www.utrinski.com.mk
29 јуни 2017 06:01
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:00

Ахмети растргнат меѓу партиското членство и Груевски

Доколку Ахмети одлучи да ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ ќе наиде на силен отпор во партијата, бидејќи досегашните анализи покажале дека огромно мнозинство се изјасниле за тоа да заврши коалицијата со Груевски

Татјана Поповска


Раководството на ДУИ утре во Мала Речица ќе расправа со какви позиции ќе настапи пред преговорите на партискиот лидер Али Ахмети, со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за идна владина коалиција. Според неофицијални информации, партијата ќе ги анализира сите опции, од тоа да одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, но и можноста да предложат техничка влада или пак да станат опозиција. Но, ќе се анализираат и последиците што би ги претрпела партијата во зависност од одлуката што ќе ја донесат.

Во секој случај Ахмети е во незавидна позиција, во однос на тоа која опција да ја избере. Тоа на некој начин и самиот го призна во интервјуто, за ТВ21, кога нагласи дека е „на големи маки“. Иако партијата се' уште нема донесено конечна одлука, Ахмети на последниот јавен настап, практично ја подотвори вратата за соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Дали навистина ДУИ ќе донесе таква одлука, се' уште е неизвесно.

Поранешниот министер за финансии и познавач на политичките состојби во земјава, Џевдет Хајредини, последниот јавен настап на Ахмети го оцени како негов обид пред јавноста да ја зацврсти позицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Беше очигледно дека Ахмети сака да ги зајакне позициите на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се спаси себеси. Во спротивно, секоја опција со СДСМ ќе значи дека нема да може да се спаси себеси и неговите блиски соработници коишто се огрешиле од законот. Затоа тој најавува дека нема да се формира влада доколку не се прифати платформата. Спас гледа во тоа ако му овозможи на Груевски да има нови избори и ВМРО-ДПМНЕ да ги мобилизира Македонците. Станува целосно јасно дека Ахмети е во тешка состојба и е целосно зависен од Никола Груевски“, објаснува Хајредини.

Според него, за Ахмети во моментов е важно да ги одложи процесите на кривична одговорност или тоа целосно да го избегне, што, според Хајредини, е невозможно.

„Очигледно е дека Ахмети се обидува да го спаси Груевски и затоа не коментира за тоа зошто Македонија е во ваква состојба, зошто институциите се заробени... Освен некои негови соработници, сите оние во ДУИ што не се заглавени во криминални дела се против коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, нагласува Хајредини.

По интервјуто за ТВ21 во јавноста доминираше впечатокот дека Ахмети е многу понаклонет да ја продолжи соработката со Груевски отколку да влезе во какви било преговори со СДСМ. Според него, СДСМ има помал капацитет од ВМРО-ДПМНЕ и не може да гарантира стабилност на земјата.

„ВМРО-ДПМНЕ е политички субјект кој има капацитет и чии сто проценти од гласачите се Македонци. Секако дека има поголем капацитет од СДСМ. Голем процент од гласовите на СДСМ не се од македонски гласачи. СДСМ не е победничка партија на изборите и кој ни гарантира нам за тоа колку стабилна може да биде ситуацијата“, вели Ахмети.

Сепак, тој нагласи дека пред да седне да разговара со Груевски, ќе мора да завршат внатрепартиските анализи, во однос на тоа во кој правец треба да се движи партијата. Тој најави четири опции - коалиција со ВМРО-ДПМНЕ; коалиција со СДСМ; ДУИ да предложи техничка влада или пак партијата да стане опозиција. Сепак, Ахмети не ја исклучува и можноста да има уште едни парламентарни избори.

Првиот човек на ДУИ стои на принципот дека победниците од македонскиот и од албанскиот политички блок треба да формираат владина коалиција. На прашањето дали платформата на Албанците ќе биде услов за формирање на новата влада, тој избегна да даде конкретен одговор и рече дека оваа платформа, како и двојазичноста се неопходност.

На забелешката дека ја релативизира реториката на досегашниот партнер, Ахмети се огради со став дека нема да биде адвокат ниту на едната, ниту на другата партија.

„Не верувам во тоа што е кажано само за дневно-политички поени. Јас добро ги познавам и двете страни, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие воопшто не се разликуваа кога стануваше збор за третирање и унапредување на албанските прашања. Ние не бараме ни повеќе ни помалку од она што е предвидено со Охридскиот договор, кој наложува употреба на албанскиот јазик, а овој договор се одразува врз Уставот“, рече Ахмети.

Статијата е прочитана 2527 пати.


Испрати коментар
Формирањето влада во 1992 и во 2017 – тешка равенка
Попоски до Бушати - Погледај го својот двор
За СДСМ - Груевски е минато, за ВМРО-ДПМНЕ - Заев е историја
(ФОТО) Протести за поддршка на Харадинај пред француската амбасада
Неделкова без право јавно да се пожали на вонредното бодување
Скопскиот кривичен суд се' уште без термин за судење за „Пуч“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
19°СкопјеВреме
Ведро
Чет37
Пет37
Саб38
Нед31
Пон23
Вто26
Сре30
Чет30
Пет30
Саб30
НајчитаниНајкоментирани
 
Се зголемува бројот на милионери во Германија
Ангела Меркел и истополните бракови
Ахмети закажа средба, Беса одби: Не разговараме по хотели!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ