www.utrinski.com.mk
23 април 2017 12:01
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 16:00

Трезор: Нема место за очајување

Идеите на Трамп за екологијата се опасни

Берни Сандерс

Лидерите на најголемите корпорации во Америка, на Волстрит, од „Џенерал електрик“ ни велат: „Сакаме намалено социјално осигурување и поголеми даночни олеснувања за корпорациите и големиот бизнис“. Сите тие имаат милиони долари во нивните програми за пензионирање. Заштитени со нивните златни падобрани, тие се доволно дрски да дојдат во Вашингтон и да кажат: „Намалете го социјалното осигурување за луѓето кои заработуваат 14 илјади долари годишно. Намалете го ’Медикер‘, намалете го ’Медикаеид‘, дајте им уште даночни олеснувања на оние на врвот“.

Овој бесрамен аргумент се распаѓа веднаш штом ќе се испита подлабоко, но проблемот е во тоа што од разни причини тоа не се случува. Расправите се вртат на проблемот со личното вооружување, прашањето за абортус итн. Нашата работа, пред се', е да бидеме вклучени во политичкиот процес на секој можен начин.

Но, не се работи само за вклучување во изборниот процес. Ние победуваме и кога луѓето ќе се заинтересираат за еколошки прашања. Државата Њујорк забрани хидраулично разбивање. Тоа не се случи затоа што градоначалникот едно утро решил да го направи тоа. Тоа се случи затоа што стотици илјади луѓе му рекоа дека тоа е добра идеја. Зголемувањето на минималната плата на ниво на речиси цела земја, исто така, е пример за успешна кампања. Ако некој пред пет години речеше: „Минималната плата во Вашингтон е 7,25 долари. Ајде да ја зголемиме на 15“, сите би помислиле дека е луд. Но, имавме храбри луѓе, работници во индустријата на брза храна - ми беше чест да протестирам со нив – кои станаа и рекоа: „Не можеме да живееме од 9-10 долари на час“. И ете чудо, Сиетл, Вашингтон добија по 15 долари на час. Сан Франциско, Калифорнија, државата Њујорк – тоа се шири како шумски пожар.

Идеите на Трамп за екологијата не се само срамни, туку и опасни. Единствен начин да ги победиме е милиони луѓе да ги притиснат институциите. Не е случајно што „Ексон мобил“ и „Џенерал електрик“ сега велат: „Климатските промени можеби се вистински, господине претседателе“. Кога милиони луѓе велат дека се загрижени за нивните деца и нивните внуци и идните генерации, доаѓа до промени. Значи, нема место за очај. Сега, повеќе од кога и да е, ни треба да покажете отпор.

(Берни Сандерс е американски сенатор)

Статијата е прочитана 180 пати.


Испрати коментар
Тинк-тенк група блиска до Путин изготвила план за влијание врз изборите во САД
Иранците се собираат за шопинг и ноќен живот во Ван, Турција
Меѓународната вселенска станица доби ново друштво

Електронско издание

Денот низ фотографии

Најнови вести
15°СкопјеВреме
Облачно
Нед16
Пон17
Вто21
Сре23
Чет23
Пет24
Саб20
Нед17
Пон17
Вто18
НајчитаниНајкоментирани

Конфронтации во Келн: Жестоки протести против АФД
Македонија на чекор до неславниот рекорд на Холандија
Германија не е виновна што извезува толку многу
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ