www.utrinski.com.mk
28 јуни 2017 16:15
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 14:36

Во Македонија не постои естрада

Наум Петрески пред јубилеjниот концерт по повод 30 години кариера

Нема зима за зимзелените пејачи, инаку за сите најдобри пејачи има голема ладна зима. Никако да се заштити и да се оформи естрада што ќе има тежина во државава. Сите вредности се или избришани или помрднати од не знам кои причини“, вели уникатниот глас на македонската естрадна сцена

Катерина Шекеровска



Наум, годината Ви започна убаво - снимивте две нови видеа за темите „Заљубив“ и „Дајте вино“ кои се наоѓаат на Вашиот нов, актуелен албум „Грло недопеано“, со чија промоција ја заокруживте минатата година. Триесет години кариера и 50 години живот ќе кулминираат со голем јубилеен концерт закажан на 22 април во „Метрополис арена“. Што и' подготвувате на публиката?

Подготвувам нешто што ќе се памти долги години заедно со мојата „Аворд продукција“. Направивме нов албум со 15 нови песни што допрва ќе се слушаат. Освен промоцијата на новите песни од последното цеде „Грло ненапеано“ на концертот ќе бидат отпеани и многу познати македонски рефрени, песни кои ја обележаа мојата кариера. Ќе има многу забава и интересни содржини, а гости на сцената ќе бидат многу мои пријатели од естрадата, пејачи, актери и други јавни личности.



Триесет години се „сериозна“ бројка - во изминатите децении имаше време, но и невреме за фолк-музиката, а вие останавте верен на Вашата примарна мисија- интерпретација на фолк-рефрени. Тешко ли е да се опстане сиве овие години како фолк-пејач? Велат дека нема „зима“ за пејачите од фолк-естрадата... и што Ви пречи најмногу на нашата естрада?

Нема зима за зимзелените пејачи, инаку за сите најдобри пејачи има голема ладна зима. Никако да се заштити и да се оформи естрада што ќе има тежина во државава. Сите вредности се или избришани или помрднати од не знам кои причини. Инаку ништо не ми пречи на естрадава бидејќи естрада не постои.



Во последно време сте активен и на социјалните мрежи каде што отворено го споделувате Вашето мислење за различни теми. Еден од последните постови беше посветен на македонските сопственици на компании, газди со чуден однос кон македонската музика. Дали реално тоа е нашата слика да не си го цениме сопственото и постојано да посегнуваме, да го вреднуваме туѓото?

Фактот дека не си го сакаме и цениме своето, произлегува од незнаењето и приклонувањето кон се' што не е наше македонско. Реалната слика е дај нешто што не е наше. Жално и превистинито.



Што се случи со плановите за пробив надвор од земјава? Има(ше) планови за освојување на соседството?

Пробивање надвор од нашава земја со наша музика е тотално невозможно. Пробав на неколку фестивали во Србија на „Моравски бисери“ да отпеам нови песни, меѓутоа кога осетија дека имаме победничка песна во дует со Елена Велевска, нашите српски колеги го бојкотираа фестивалот. И така помина и тој фестивал.



Вие сте и страсен ловец, а на Вашите улови често може да Ви позавидат и професионални ловци. Кој е Вашиот најголем трофеј?

Ловот и риболовот ми е хоби и не се трудам да ловам капиталци. Тоа ми е релаксирање и дружење повеќе, а не убивање животни. Претпочитам пешачење и дишење чист планински воздух.



Колку имате време за семејните обврски и воопшто за обврските на Вашите деца, иако ќерките се веќе големи, а Анастасија цврсто гази по Вашиот пат? Дали синот Стефан е најпалавиот од сите?

Последниве десет години се оттргнав од многу други работи за посветување време на најмалите бидејќи немав време за ќерките во почетокот на мојата кариера што и тогаш тешко се градеше. Гледам што повеќе да бидам присутен, колку што можам за се' што е поврзано со нив. Стефан е најпалав и најмазен нормално затоа што е најмал. Но исто така е преталентиран и надарен не само за музика туку има голем интерес за сите науки.

Статијата е прочитана 794 пати.


Испрати коментар
Што прават денеска
Вкусен агол
Вкусен агол
„Несериозна“ пунџичка и патец на страна
Концерт на Влатко Стефановски и „Биг бенд оркестар“ на словенечката војска
Миша Бартон - Моите најголеми стравови се остварија
Шон Пен со ултиматум го спасил синот од зависност
riki, 21.03.2017 00:17:20
Точно така,не си го сакаме своето! А зошто не го сакаме? Шумадинските дпмн,овци за цела една деценија не успејаа или не сакаа да ја заштитат Македонската песна. Цаки цале и одакле си селе,се хитовите. 90 год со независноста на РМ,нашата музика беше едноставно,ТРЕНД! Министерството за култура е презаватено со стиропор и провизии..П.С Н.Петрески не го давам за сто шабановци и китевци..
   17 |   23

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
34°СкопјеВреме
Сончево
Сре35
Чет37
Пет36
Саб38
Нед32
Пон23
Вто25
Сре27
Чет30
Пет30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ