www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 17:40
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:19

Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов



На манифестацијата „Во чест на поетот“, по повод 35-годишнината од неговата смрт, се одржаа неколку културни настани

Со положување цвеќе и беседа пред неговата биста во дворот на Домот на културата, со промоција на книга, изложба на цртежи и со премиерна проекција на филм, вчера се чествуваше големиот македонски поет и еден од основоположниците на современата македонска книжевност Ацо Шопов (1923-1982) во неговиот роден град Штип. Организатор на традиционалната манифестација „Во чест на поетот“ и годинава, на 35-годишнината од смртта на поетот, беше штипскиот Центар за култура што го носи името на Шопов.

„Секоја година редовно ги одбележуваме денот на раѓањето, 20 декември, и денот 20 април, кога физички се разделивме од бардот на современата македонска поезија. Тие два датума не' обврзуваат на чествување на ликот и делото на Шопов. Во програмата на ‘Во чест на поетот‘, манифестација што се одржува уште од 1983 година, редовно имаме содржини од повеќе сфери на културата и уметноста“, истакнува Трајче Кацаров, уметнички раководител на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

По чествувањето пред спомен-бистата на Шопов, денеска се одржа промоција на најновата стихозбирка „Непроѕирна светлина“ од писателот Благој Самоников, па изложба на цртежи од Драган Ристов во фоајето на Домот на културата, а за синоќа на „Сцена 100“ во Домот беше закажана премиерна проекција на филмот „Малиот гангстер“.

„Горд сум што бев еден од првите организатори на ‘Во чест на поетот‘ што годинава се одржува по 34. пат и среќен сум што мојата седумнаесетта книга се промовира токму на денот кога го чествуваме големиот Шопов. Насловот на стихозбирката ‘Непроѕирна светлина’ ја крие тајната на светлината од другата страна на мракот, каде што егзактно не може да се продре, па тој простор се исполнува преку интуицијата. Целта на авторот е да го разбуди љубопитството кај читателот да продре во тајните што го преокупирале при пишувањето на песната“, нагласува поетот Благој Самоников.

Драган Ристов, новинар по професија, денеска ја имаше третата самостојна изложба на цртежи.

„Првите две изложби ми беа цртежи со молив на луѓе, портрети, а сега изложувам дваесеттина цртежи работени со мастило, туш, некаде и со по малку боја, на тема стара архитектура и воопшто архитектура“, вели Ристов.

Ацо Шопов во родниот Штип завршил основно и средно образование, кога и првпат почнува да пишува поезија, а по ослободувањето дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Активен учесник во НОБ бил од 1941 година. Неговата прва збирка „Песни“ од 1944 година е прва книга на македонски јазик објавена во слободна Македонија. Бил претседател и член на Друштвото на писателите на Македонија од неговото основање во 1947 година, прв претседател на Советот на „Струшки вечери на поезијата“, член на Македонската академија на науките и уметностите од нејзиното основање пред половина век, бил и претседател на Сојузот на книжевни преведувачи на СФРЈ и претседател на Сојузот на писатели на Југославија, директор на неколку издавачки куќи и главен уредник на повеќе македонски списанија... (Љ.Ш.)

Статијата е прочитана 1438 пати.


Испрати коментар
Рациновото признание" за 2017-та врачено на Ана Стојаноска
МНТ со претставата „Копање“ го затвори Dramatikerinnenfestival во Грац, Австрија
Започна Преспанско културно лето
Рациново признание постхумно за хрватскиот професор Предраг Матвеевиќ
Археолошкиот музеј првпат ќе учествува на изложба во Обединетото Кралство
Филмот "Кога денот немаше име" на фестивали во Сиднеј и Ерусалим
Меѓународен хорски фестивал Техо во Тетово
Трибина - "Rocken'roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура"
Кумановскиот тетар премиерно со претствата "Интрига и љубов"
Шангај подготвува циклус проекции, изложба, книга и предавање на Милчо Манчевски
Позната деталната програма за годинашниот Скопје Синема Сити
Златна камера 300 за животно дело за италијанскиот великан Џузепе Ротуно
Изложба на Мирко и Лидија Вујисиќ
Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски филмски фестивал
Триумф на „Златната петорка“ на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз
Ликовна изложба по повод 20 години јубилеј на училиштето "Нова"
Од утре конкурс за државната награда "Св.Климент Охридски"
„Аида“ со солисти од Турција за крај на Мајските оперски вечери
Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија
Симон Трпчески со нов албум и серија настапи
Кан: Златната палма за шведскиот филм „Плоштадот“ на Рубен Остлунд
Успешно гостување на Битолскиот театар во Торонто
Оскаровската „Ничија земја“ на сцената на Македонскиот народен театар
Битолскиот театар гостува во Канада
За Музеј на годината избрана НУ Музеј и завод Битола за "Спомен куќа на Татарчеви" во Ресен
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Харлан - „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
33°СкопјеВреме
Делумно облачно
Саб33
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ