www.utrinski.com.mk
29 март 2017 13:17
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:12

Документ за спас или за подлабока криза

Документот што го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски деновиве ќе биде усвоен и потоа ќе им биде понуден на сите поголеми партии

Наум Котевски



ВМРО-ДПМНЕ е влезен во целосно ксенофобичен наратив, спроведувајќи на дело дека странците се непријатели кои немо го следат антидржавното дејствување на домашните непријатели, притоа цврсто држејќи се за опцијата нови избори како излез од кризата, и покрај фактот дека веќе постои парламентарно мнозинство. Дел од политичките посматрачи вака ги оценуваат пораките на лидерот на партијата Никола Груевски во последното интервју, во кое порача дека „државата е нападната“ и најави дека на денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан ќе побараат тој да ја осуди тиранската платформа и мешањето на странски држави во внатрешните работи на Република Македонија, да се почитува правилото „победникот во македонскиот блок да коалицира со победникот во албанскиот блок“ и да се земат предвид протестите против албанската платформа. Нагласувајќи, притоа, дека неговата партија ќе се однесува во рамките на дозволените по закон работи, но дека никој не може да предвиди што ќе прави народот, кој е над политичарите, па затоа, како што вели, нека му ја мисли тој што оди против неговата волја.

„Во време на глобализација партискиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер е контрапродуктивен и за нив и за земјата. Со слична стратегија тие доживеаја катастрофален пораз на парламентарните избори во 2002 година. Еве, да претпоставиме дека сите партии ќе ја прифатат фрлената ракавица за нови избори и на нив победи ВМРО-ДПМНЕ. Но што со тоа. Со кој албански партнер во вакви околности тие би ја формирале владата“, вели аналитичарот Петар Арсовски.

Македонија по изборите на 11 декември западна во нова потешка криза. Се соочуваме со парализа на државните институции, како што забележаа некои, во многу поголема мерка од предизборите. Во земјата не работи Собранието, нема нова влада, а шефот на државата Ѓорге Иванов и натаму не го дава мандатот за формирање влада, иако лидерот на СДСМ му достави 67 пратенички потписи како гаранција за парламентарно мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто најави дека партијата подготвува политички документ кој нема да ја наруши унитарноста за излез од кризата. Со што, како што оценуваат дел од политичките посматрачи, се обидува да ги пресретне и ги врати назад започнатите процеси со иницијативата за продолжување на конститутивната седница на парламентот. Тоа, велат, претставува барање за нов договор како продолжение на оние од минатата година од Пржино, што е спротивно со ветувањето што го даде пред своите сопартијци и поддржувачи на 17 декември лани на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК), кога рече дека „ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на состаноци и преговори со други партии во кои учествуваат амбасадори и странски посредници или претставници на други држави“.

„Не очекувам никаков спектакуларен документ, туку некаква македонска платформа како одговор на албанската платформа, во која ќе бидат содржани познатите ставови на партијата. Не верувам дека каков било документ ќе ја факторизира партијата. Реалното нејзино оздравување ќе настапи откако таа ќе се ослободи од лицата осомничени во истрагите на СЈО“, вели Арсовски.

Документот деновиве ќе биде усвоен од Извршниот комитет на партијата и потоа ќе им биде понуден на сите поголеми партии во Македонија. Според Груевски, тој документ никого не фаворизира како партија ни како етничка заедница.

Од СДСМ вчера порачаа дека Груевски не може да биде дел од решението на кризата што тој ја создал. „Груевски очајно се обидува повторно да стане фактор во политиката во Македонија. Македонија му кажа збогум на Груевски и тој е минато во политиката и од него не можеме да очекуваме ништо што може да и донесе добро на оваа држава“, изјави портпаролот Петре Шилегов. Програмата на новата реформска влада предводена од СДСМ, според партијата, е единствениот документ што е во интерес на сите граѓани на Македонија и ја гарантира унитарноста на државата.

„Над 700.000 граѓани очекуваат што побрзо да се избере новата влада која ќе обезбеди правда за сите, квалитетен живот за сите и заедништво. Груевски може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со одговорноста. Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување влада и нова реформска влада. Така избраа граѓаните на Република Македонија“, велат од СДСМ.



Статијата е прочитана 837 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Чавков - Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“
bitola-1, 21.03.2017 00:20:17
Go gledam i slusam ovaj patriot koj gi amnestira zlostorstvata od 2001g,napravi vlada so uck, koj gi izbrisa branitelite,kidnapiranite,raselenite pa i mrtvite braniteli,a uckite gi zaposle vo nisaj vrata,a nekoj i ne nisaat ni vrata a zemaat plata,go gledam patriotot koj ni P ne rece koga se postavuvase orelot i koga se urivaja temelite za krstot vo Butel,patriotot koj kutese koga nezakonski se menuvaja iminja na ulici i ucilista,pa go slusav negoviot kriminal i zlostorstva vo snimkite,i sega mi cmizdi i me povikuva na odbrana na drzavata,a kade bese vo gorenavedenite slucaevi,i kako da ne veruvam deka povikuva vo negova odbrana od SJO.E grujo neka te branat tvoite dezerteri od 2001g.tvoite krim direktori i sekakvi serivi,pa da vidime do kade ke odi.Najdobra odbrana do sega ti e bezidejniot i gladen za vlast sds.
   21 |   6
do Petar, 21.03.2017 05:13:05
Vreme na globalizacija?Ti kako da zhiveesh vo devedesettite godini.Zoshto mora koalicija so nekoja od prtiite na malcinstvoto?Ne pishuva ni vo ustav,ni vo zakon deka mora da se pravi koalicija so niv po sekoja cena.Ako VMRO osvoi apsolutno mnozinstvo na narednite izbori i ako nikoja partija ne saka da koalicira so niv ili ne se dogovori,togash VMRO kje mora sama da pravi vlada i taa vlada kje mora strancite sakale ili ne,da ja prifatat.Dali spored tebe govor na omraza kon Makedoncite ima megju arnautskite politichari,novinari,analitichari,*intelektualci*?Takvi antimakedonski izjavi se od Sela,Biljali,Mehmeti...Tebe kako chovek i Makedonec,ne ti smetaat li?
   16 |   5
спас, 21.03.2017 08:29:35
ИМА ЕДЕН КУП ПРИМЕРИ ВО ЕВРОПА КАДЕ ШТО НЕКОЈА ПАРТИЈА ПОБЕДИЛА НА ИЗБОРИ А НЕ МОЖЕЛА ДА НАПРАВИ ВЛАДА ПА НИКОЈ НЕ МУ РЕКОЛ НА НАРОДОТ ИЗЛЕГВАЈТЕ НА УЛИЦА ДРЖАВАТА НИ Е НАПАДНАТА СЕ ГЛЕДА ДЕКА УШТЕ ФУНКЦИОНИРА СИЛНАТА МЕДИУМСКА ПРОПАГАНДА НА ВМРО И КОЈА ПОЛЕКА НО СИГУРНО ЗГАСНУВА Т.Е. ДРЖАВНИТЕ ПАРИ ЗА РЕКЛАМА ЌЕ ГИ НЕМА ПОВЕЌЕ А СО ТОА И БРОЈНИ ЛОКАЛНИ И ДРЖАВНИ ТВ ЌЕ ПРОПАДНАТ ОТИ МЕДИУМСКИОТ ПРОСТОР ВО ДРЖАВАТА Е МАЛ ЗА ТОЛКУ ТВ ДОДЕКА НА ИНТЕРНЕТ ВМРО ДПМНЕ Е ТОТАЛНО ПОРАЗЕНА ОТИ НЕГОВИТЕ ПОДДРЖУВАЧИ СЕ НЕПИСМЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ФБ ДА НЕ ЗБОРАМ ЗА ТВИТЕР
   11 |   6

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Сончево
Сре21
Чет21
Пет20
Саб21
Нед22
Пон21
Вто19
Сре20
Чет22
Пет21
НајчитаниНајкоментирани

Габриел одново бара крај на блокадата во Македонија
ЕУ: Забранета фузија на Германската и Лондонската берза
Селфи со Путин за пазарење со ЕУ
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ