www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:15
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 17:20

Скопје го доби своето прво зелено пано „City Tree“

Билбордот е симбиоза од специфични култури и мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ честички ситна прашина, азотни оксиди и озон и неутрализираат 240 тони јаглероден диоксид годишно

Скопје конечно го доби првиот „City Tree“, иновативен и патентиран зелен билборд. Прочистувачот на воздухот е поставен близу хотелот „Мериот“ во центарот на градот. Ова таканаречено „Градско дрво“ е вертикална структура од мов со височина и широчина од по четири метри и длабочина од 60 сантиметри.

Претставува симбиоза од специфични култури и мовови со васкуларни растенија кои „јадат“ ПМ честички ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглероден диоксид годишно. Мововите и васкуларните растенија ја привлекуваат и фаќаат ситната прашина, а потоа ја претвораат во фитомаса која ја користат како храна. Овој растителен филтер го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво, а може да се адаптира на секоја животна средина и има ист ефект како 275 дрва. Структурата е самоодржлива, бидејќи има соларни панели и резервоар. Билбордот со растенија има пропустлива структура која има способност и да ја забави брзината на ветерот.



Ова прво вакво „Градско дрво“ во среда ќе го промовира Центарот за истражување и информирање за животната средина „Екосвест“, а утре тоа ќе го направи и во Тетово. Но, само по два дена откако паното е поставено во центарот на Скопје, тоа е веднаш исцртано со графити, а вандали веќе корнеле од растенијата на инсталацијата.

„Апелираме до граѓаните да не се оштетува инсталацијата ’City Tree‘, за да може во иднина да ги стимулираме компаниите да постават уште вакви зелени билборди. За само два дена откако беше поставена, веднаш беа исцртани графити, кои ќе мораме да ги отстраниме пред официјалната промоција утре. Апелираме граѓаните да не ги кинат растенијата на инсталацијата, бидејќи таа ќе ни користи на сите“, вели Елена Николовска, од „Екосвест“. (Сн.К.)

Статијата е прочитана 602 пати.


Испрати коментар
Општина Центар сака зеленило и клупи наместо улица на Кеј

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ