www.utrinski.com.mk
24 јуни 2017 17:37
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:46

Проектите за екологија ги работиме во континуитет

Филип Спировски

претседател на Граѓанското здружение „Новинари за човекови права“

Јасминка Павловска

Вие сте претседател и на асоцијацијата „Новинари за човекови права и за заштита на животна средина“. Од кога постои, со што се занимава оваа асоцијација, какви проекти досега имате изработено?

Граѓанското здружение „Новинари за човекови права“ постои од 1996 година. Формирано како неформална група на ентузијасти, новинари, репортери од 1 март 1998 и е правен субјект со името „Новинари за права на жени, деца, и заштита на животната средина“. И тогаш, а и сега низ годините не' носела идејата за хуман свет остварлив низ вистинската информација, непречената комуникација и постојаната едукација.



Какви резултати досега има постигнато оваа асоцијација?



Некои од многуте проекти сме ги имплементирале самостојно, но и во многубројни партнерства и коалиции – претежно меѓународни. Првиот поголем проект беше да им помогнеме на децата на улица, бездомни и отфрлени низ улиците на Скопје. Ги згрижувавме во стан, им обезбедувавме топол оброк, заедно цртавме и игравме. Проектот заврши, а колкумина од нив се повторно на улица немаме податоци. Со разоружувањето во Македонија се справувавме во рамките на две меѓународни коалиции „Стоп за децата-војници“ и „Интернационалната акциона мрежа за мало и лесно оружје“. Проектот „И јас имам право на глас“ беше еден од најдобро конципираните по процената на донаторот од Америка и се најде во Вашингтонската национална библиотека. Опфаќаше целна група на лица од 16 до 20 години на кои им беа објаснувани постапките и правата со кои се соочуваат при гласање. Проектите за екологија ги работиме во континуитет. Последниве 8 години работиме на вода и санитација, особено во рурални средини. Тука мора да го споменам и Институтот за јавно здравје како наш партнер.



Неодамна, режиравте и снимивте спот за кампањата за вода и санитација во рурални области. За каков потфат станува збор? Каде ќе биде прикажан спотот?



Спотот го подготвивме со тимот за развој на комуникации и интернет во рамките на тоа. Се однесува на компендиумот за вода и санитација. Тоа е прирачник развиен во вид на учебник поделен во три дела: дел за наставници и едукатори, дел за деца и дел за они кои професионално се бават со вода и санитација. Спотот јас би го нарекол и презентација е снимен и реализиран од членови на здружението. Ќе биде прикажан во Бон на средбата со Федералното министерство за животна средина од Германија и поддржаните невладини организации.



Од она што досега е согледано на терен, што може да заклучиме - дали во Македонија има повеќе рурални области кои имаат поголема потреба од чиста вода и санитација? Кои се тие области?



Во руралните области состојбата со вода и санитација не е како што декларативно се кажува. Во општина Арачиново проблемот со вода и санитација е секојдневие. А се наоѓа на само 10 км од центарот на Скопје. Такви примери има многу. Она што е интересно кај санитацијата, во Скопје на пример немаме ниту еден јавен тоалет.

Статијата е прочитана 312 пати.


Испрати коментар
Возење на снег - Без нагло забрзување и сопирање
Елена Велевска се пробива во Бугарија
Кинески хороскоп - Што ни носи годината на огнениот Петел?
Холивудски двојки на кои не им пречи разликата во години - Помладо е послатко
Што прават
Бебе во новата година
Холивудските актерки ќе протестираат против Трамп
Мис на Хелсинки ги налути Финците
Адријана Лима на пат до смирување со бившиот сопруг

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
33°СкопјеВреме
Ведро
Саб32
Нед33
Пон32
Вто32
Сре33
Чет34
Пет35
Саб35
Нед30
Пон27
НајчитаниНајкоментирани
 
Протест против евакуацијата во Лондон поради заштита од пожар
Летната школа во Охрид - македонски прозорец кон светот
Најскапи градови во светот - Скопје на дното
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ