www.utrinski.com.mk
29 јуни 2017 07:22
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:18

Политиката ги брка младите од земјава

Клучните мотиви за напуштање на земјата се очекувањето подобар животен стандард, полесно вработување, поквалитетно образование, но индикативно е што речиси 15 отсто во анкетата рекле дека би се иселиле поради политичката состојба

Наум Котевски



Да се спакуваат куферите и да се упатите во некоја од ветените земји поблиску до можностите, но подалеку од семејството, пријателите и роднините, како што велат оние што се одлучиле за таков потег, не е лесно. Но, според новата анкета на Телма и МЦМС спроведена телефонски од „М-проспект“, дури 39,2 отсто од македонските граѓани трајно би се иселиле од државата. Но она што е уште попоразително е што на трајно иселување најмногу размислуваат младите.

Загрижувачка е бројката од дури 61 отсто од младите на возраст меѓу 15 и 24 кои сакаат трајно да се иселат, додека 92 отсто од оние над 65 години сакаат да останат во Македонија. Но, специфично е, како што се наведува, и што на иселување размислуваат во голем процент и оние на возраст од 35 до 54 години, а тоа се старосни групи кои го опфаќаат речиси сиот работоспособен потенцијал.

Гледано по етнички параметар, 31 отсто Албанци би се иселиле додека кај Македонците процентот е повисок, би ја напуштиле државата дури 40 отсто од нив. Како причини за напуштање на Македонија кај дури 50 отсто од испитаниците доминираат две причини, животен стандард и можноста да се најде работа во странство. Клучните мотиви за напуштање на земјата се очекувањето за подобар животен стандард, полесно вработување врз база на интелектуална способност а не партиска, поквалитетно образование, но индикативно е што речиси 15 отсто рекле дека би се иселиле поради политичката состојба.

Ваквите поразителни резултати доаѓаат во време на сериозна политичка и општествена криза кога се' погласни се патриотските повици за одбрана на државата, наспроти лошите резултати на полето на економијата, животниот стандард и демократијата. Во таа манипулативна игра, како што велат социолозите, се вовлекуваат и младите луѓе, кои, сепак, според нив имаат еден здрав поглед на хиерархијата на вредности.

„Бројката од 15 отсто кои рекле дека би се иселиле поради политичката состојба покажува дека проблемот од сферата на егзистенцијалното - невработеноста, ниските плати, веќе длабоко навлегува во културолошката сфера, во полето на вредносните кодови. Нивното бришење, за жал, ја засилува претпоставката кај граѓаните, особено кај младите, дека тука нема живот“, оценува професорот по социологија Илија Ацески.

Според него, младите луѓе поседуваат чувство на припадност, но недостасува повратното дејство кое би создало кај нив надеж дека нештата ќе се подобрат на подобро. „Тие, очигледно, добро го препознаваат погубниот популизам на политичките елити кои дејствуваат исклучиво во насока на своите потреби и интереси, а не во креирање амбиент во кој тие млади луѓе соодветно би се реализирале во согласност со нивните планови и потреби. Она што последниве години се случува во општеството брзо ја зголеми бројката на луѓе кои би се иселиле поради политичката состојба. А, таа, за жал, многу побавно се намалува, бидејќи за структурни промени во општеството е потребен подолг период“, нагласува Ацески.

Од друга страна, велат дел социолозите, треба и да се напомене дека меѓу младите нема премногу идеализам и утопизам. Значи не е да се биде богат нешто што е највисоко на позицијата на вредносните ориентации, но секако, како што нагласуваат, младите не се утописти кои ја порекнуваат својата и општата човечка потреба да бидат финансиски безгрижни и обезбедени. Без младите школувани луѓе, оценуваат тие, не може да се изврши трансформација на општеството. Вербализмот, приказните, ветувањата не се доволно. Без структурна промена на општеството и ведносниот систем нема суштинско подобрување на амбиентот за да се врати надежта и перспективност кај младите. А, тие имаат можност на основ на своите цели, образование и убедување да одлучат што ќе прават - ќе ги пакуваат куферите или иднината ќе ја градат во својата земја.

Статијата е прочитана 794 пати.


Испрати коментар
На влезот во Тетово се' уште има ѓубре
Сите молчат за случајот „Лажна бременост“
Донирана нова опрема за следење на квалитетот на водата и воздухот
Родителите на деца со посебни потреби поставија шатори пред Собрание
цел, 21.04.2017 00:02:52
тоа е целта на хоурхе и коле компани да се иселат сите оние кои размислуваат со своја глава нив му требат само оние кои се однесуваат како стока
   15 |   11
Д,глев с.Сопот, 21.04.2017 07:55:45
Точно така г-дине млад автор! Ти не правиш редослед на настаните бидејќи годините ти се малку. Татковците кои од 90-те беа избркани од фабриките во РМ со таквите закони, изродија деца кои сега пораснаа и немаат каде. Се ставија катанци, се истопи железото, во сите градови само руини а се направија толку многу олигарси кои сега владеат во РМ. Тие деца сега бараат и опстанок бидејќи основата уште на нивните татковци им е уништена. Биди малку реален во анализите а не само денес за денес, а како било до вчера и не нудиш формула за тоа да се намали и спречи. Млад си, ама треба и да си реален и ако те боли тебе, мене уште повеќе ме боли!!
   12 |   14

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Чет37
Пет37
Саб38
Нед31
Пон23
Вто26
Сре30
Чет30
Пет30
Саб30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ