www.utrinski.com.mk
23 мај 2017 16:46
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:25

Бушати: Тирана не се меша, туку пријателски советува

 

Вашингтон - Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постоела тиранска платформа и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија.

Бушати, кој беше гостин на Германскиот Маршалов фонд, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе МТВ.

Според Бушати, погрешно е платформата да се нарекува тиранска, а Албанија не се мешала, туку пријателски советувала.

„Не е прецизно да се каже дека има тиранска платформа. Нема тиранска платформа. Има платформа на албански политички партии за која се дискутираше со Груевски и со Заев. Имаше договор со Груевски што потоа беше одбиен од причини што немаат врска со Албанија, Тирана или премиерот Рама. Никогаш не сме се мешале во домашните работи во Македонија и многу сме внимателни при советувањето на пријателски начин, исто така на нашите пријатели во Македонија на начин да не се одговори на провокациите што доаѓаат од улица“, истакна шефот на албанската дипломатија.

Бушати избегна да одговори на прашањето од претседателката на американскиот Германски Маршалов фонд, Карен Донфилд, да ја објасни изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за потребата за единство на Косово и Албанија ако не влезат во Европската Унија. Тој го избегна и прашањето од дописникот на Македонската телевизија да биде поконкретен дали обедувањето на Косово и Албанија е почеток на формирање на „голема Албанија“.

„Мислам дека ја објаснував позицијата на Албанија, на позицијата на албанскиот премиер за стратешкото партнерство што го имаме со Косово. Не можам да додадам ништо друго на тоа“, рече Бушати.

Истакна дека Албанија била најдемократската држава на Западниот Балкан и бедем против руското влијание, дека имало назадување на демократијата во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и во Хрватска. (МИА)

Статијата е прочитана 326 пати.


Испрати коментар
ДУИ тврди дека Заев и Груевски преговараат
Иванов не само политички, може да одговара и кривично
Стигна првата закана од меѓународната заедница
Иванов - Иваниќ - Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
bitola-1, 21.04.2017 00:36:15
Ovie ne samo shto mavkaat so americkoto zname,tuku i se ponashaat kako amerite,nosat soveti i demokratija,ushte da ne bombadiraat demokratski i milosrdno.
   5 |   2

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
25°СкопјеВреме
Облачно
Вто25
Сре21
Чет16
Пет18
Саб19
Нед21
Пон21
Вто23
Сре24
Чет25
НајчитаниНајкоментирани
 
Рама ја искористи платформата за поени во Албанија
Разочарување во Витлеем: Трамп ја одмина Базиликата на Исусовото раѓање
Балканот- колевка на човештвото?
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ