www.utrinski.com.mk
27 април 2017 14:54
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 16:10

ФОТО: Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада

ФОТО: Киро Попов

Стотина албански студенти, интелектуалци и поранешни борци на ОНА денеска протестираа пред француската aмбасада во Скопје барајќи од Франција да го ослободи Рамуш Харадинај, бидејќи со одлука на Меѓународниот суд бил прогласен за невин. Француската полиција го уапси Харадинај пред неколку дена по налог издаден пред неколку години од страна на српските власти, а српското обвинителство за воени злосторства до Министерството за правда достави наредба за проширување на истрагата против него.

Белград деновиве побара засилување на безбедноста околу своите амбасади од неколку држави во светот, меѓу кои се' уште не е Македонија, објаснувајќи го тоа со можноста тие да бидат цел на албански терористи. Според српски дипломат, во ситуација како сегашната, кога се организираат демонстрации, логично е да се подигне нивото на безбедноста околу амбасадата.



„Очекуваме адекватно да бидеме заштитени и Македонија да преземе тоа што е неопходно, поради Виенската конвенција и пријателските односи меѓу двете земји“, порача дипломатот со надеж дека нема да има инциденти.

Српските дипломати добиле од Белград прецизни инструкции дека мерките за безбедност се на највисоко ниво. Засега не се размислува за повлекување на персоналот, но им е сугерирано активирање посебни планови за кризни ситуации што ги има секоја амбасада. Амбасадорите се обврзани за сите контакти и движења првично да го информираат Министерството и по потреба домаќините, за да биде нивната рута обезбедена, да избегнуваат јавни настани и движењето да го сведат на најмала можна мера. Засилено обезбедување е побарано од властите во Швајцарија, Турција, Германија, Италија и Белгија.(Н.Р.)

Статијата е прочитана 1687 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Попоски до Бушати - Погледај го својот двор
Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски
За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја
Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување
Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
23°СкопјеВреме
Делумно облачно
Чет26
Пет26
Саб22
Нед15
Пон20
Вто22
Сре22
Чет20
Пет20
Саб18
НајчитаниНајкоментирани

ДПА: Македонија е заложник на Груевски и неговата клика
Сирија: Експлозиите кај Дамаск предизвикани од израелски проектили
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ