французин со полициско досие го извршил нападот во Париз
Уапсен бомбашот од Дортмунд

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ