www.utrinski.com.mk
01 ноември 2014 11:42
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.11.2007, 14:25

Мислења

Владата посилна од Собранието за Клинички центар

БОРЧЕ ДАВИТКОВСКИ

Во владината одлука за поделба на Клинички центар има неколку неусогласености со Уставот и со законите

Причината за оваа анализа е актуелната состојба во областа на здравството, а особено изјавите на највисоките политички функционери од оваа област дека со своите одлуки Уставниот суд на Република Македонија ги кочи реформите во здравството и не дозволува на еден конзистентен начин да се оствари владината политика за реформи во овој сектор. Не сакаме да навлегуваме во дрскоста на овие носители на политички функции да коментираат одлуки на Уставниот суд, бидејќи тие не се коментираат, туку би сакале, од аспект на оцена на уставноста и законитоста, да се осврнеме на Одлуката за поделба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар – Скопје донесена на 26.6.2007 година од страна на Владата на Република Македонија, а објавена во „Службен весник“ бр. 102/07. Доколку правно се анализира оваа одлука, можат да се констатираат неколку неусогласености со Уставот и со законите на Република Македонија.

1. ЈЗУ Клинички центар – Скопје е основана од Собранието на РМ со одлука за основање бр. 08-1402/1 од 17.4.1996 година објавена во „Сл. весник на РМ“ бр. 20/96. Основачот, Собранието на РМ, со Одлука бр. 08-3154/1 од 5.9.1996 година, даде согласност на статутот на ЈЗУ Клинички центар. Значи, како основач на Клиничкиот центар се јавува Собранието, со свој акт. Се поставува прашање како може со Одлука на Владата да се дерогира Одлука на Собранието на РМ? Имено, член 39 од споменатата одлука, децидно се определува дека со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за основање на Клинички центар – Скопје („Сл. весник на РМ“ бр. 20/96). На овој начин, директно се повредени темелните вредности на уставното уредување на Република Македонија, каде што согласно со системот на поделбата на власт и владеењето на правото, со оваа одредба извршната власт доминира над законодавната власт. Вакво нешто во нашата долгогодишна правна и политичка практика се нема случено!

2. Во преамбулата на Одлуката од Владата се истакнува дека таа се донесува врз основа на Законот за здравствена заштита и Законот за установите, а всушност преку четириесет члена таа врши дерогација на споменатите законски текстови. Токму во Законот за здравствена заштита категорично е предвидено дека основач на ЈЗУ Клинички центар - Скопје е Собранието на РМ, кое како основач дава согласност на статутот на Клиничкиот центар. Се поставува прашањето дали со оваа одлука се дерогира и Законот за здравствена заштита, бидејќи токму тој и поранешната Одлука на Собранието на РМ го определуваат правниот статус и субјективитет на ЈЗУ Клинички центар – Скопје. Сега, врз основа на акт на Владата на РМ, постојната ЈЗУ Универзитетски клинички центар се дели на триесет јавни здравствени установи. Значи, правниот статус на јавните здравствени установи - сукцесори на ЈЗУ Универзитетски клинички центар се стекнува „со одлука на Владата“. Ова би имало правна логика доколку Владата формира нов правен субјект - Јавна здравствена установа која ниту ќе произлегува од постојната ЈЗУ Универзитетски клинички центар, ниту ќе биде нејзин сукцесор.

3. Со донесувањето на оваа одлука, Владата изврши директна повреда и на одредбите од Законот за установите („Сл. весник на РМ“ бр. 32/05). Така, во член 6 од споменатиот закон, определени се дејностите, областите во кои може да се основа установа со тоа што се остава можност и други дејности утврдени со закон како јавна услуга да можат да се основаат како установа. Согласно со член 32 од Одлуката за поделба на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар – Скопје се предвидува деловите од ЈЗУ Универзитетски клинички центар – Скопје ... се организира и продолжува да работи како Јавна установа за заеднички работи за потребите на јавните здравствени установи, клиники и институти – Скопје. Интересно е да се спомене дека оваа јавна установа ќе се грижи за извршувањето на работите од заеднички интерес во делот на централната стерилизација, исхраната на болните, правни, економско-финанскиски, комерцијално-фармацевтски, технички, административни, компјутерско-информатичките работи, работи за обезбедување и заштита на имот и лица, користењето и одржувањето паркинг-просторот и друго - што се заеднички работи за потребите на другите јавни и здравствени установи. Очигледно, набројаните дејности на оваа јавна здравствена установа никако не можат да се подведат под член 6 од Законот за установите каде што децидно се наброени областите за кои може да се формира установа, а уште повеќе - јавна установа. Неизбежно, се поставува едно ново прашање: во кои области би се применувал Законот за трговските друштва кога со одлука на Владата типичните дејности со кои треба да се занимава едно трговско друштво се даваат во надлежност на јавна здравствена установа?

4. Со донесувањето на оваа одлука, Владата на РМ изврши повреда и на Законот за високо образование, бидејќи со укинувањето на Одлуката донесена од Собранието на РМ се изврши и поделба на постојниот Медицински факултет во Скопје. Досегашната ЈЗУ Универзитетски клинички центар претставуваше наставна база (клиниките) на Медицинскиот факултет во Скопје. На овој начин, наместо да се интегрира и инкорпорира постојниот кадар од ЈЗУ Универзитетски клинички центар во Медицинскиот факултет, тој се парцијализира на дваесет и девет јавни здравствени установи (од кои некои не ги исполнуваат условите да имаат статус на клиники), кои во иднина би требало да бидат наставна база на Медицинскиот факултет. Иако се прават напори во Предлог-законот за високото образование (кој е во собраниска процедура), конечно, да се утврди правниот статус и положба на вработените на Медицинскиот факултет, со донесената одлука, овој концепт се напушта и се дозволува и понатаму Медицинскиот факултет да егзистира како високообразовна институција без кадри и имот, а со наставни планови?!

Немам информации дали досега некој ја има оспорено уставноста и законитоста на оваа владина одлука пред Уставниот суд, но поради гореизнесените причини, сигурно Уставниот суд на РМ ќе ја поништи споменатата одлука, а потоа како по правило тој ќе биде пречка за спроведување реформи во областа во здравството, бидејќи Министерството и Владата предлагале законски и подзаконски текстови, но поради „нејасни“ причини за нивните доносители, Уставниот суд ги поништува, па на тој начин се добива „алиби“ за изнесување констатации дека со тоа се оневозможуваат реформите во оваа област. За квалитетот (од правен аспект) на досегашните законски и подзаконски прописи подготвени од страна на ресорното министерство и Владата, не би сакал повеќе да коментирам и ќе оставам надлежните органи да го кажат својот суд. Единствено, зачудува индолентниот однос на Собранието кон оваа проблематика, особено во услови кога со акт на Владата се дерогира негов акт.

(Авторот е професор на Правен факултет)

Статијата е прочитана 2404 пати.


Испрати коментар
dr, 12.11.2007 06:10:55
Tri meseci go preregistriraa Klinicki centar.Platata kasnese 2 meseci.Uste tri pominaa za postavuvanje clenovi na upraven odbor-so "debeli" vrski,razbira se.A tek ako se podnese baranje do Ustaven sud...................Nekam ni da pomislam sto ke bide!!!!!!!!!!!!!!!
j.v., 12.11.2007 08:22:42
Profesore sosema ste vo pravo. Ova e samo potvrda na toa deka Vladata e nad Parlamentot, koe nesto site go gledaat ama ne sakaat da priznaat. Dokolku se povede postapka pred Ustaven sud, se znae kakva odluka ke donese Ustavniot sud. I ke izleze deka Ustavniot sud gi koci reformite vo Zdrastvoto.No za zal ova e Makedonija...
Реган, 12.11.2007 10:28:14
Го среде “Мобимак“,сега му се наврте на Клинички!Браво,професоре!
igor, 12.11.2007 11:10:33
Za ovaa vlada ne se bitni ni zakoni ni ustav oni si se samite na sebe dovolni.So ovie takanareceni reformi vsusnost go unistija zdravstveniot sistem kaj nas a sto e najstrasno nema koj da gi educira narednite generacii na doktori taka sto posle ke ne lecat Selmani i Lazarevic doktori poznati po svoite profesionalni uspesi. Tesko nam
Dr. med. Krste pop-Stefanija, 12.11.2007 11:46:06
Vladat , vek'e jasno raboti na dekompozicija na DRŽAVATA,koga nea ja sovetuvaat sovetnici koi rabotat vo interes na drugi državi,a se odnesuvaat kako NOEVI so glavata vo pesok, mislejki otu EVROPA I SAD se budalinki,ednuš vaka,drugpat inaku11''' KRSTE POP-STEFANIJA
Zdruzenie na vozaci, 12.11.2007 11:46:57
Borce nemoj ti, te cekame na kebapcinja, treba da popolnime nekoi rabotni mesta da kazes kogo da vrabotime. Sramota eden od mnogute Justinijanovi mediokriteti!
adem, 12.11.2007 13:07:04
znaci kako sto napisav vo eden prethoden komentar doadja efektot na TORNADOTO-SELJMANI. za golema zal na MIRKA i LATAS ke dojde do totalen krah na t.n. REFORMI vo zdravstvoto, pa ke moraat istite da go plukaat Seljmani. (popatno, izgleda Sitel se opameti pa kazuva za HAOSOT VO KLINICKI). makedonija e unikatna po edno nesto. na sekoj nikogovic moze da mu tekne da pravi katastrofalni pretumbacii, da unistuva nesto sto se gradelo so godini (kako da e na tatko mu), bez da konsultira nikogo, a da se vodi kako REFORMI. ne mozam da veruvam deka GRUJO e slepec kakov sto nemalo dosega. pa ova ne e selskata koperacija vo nekoe planinsko selo. koga ova seto ke go ponisti Ustavniot sud, posto e ludost, duri togas ke dojde katastrofata vo toj medjuperiod. tesko na pacientite. seljmani samo se smeska. mozebi e srecen, mozebi taka mu velat da pravi. mozebi toa e politika na VMRO. odgovorto ke dojde mnogu brgu i mnogu ke go bili glavata Gjujco.
Drakce, 12.11.2007 13:07:19
Za zalenje,posledni bevme vo Jugoslavija posledni sme i sega na zapadniotBalkan iako ima doktori koi mozat da odgovorat na site zadaci.Supelki ,neli se prasuvate zosto LJUBLJANA i ZAGREB NE GI RASTURIJA svoite klinicki centri.Zosto toa go napravivte e mnogu jasno(a i narodot toa go znae): da namestite ute 30 svoi direktori,da namestite 224 clenovi na upravni odbori i da izlecite nrkoi svoi kompleksi.Kade se videlo minister za zdravstvo da bide covek sto prodava maslo za avtomobili.
Vawo, 12.11.2007 13:18:08
Posto odlukite na ustaven sud ne se komentirata a profesorot i taka cesto komentira ako moze da dade svoj komentar za sostavot na sudot pa kako toa vlijae na rabotata na istiot i dali sudot mora da ceka nekoj da povede inicjativa za nekoj akt ili i toj treba da go pravi toa bez da ceka koga sekoj den imame akti so koj se krsi ustavot a nikoj ne reagira a vo nivnoto izgotvuvawe za zal go pravat cenetite kolegi na profesorot.
Stavre, 12.11.2007 15:15:45
Do koga ovoj kvazi ekspert ke komentira za se, pa ne razbira li nekoj deka dupeto samo za pari si go prodava i nasol pamet da soli? Ke go namrazam vesnikot poradi nego koj redovno go citam, daj ovoj majmun trgnete go od nasiot vesnik
Metko, 12.11.2007 17:00:22
Klinicki ne e rasturen,postepeno, kako senka,toj se seli kon Tetovo,idniot glaven grad na idnata pokraina-drzava Ilirida.Ne veruvate?Smesno vi e?Otvorete gi ocite pa ce vidite i ce poveruvate!
Angel, 12.11.2007 18:30:11
Mislam deka celta na ministerot e konecno da se znae koj krade i kolku krade od zdravstvenata kasa ,a ne kako do sega .Megutoa ima uste lica na koi ova ne im odgovara.Mozebi ne e najsrekno resenie ama dobro e za pocetok.MOzebi ke bese posrekno resenie ako gi ostavea da rabotat kaj sakaat so obvrska da se prijavat i da oplatat danok od 30 %.Mislam deka taka ke bese i zakonski ako ne se razbiram vo ovie nasi pravni lavirinti(dali nekoj moze da se snajde)

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
10°СкопјеВреме
Облачно
Саб13
Нед15
Пон14
Вто13
Сре14
НајчитаниНајкоментирани
11.11.2007, 18:43

„Комисија на последната шанса“
Антибиотиците не се бонбони
Хрватите се противат на приватизација на автопатиштата
     Site Meter   
период од-до
-