Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска
Култура
13.09.2010, 17:22

„Звуците на чаршијата“ ќе го заживуваат старото градско јадро

Манифестацијата ќе понуди музика, изложби, поетски читања на повеќе локации во чаршијата

Невена Поповска

Со отворање колонија на ликовни дела во Мурат-пашината џамија, денеска напладне ќе почне традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“. Организатор на манифестацијата е Културно-информативниот центар, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје и општините Чаир, Центар и Сарај.

До затворањето на 15 септември на полноќ, манифестацијата ќе понуди музика, изложби и уметнички перформанси, поетски читања, презентација на стари занаети и традиционална храна, модни ревии... кои ќе се одржуваат на повеќе локации во чаршијата - во уличките и ановите, во објекти и на отворено.

Целта на „Звуците на чаршијата“ е заживување на старото градско јадро на Скопје, што ја симболизира и мултикултурноста на градот и е белег на неговото минато и историја. Манифестацијата се вклопува и во целите на петгодишната Програма на Министерството за култура за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на вчерашната средба со новинарите истакна дека во рамките на програмата на Министерството ќе се реализираат и други активности во таа споменична целина. Имено, според Канческа-Милевска, планирано е да биде продолжен проектот за реновирање на фасадите во чаршијата, дел од Безистенот ќе биде место за творење на членовите од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а во план е и отворање културно-информативни пунктови со брошури за туристите.

Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски посочи дека афирмацијата на чаршијата и враќањето на луѓето во неа е меѓу главните определби. Покрај оваа манифестација, организирана од КИЦ кој е во надлежност на Град Скопје, на просторот на чаршијата ќе има и други културни содржини поддржани од градот, а меѓу нив претстои традиционалната „Бела ноќ“.

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити рече дека целта е да и се врати сјајот на чаршијата, а за тоа, како што додаде, најдобар начин е културата. Тој потсети на минатогодишниот голем одѕив за манифестацијата и се надева дека оваа година ќе има над 100.000 посетители. Меџити очекува и двојно повеќе гости во чаршијата оваа седмица зашто по „Звуците...“ во чаршијата ќе се одржува и „Пиво фест“.

Скопската чаршија настанала и се развивала на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Уште во доцниот среден век овде се одвивала целокупната стопанска дејност на градот. Чаршијата настанала во XI и XII век. Доаѓањето на Османлиите значело продолжување и проширување на веќе востановената традиција.

Во периодот од XVI до XVII век, Чаршијата го достигнала својот урбан и стопански зенит, развивајќи се во една од најголемите и најзначајни ориентални чаршии на Балканот, сочинувајќи комплекс од три функционално поврзани објекти: ан (карван-сарај) - објект за сместување луѓе, добиток и стока, амам - јавна бања за капење и џамија. Таа претставува единствен споменик на културата во Македонија во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.

Старата чаршија сведочи за културата на Ориентот, развиена и култивирана од жителите на Скопје. Во чаршијата денот е исполнет со интересни активности. Невозможно е да не се посетат многубројните ќебапчилници и чајџилници. Чаршијата изобилува со културно-историски споменици: анови, амами, џамии, безистен. Некои од овие објекти се претворени во уметнички галерии, изложбени простори, музеи, а во дел од нив се сместени ресторани и продавници. Тука се Музејот на Македонија, Музејот на Старата скопска чаршија, Националната уметничка галерија, а атракција се дуќаните на занаетчиите што се' уште работат на традиционален начин.


Статијата е прочитана 1464 пати.


Испрати коментар



Промоција на „Палиндром со две н“ од Ѓоко Здравевски
„Матица“ го објави најдобриот роман од Јужна Африка за 2010
Се' уште се верува во самовили
„Мајки“ на Манчевски на отворање на фестивалски комплекс во Торонто
Големиот театарски проект „Црвено“ премиерно во Битола
Откриена праисториска населба во Струмичко

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Претежно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 12°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Вкусен агол
(ИНТЕРВЈУ) Мајсторството во сликарството секогаш подразбира истражување
Академскиот сликар Борис Петров презентирал на 23 самостојни изложби во земјава и во странство и на многубројни групни п...
Научниците ја открија планетата на Ајнштајн
Специјалната теорија за релативитетот на Ајнштајн се покажа покорисна од кога и да е, бидејќи научниците со нејзина помо...
(ВИДЕО) Сто најдобри песни според „Ролингстоун“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска |