www.utrinski.com.mk
29 јуни 2017 07:21
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:09

Донирана нова опрема за следење на квалитетот на водата и воздухот

Вредноста на донацијата што ја додели Европската Унија изнесува 350.000 евра

Велес - Опрема и апарати вредни 350 илјади евра добија неколку Центри за јавно здравје од земјава, како и државни институции за мерење на квалитетот на водата и воздухот и на бучавата во повеќе македонски градови. Опремата е обезбедена преку Инспекторат за животна средина и е донација на Европската Унија преку претпристапната помош од фондовите ИПА 1.

„Оваа опрема е наменета за подобрување на перформансите за примена и спроведување на законодавството од областа на животната средина. Како инспекција ќе добиеме навремени и веродостојни резултати за да може да имаме брза реакција. Загадувањето на одредени медиуми како вода, воздух е од краток временски период, па, додека да дојдат нашите инспекциски служби на местото, можно е загадувањето веќе да го нема. Со оваа софистицирана опрема и апарати ќе имаме подобри резултати“, рече Дарко Блинков, советник за меѓународна соработка при Инспекторатот за животна средина.

Нова опрема добија Центрите за јавно здравје од Скопје, Битола, Тетово, потоа, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Хидробиолошкиот институт од Охрид. Таа е наменета за испитување на квалитет на водата и воздухот, за бучава, за ПМ 10. Најголемиот дел од апаратурата е за ЈВП „Лисиче“ и Центарот за јавно здравје Велес, во висина од околу 100.000 евра.

„Со овие нови апарати ќе се засили мониторингот на водите, што го правевме и досега. Така ќе имаме подобри податоци и поквалитетно извршување на задачите кои ни се обврска“, изјави Бобан Пановски, директор на Јавното водостопанско претпријатие „Лисиче“.

Опремата на корисниците им е отстапена на користење, а не во нивна сопственост. (П.П.)

Статијата е прочитана 323 пати.


Испрати коментар
Политиката ги брка младите од земјава
На влезот во Тетово се' уште има ѓубре
Сите молчат за случајот „Лажна бременост“
Родителите на деца со посебни потреби поставија шатори пред Собрание

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Сончево
Чет37
Пет37
Саб38
Нед31
Пон23
Вто26
Сре30
Чет30
Пет30
Саб30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ