www.utrinski.com.mk
27 април 2017 03:32
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 16:52

Чавков: Пратениците ќе имаат непречен пристап во парламентот



„Пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот!“, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, за Дојче веле во пресрет на утрешната координативна средба во Собранието, на која треба да се утврди предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, што ќе биде основа за продолжение на конститутивната седница на парламентот. Чавков тврди дека „како и досега, така и денеска полицијата ќе биде на потребното професионално ниво за обезбедување на јавната безбедност“. 

„Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни процени. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства“, вели Чавков.

На прашањето - дали полицијата гарантира дека пратениците нема да бидат оневозможени да влезат или да излезат од Собранието, со оглед на разни најави дека учесници во протестот ќе ги блокираат приодите во законодавниот дом, Чавков е дециден: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот!“ 

Статијата е прочитана 830 пати.


Испрати коментар
Иконен
Тежок ден за македонската политика
Документ за спас или за подлабока криза
Иванов во нови избори гледа излез од кризата
Протест пред СЈО против притворот на Сеад Кочан
Спасовски не добил покана за распит кај Зврлевски
Филип Петровски на обвинителски распит поради „Твитер“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
10°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет26
Пет26
Саб22
Нед15
Пон20
Вто22
Сре22
Чет20
Пет20
Саб18
НајчитаниНајкоментирани

Илјадници ѓуленисти уапсени во Турција
Наместо демократијата, Иванов „го јакнел православието“
Победниците на најголемиот светски натпревар на фотографии
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ