www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 15:48
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:32

Мислења

Демократски и патриотски протести

Владимир Глигоров

Во Македонија, овој наводен патриотски опструкционизам е многу скап, а бидејќи од самиот врв на државата постојано се истакнува дека земјата е во опасност, негативните економски движења би можеле само да се забрзаат

Да ги земеме штотуку завршените претседателски избори во Србија и протестите што избија веднаш по прогласувањето на резултатите. Пораката на протестантите, колку што можам да разберам, е дека им е наметнат изборот.

Со други зборови, не беше демократски. Правилата не беа јасни, а учесниците не беа рамноправни. Покрај тоа, беше кратко времето да се разјасни колку е далекосежен изборот пред кој се наоѓаат граѓаните, а опозициските партии и движења организациски и финансиски се во многу полоша состојба од владејачката коалиција.

Што, сепак, не значи дека резултатите се неинформативни. Интересно е незадоволството на патриотските кругови. Всушност, нивните кандидати не поминаа добро, а и патриотските теми, колку што може да се види, не влијаеја многу на одлуката на избирачите за кого ќе гласаат. Косово, НАТО, Голема Србија, руската врска - сето тоа не изгледа дека многу им помогна на патриотските кандидати. Ни тие самите, колку што видов, не беа многу убедени кога тврдеа дека Косово е Србија, дека НАТО и ЕУ се непријатели, и како ќе се обединат српските земји. Го разбирам незадоволството на патриотските општествени научници, кои тргнуваа од претпоставката дека национализмот секогаш мобилизира и дека секој друг исход е објаснив со еден или друг вид предавство, но тоа навистина не е оправдано.

Имено, напредниците се избор на националистите и патриотите. Да го земам следниот пример. Некои велат дека ако дојдат на власт, веднаш ќе воспостават суверенитет врз Косово, додека други велат дека нема да отстапат од српските интереси во преговорите со Косово. За првите се гласаше пред речиси триесет години, а за овие вториве се гласа денес. Истото важи и за српските земји и за непријателството со Западот. Да очекуваш дека денес ќе се гласа за таквиот национализам, или, како што велат, патриотизам, или дека за тоа ќе се демонстрира, значи да бидеш од ден на ден се' поразочаран. Националистите и патриотите гласаат за Напредната партија и за Вучиќ. На таа страна нема место за некој друг.

Поинаку стојат работите на демократската страна. Без оглед што на протестите може да се слушне сешто, политичкото значење на секојдневните протести во Србија е одбивањето на власта на еден човек и една група луѓе и една партија. Во таа смисла, и независно од идеолошките определби на секој поединечен учесник, станува збор за демократски протести. Тешко е да се каже каков ќе биде нивниот ефект, бидејќи резултатите на изборите не може да се поништат, без оглед што мисли некој за нив, а тешко е да се види дека власта ќе промени нешто во својот начин на владеење. Така што, долг е патот до демократијата по овие изборите, за што требаше да се мисли многу пред нив.

Да го земеме примерот на Македонија, за која се' повеќе се зборува. Таму претседателот на државата одлучи да ја брани својата позиција и позицијата на партијата која е на власт десет години, а се соочува со резултатите од изборите, што значи губење на власта и заминување во опозиција. Образложението е патриотско - земјата е во опасност. Целта е прагматична - да се повторат изборите и тие да се одржат со темата - ние или тие. А исходот да биде власта да остане кај оние кои веќе ја имаат. За тоа секојдневно се демонстрира. Така што, протестите во Србија се демократски, во Македонија се патриотски.

Колку, навистина, е загрозена државата? Демократските правила кои постојат во Македонија, во Уставот пред се', не можат да се менуваат поинаку отколку што е предвидено со Уставот. Како резултат на тоа, било чии барања, на пример, кога станува збор за употребата на јазикот на малцинствата, или на кои било други, не можат да бидат задоволени само затоа што се испоставени. Покрај тоа, не постои ограничување кога станува збор за содржината на одделните партиски програми. Најпосле, двете македонски коалиции имаат 100 пратеници во Собранието, наспроти 20-те албански. Целосно е нејасно како би можеле да се усвојат сецесионистичките барања и врз тие основи да се промени Уставот. Тоа не значи дека нема основа да се расправа за личните и колективните права и особено за владеење на правото. Последново е всушност главната причина за македонската политичка криза.

Треба да се повлече уште една разлика меѓу демократските и патриотските протести. Во Србија протестите во голема мера ги мотивира и многу бавниот економски напредок. Бидејќи станува збор за демократски протести, нивното можно влијание врз економските одлуки и токму на тој напредок, не може да имаат негативен ефект. Дури, до мерката до која се зајакнува верувањето дека постои демократски потенцијал, тоа би требало да ги стабилизира очекувањата на деловните луѓе.

Во Македонија, овој наводен патриотски опструкционизам е многу скап, а бидејќи од самиот врв на државата постојано се истакнува дека земјата е во опасност, веќе видливите негативни економски движења би можеле само да се забрзаат. Без оглед на она што протестантите имаат најдобри намери.

Тоа е разликата помеѓу демократските и патриотските протести.

(Авторот е економист. Текстот е објавен во „Нови магазин“)



Статијата е прочитана 1007 пати.


Испрати коментар
Економијата го губи чекорот
Денот на победата е во мај
Бизарното однесување на турско-германските гласачи
bitola-1, 21.04.2017 01:24:06
Ako padne vladata na dpmne,cekam da vidam dali ovie mirni protesti ke stanat nasilni i urivacki na drzavna imovina,i so toa dpmne kako i sds ke ja potvrdat mojata teza,deka drzavata ja ramnat so nivnata partija,ako nivnite se na vlast,togash i drzavata e nivna i mila,ama ako NE se vlast,togash drzavata i se drzavno im se neprijatel br-1.Do dusha dpmne vo o.Centar go pokaza toj mentalitet {ist kako sarenite},tie tamu urivaja,krsheja...bideki gradonacalnilot ne beshe nivni,-SAMOMISLITELI de?patrioti?ili platenici i shupelki koj branat golemi interesi i svoi troshki?
   10 |   8
Ivan, 21.04.2017 03:11:54
Gosp. Gligorov, vo nekoi raboti se slagam so ovaa kolumna no ne objasnuvash deka pokraj jazikot, doaga himnata, znameto, grbot, *genocidot* pa duri i imeto se vmetnati vo tie baranja koi shto ednata Makedonska partija ne samo shto gi podrzuva tie baranja nego gi poturnuva, pa zatoa ova e patriotska demonstracija. Ubavo znaesh deka *PODOBRO DA SPRECISH, NEGO DA LECHISH. Nie bi bile prezadovolni i sve ke odi napred ako imame 100 MAKEDONSKI pratenici no nazalost ne sakaat da se vidat. Da te podsetam deka i imeto ni beshe registrirano vo ON privremeno (2-3 meseci) i shto dobivme. Dokolku mnozinstvoto parlamentarci pochnat podmuklo da izglasuvaat zakoni od baranjata na alb platforma otidovme kurban. Tie zakoni ke se tumachat po svoe vo idnina i Ustavot nema da ni vredi za nishto kako i sega. Vo Mkd momentalno imame najmnogu pravnici, chitachi na zakonot, politokolozi, profesori, novinari, partiski vojnici koi shto site go znaat zakonot i site se vo pravo, samo Predsedatelot i Vozdot greshat
   13 |   19
Ајван Доктор®, 21.04.2017 08:55:15
Ова во Македонија не се протести на патриоти туку баткиве излегоа да дадат поддршка на една забегана криминално-простачка група која ја зграпчи власта,се поистовети со државава,па заради удопствата и привилегиите кои таа ги пружа и широкоградоста во поткупувањето поединци се спремни да ја запалат Македонија!
   12 |   2

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Делумно облачно
Саб21
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ