www.utrinski.com.mk
27 мај 2017 15:52
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.04.2017, 17:57

Си велам

Денот на победата е во мај

Ерол Ризаов

Светот на 9 мај редовно ја одбележува победата над фашизмот, но неговите рецидиви во најразлични неофашистички и нацистички нови форми се' уште не се искоренети и опстојуваат како пиреј

Ќе заврши ли еднаш овој циркус, ќе ја биде ли државата - е најчестото прашање во Македонија, кое нема ден да не го слушнам цели две години. Ако се направиш на „тошо“ и да прашаш кој циркус, која држава, ризикуваш да те загледаат како мува во маштеница и да те прогласат за несаглам, за чукнат... Ако, пак, сакаш да изигруваш „баба Ванѓа“ или оџата од Битола, ѓоа си добро информиран и почнеш да мудруваш дека мора да се почитува Уставот и законите и дека правдата и правото ќе победат, дека само прашање е на денот кога партиите, кои по регуларните избори го сочинуваат мнозинството во парламентот, ќе ги преземат своите уставни надлежности и одговорности, ќе го конституираат Собранието и ќе формираат нова влада, дека тоа е историска неминовност, бла, бла, бла... нема да си го доречеш зборот, следува следното прашање: аман, бе, тоа го знаеме сите, кажи кога тоа ќе се случи, денес утре, за десет, дваесет, сто дена, за година, две, три... И што ќе биде дотогаш со државата и со граѓаните.

Се сомневам дека некој на дуњава го знае одговорот на прашањето кога ќе падне старата и ќе дојде новата власт во Македонија. Засега се знае само дека е рикната власта, дека е паднат режимот, ама се' уште владее неприкосновениот водач и не си оди. Му се може. Вождот е со неограничена власт, иако не е крунисан за цар, ниту е премиер, ниту е претседател на државата, ниту е спикер на Собранието, ниту е министер, ниту командант на армијата, ниту е генерал, ниту е врховен судија, ниту поглавар на црквата. Тој е сето тоа заедно, се' е во рацете и во главата на еден човек, кој формално и де факто се води само како претседател на внатрешна револуционерна организација, која е и политичка партија, единствена од тој тип, а легална во Европа. Според некои познавачи на парламентарни демократии тоа е единствена револуционерна партија во светот која е на власт и во опозиција истовремено. Лидерот на таквата револуционерна организација е помоќен и од средновековен деспот. Тој управува со парламентот, со владата, со претседателот на државата и на Собранието, со Уставниот, со Врховниот суд и со сите судови и обвинителства, командува со армијата и со полицијата, со тајните разузнавачки служби, тој единствен го има клучот од државната каса и тој одлучува колку пари на граѓаните денеска ќе потроши, или за колку ќе ги задолжи во странските и домашните банки и нив и нивните се' уште неродени деца. Под негова команда се и четите со црни маици, кои спонтано, на замолница на началството на организацијата, се формираа како патриотски формации во одбрана на татковината од „клетите шиптари“ и македонските предавници. Тие се заштитници кои треба да им влеат самодоверба и храброст на колоните загрижени граѓани кои секој ден маршираат низ Скопје и низ македонските градови за одбрана на македонскиот јазик, идентитет, име, знаме, химна, унитарност, неделивост на државата, за заштита на слободата и демократијата, за заштита од федерализација, кантонизација и редефинирање, од распаѓање и целосно уништување.

Луѓето протестираат секој ден, иако таква опасност од нигде нема, освен во главата на вождот и неговите следбеници како единствена можност за одбрана од судската правда за злоделата за кои се осомничени по 11-годишно неконтролирано владеење. И сега оди ти во еден ваков хаос, во ваков амбиент на војна на живот и на смрт, конституирај Собрание или избери нова влада, рипни во котелот што врие. Низ Скопје не маршираат само граѓани кои протестираат во одбрана на осомничените властодржци, туку и одреди специјалци со автомати во рацете видливо распоредени пред јавните институции. Борните коли навечер и воените хеликоптери од сабајле се убави пораки за безгрижен почеток и за крај на денот во заробена Македонија од опасни узурпатори.

И сега што мислите, дали навистина е причина да не се дава власта по никоја цена поради декларацијата на албанските политички партии, која е обилно сервирана во јавноста како тиранска платформа. Дали е тоа главен адут за кршење на Уставот и на законите или се работи за досега невидена во светот заштита на осомничената власт. Дали верува некој во државата ако албанските партии ја повлечат платформата дека е отворен патот за мирно предавање на власта и непречено конституирање на парламентот и владата. Јас во тоа не верувам. Ставам две раце во оган дека истиот миг по еден таков потег ќе се измислат уште сто причини.

Прво, веќе сите забележаа дека никој од врвот на власта од албанските партии не побара такво нешто. Барањето е упатено до македонските партии кои го предводат новото мнозинство да ја одбијат платформата на албанските партии. Да се одбие тоа што веќе тие самите го прифатија, освен само една точка, многу значајна, се разбира, само за нивната судбина, а тоа е да се спречи правдата и да се амнестира криминалот. За тоа во овој момент е неопходно да се сотре Специјалното јавно обвинителство и да се прифати партиската и политичка акција на новиот тазе избран претседател на Врховниот суд, кој заедно со партиското мнозинство во Уставниот и во врвот на кривичниот суд, сите во спрега со јавниот обвинител да се отфрлат истрагите и обвинителните акти на СЈО, бидејќи доказите се стекнати на незаконски начин, односно преку незаконско прислушување. На вака перфиден начин осомничената власт сака да го поништи специјалниот закон донесен едногласно во парламентот, токму поради таа цел да се овозможи истрага по содржините на прислушуваните разговори кои се незаконски направени, но преставуваат грубо кршење на човековите права и се извонредна база со изобилство од автентични непосредни сведоштва за голем криминал и корупција, фалсификување избори, незаконска пресметка со политички противници, со нарачки на судски пресуди... и уште голем број тешки кривични дела. Специјалниот закон за работа на СЈО донесен во парламентот едногласно со таа намена и не може да се укине со цел да се попречи правдата. Секој таков обид е кривично дело за подривање на политичко економскиот систем, односно на државата, дело кое не застарува.

И сега, што преостанува. Каде е решението во една ваква лимбо ситуација кога власта што не сака да ја прифати реалноста го спречува насилно новото парламентарно мнозинство да ги преземе своите уставни надлежности. А тоа, соочено со неможноста со блокадата и во парламентот, не може да го направи по мирен пат без крвопролевање. Власта која не сака да замине во опозиција и покрај тоа што не може да формира влада, всушност повикува на граѓанска војна.

Во тој случај, иако бавно, сепак светот не останува понастрана. Казната ако не од внатре, ќе стаса од надвор. Последните пораки кои доаѓаат од Америка и од ЕУ јасно кажуваат дека ќе нема толеранција за узурпаторите на власта. Читајте ја внимателно пораката на Стејт департментот усогласена со Брисел: „Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето влада, го обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и на регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи го и земањето на одговорност за нивните постапки“. Ова врвот на револуционерната организација, вклучувајќи ги и пратениците во парламентот и медиумските подбуцнувачи на омраза и граѓанска војна треба внимателно да го читаат пред и по секој оброк.

П.С. како епилог. Светот на 9 мај редовно ја одбележува победата над фашизмот, но неговите рецидиви во најразлични неофашистички и нацистички нови форми се' уште не се искоренети до крај и опстојуваат како пиреј. Во мај и во Македонија ќе се одбележи денот на победата над фашизмот. А пирејот... што е со пирејот. Ќе се исчисти, ама и нешто ќе остане. Светот секогаш го одбележува 9 мај како победа, а Југославија тоа го правеше на 15 мај, шест дена подоцна. Така ќе биде и сега во Македонија.

 

 

erizaov.mk

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот

НАПОМЕНА: Преземањето на текстот или делови од него, како и преземање на фотографија е дозволено само со одобрение од "Утрински весник" или според правилата на МПМ. За правилата на МПМ за преземање авторска содржина кликнете тука.

Статијата е прочитана 7485 пати.


Испрати коментар
Економијата го губи чекорот
Бизарното однесување на турско-германските гласачи
Демократски и патриотски протести
противпожарни одела... време е !, 21.04.2017 00:48:49
Сценариото на НиколАли е на дело , со божем ,,тиранска платформа,, откако на Али и неколкумина им пропадна планот со ДПМНЕ.Додека потпреседателите на ДУИ јавно кажаа дека ДПМНЕ `се потпишал, освен за СЈО, Ахмети молчи во корист на Груевски . Кога да има избори, ДУИ ќе биде десеткувана. Без срам и перде кажува дека оваа криза зависи од македонските партии ,а Бушати и Рама велат дека не постои тиранска платформа. Прдотворовите за божем одбрана на ,,заедничка Македонија ,, ама парите само за нив , место да го повикаат Али и партиите што ја потпишаа декларацијата , тие урлаат Заев да се откажел, и го бранат криминалот на газдите ?? Како во ,,Бела лаѓа,, Шоиќ кога викаше ,,на одбрани земље, на првој борбеној линии биЌе пензионери и крезуби,, Затоа , ЕУ и САД нека облечат ,,противпожарни одела,, додека не е доцна, и со електро шокови, карантин и ригирозна диета ( пари) ЗА ПОЕДИНЦИ , да спречат пожар од огромни размери. ВРЕМЕ Е !!
   137 |   30
milan, 21.04.2017 01:07:28
G-dine Erol,licno se nadevam SAD i EU da porabotat na planot na demokratizacija na nasata drzava. Na Hrvatska i pomognaa na vremeto so eliminacijata na Sanader. Si velam kaj nas toa mnogu potesko ke odi, bidejki osumnicenite kriminalci (za razlika od Sanader) imat podrska od delumno neupatenata, i delumno korumpirana masa gragani, pa ako sakate i korumpirana so priveleguvani rabotni mesta.Vo parlamentot pratenicite na DPMNE ke pocnat da si replicirat sami na sebe samo da se ocuva vlasta.Se znae koj ja sostavuva listata za izbori. Ako bide pratenikot veren na vozdot ke bide povisoko na listata. Za problemite vo drzavava sekogas imat krivec. Za revolucionernite mediumi vinoven na vremeto bese B.C. a sega e Zaev, pa zatoa situacijata izgleda kako kotel koj vrie a vo nego ne se vleguva. Ke povtoram edina nadez se nadvoresnite prijateli, a hrabriot Zaev tocno da gi informira. Pozdrav.
   67 |   32
bitola-1, 21.04.2017 01:13:46
Ivanov,*Ce Ge Vara,Durlo i druzinata* i Erol,neshto razlicno em isto,verglaat vo mesto i nikako da trgnat,te samo brojat i cekaat datumi?I sega Erol tipuva deka 15 maj {ne septemvri}ke bide denot *D*{na slobodata},i sto e ushte Erol smeshen, prashuva koga ke zavrshi ovaj cirkuz,a naviva za cirkuzanti pak da dojdat na vlast,toes zamena na elitata so rotaciski sistem kako vo YU po smrta na TiTo,26g i po sds-dpmne,i po dpmne-sds.Ete se stega krugot okolu familijata,pa izgleda ke bidne vlada sdsmovska,e togash ke vidime shto ke ni ckrta erol,koga mesto oktopodot pak ke zatvoraat kurbani,kako po 2002g,da vidime koj ke bide krivecot shto SJO go napravija so namerna fabricka greshka{lovdzija bez pushka}bez specijalen sud i policija,ili ne znaea sto gi cekashe{englezi bea}.Ke barate togash dokazi,iako denes gi imate kako pred 2002g.
   59 |   74
Sandra, 21.04.2017 01:15:56
После соопштението на Стејт Департментот, кај Мирка (викана Свирка), кај Никовски (викан Никој), кај Миленко (викан Неделкан) и кај Јанко (викан Бурек) нека се јават сите што би сакале да бидат во кожата на Грујо, или во онаа малку потенката на Хорхе. Според српските медиуми, пред неколку дена, за Велигден, воскреснал Милошевиќ и испратил порака до Грујо и Хорхе: „браќа мои, берете ум оти не ви гине мојата судбина; го славеја Исус, а мене не ме спомнуваат“!
   89 |   36
со твој камен по твоја глава, 21.04.2017 01:22:59
А пирејот... што е со пирејот? Петре Андреевски ќе ти објасни што е македонски пиреј, а ти и понатаму сонувај влажни соништа легнат на ОТОМАНОТ, а не дека не ти приличи...
   35 |   120
Ајван Доктор®, 21.04.2017 01:34:51
Целта е да се избегнат казните кои со сигурност би следувале ако започне да се постапува по обвиненијата на СЈО кои никако не би биле мали,затоа што листата на криминални дејствија извршени од позиција на моќ и власт од страна на „револуционерната“партија се протега во недоглед!Прават сè за да го блокираат дејствувањето на СЈО,свесни дека ако ја изгубат власта,и покрај бројните партиски војничиња напикани во државните институции и претпријатија,нема да може лесно да ја неутрализираат неговата активност!Ако успеат во намерата ќе се засили пропагандата дека некои странски и домашни „непријатели на државата“беспредметно ги обвиниле,па ќе се реобнови митот за безгрешноста на оние што мајка ги раѓа,а наречниците и госпоТ ги предвиделе „за спас на Македонија“!СДСМ не се ни свесни дека имаат работа со масовна хистерија од умислени Александрови епигони,Марибуневи,Бетмени,Супермени,Кљусиња,Тодоралександровци што маршираат секојдневно убедени дека сите останати се непријатели на „револуцијата“!
   118 |   37
razmo, 21.04.2017 02:00:24
Vivdolivosta i prognozite na Odzata od Bitola i Vanjga Bugarkata svevisniot { BOG } mu gi dodeli na Ivanov . Erole , Jas kako Jas mu predlagam na Ivanov da go dodeli Mandatot na Partiite sto go socinuvaat Parlamentarno mnozinstvo vo Mak. Sobranie i bi mu rekol ... Davajgo Mandatot dodeka ti tropaat na tvojata vrata , da ne pocnis potoa ti da tropas na nivnata . Znae LI Ivanov deka Nojkta e Trudna . Nedaj boze se e mozno vo vakvi situacii .
   63 |   36
Ivan, 21.04.2017 02:42:41
Imash dovolno prostor da tresish zeleni i da cavkash kako ZAGAR po shepite na zajakot. Ova mi lici kako na drvo mozish da mu zboruvash a da ne te razbira. Nishto drugo ne kazuvash odsem rezimot, kriminalot, vozdot i shto ushte ne, a dodeka ostanatite se za covekovi prava i istite da bidat zivi jadeni. Zoshto toa vashe parlamentarno mnozinstvo ne odstapi od alb platforma (pa makar i do slednite izbori) i ako posle toa rezimot najde druga prichina da blokira pa togash mozes da tvrdish deka seta rabota e vo zashtita na kriminalot, no ako ispadne deka ne e taka, te molam nemoj da gi stavash racete vo ogan, ke bidesh tovar na narodot i ke barash oshteta, nego najubavo da se trgnish od videlina zasekogas, eden ZAGAR pomalku. Nemoj da si igrash majtap so narodot shto demonstrira, (ne se tie so kurtoni na glava da bidat majtapuvani) i vi dokaza toj narod kako se demonstrira.
   42 |   106
respekt, 21.04.2017 03:24:35
Политичката разрешница во Македонија наликува на партија шах. Груевски игра со бели фигури а СДСМ со коалицијата со црни фигури. Судии се ЕУ и САД. Во отварањето на партијата(кампањата и резултатот од изборите)белиот изгуби топ и коњ. Во таква ИЗГУБЕНА ПОЗИЦИЈА, белиот крал(Груевски)(ке) ги жртвува и сите фигури само да дојде до пат позиција (ПРЕГОВОРИ ЗА АМНЕСТИЈА) а ако не успее во тоа - ке ги растури фигурите(НОВИ ИЗБОРИ или ГРАГАНСКА ВОЈНА). Црниот е пред ПОБЕДА и затоа игра опрезно и настојува материјалната предност да ја ефектуира и белиот крал го матира. Судиите будно ја следат борбата и очекуваат партијата да ЗАВРШИ регуларно и нема да дозволат рушење на фигурите(рушење на парламентарната демократија). Бидејки исходот од мечот е извесен, се очекува победнокот да се круниса(избор на нова влада)во МАЈ. А случајнло или не, мај е месец на работнички права, на цвекето, на љубовта и ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ.
   73 |   28
Naumce Srbinoski, 21.04.2017 03:40:30
Незнам кој се секава, досега многупати имам напишано дека ,, овие ,, нема да ја дадат власта макар СДСМ да имаше добиено и дво третинско мнозинство на одржаните и признаени од секого избори! Зошто се знае, слатко живеат и не им се оди во апс!!! А, ако се одмота клапчето ке биде долга робија на многу. Замислете што се ке излезе кога лугето ке бидат слободни да зборуваат, тогаш снимените разговори ке бидат ситна ситница!!! Дури тогаш ке бидат неважни докази, непотребни по желба на шарлатанот Јовче, нашиот Врховен. За вашата дилема Ризаов, а велите никој не знае кога ке дојде смена на власта одговорот ке го најдете на Тв Нова во гостувањето на Алберт Муслиу, човекот е толку јасен што треба да се направи за да дојде до тоа. Мнозинството не смее да биде влечено за нос од малцинството, и да прави кривично дело со неисполнување на желбата на гласачите да дојде до промени, до промена на власта!!!! 67(69) пратеници треба да ја земат власта, сега, одма, без чекање, уште денес!!!! ....во спроти
   101 |   31
do Erol i Ajvan, 21.04.2017 03:52:51
Neofashistichka i neoncistichka forma opstojuva vo Makedonija.Toa e arnautskiot neobalistichki iredentizam.Vo antikata,Demosten velel za Makedoncite deka se Vravari zatoa sto ne zboruvale isto kako Demosten,a ne velel Varvari za Spartancite i za drugite gragjani od polisite.Ne e ist makedonskiot jazik od antikata i segashniot makedonski jazik.Pa srednovekovnite evropski jazici ne se isti so segashnite jazici,a kamoli antichkiot so segashniot.Vidi ja kartata na wikipedia(od angliskata verzija)kade sto se pokazhani dijalektite vo jazikot od juzhniot sosed vo antikata.Makedonskiot jazik od antikata ne e staven kako dijalekt,tuku e prikazhan za poseben jazik.Kulturata koja ja shirel Aleksandar ne se vikala helenska.Toj ne se borel protiv taa kultura,tuku protiv vojskata i politicharite vo juzhniot sosed.Taa kultura ne go potisnuvashe makedonskiot identitet na Aleksandar.Vazhen e negoviot orginalen jazik,a ne kako pishuval.A za komentarite,ne jas,tuku ti si slab so makedonskiot jazik.
   43 |   102
Kaко Ној, 21.04.2017 04:40:31
Главата во песок и се правиме на удрени.Цело време бла,бла,бла,без и малку страм и перде.Каква демократија,каква борба за правда,какви институции,Рама ви кажа убаво се ствара голема Албанија и сето друго е гола вода.Сега одеднаш не се поставува прашањето кој ги достави снимените разговори,а дека власта или некој совесен го правел тоа е приказна за мали деца.Напишаното од колумнистот е за некојси Цаневи, др,Јовани ,мексиканци,комуњари слични да паламудат и продаваат памет,а всушност се од шестиот ешалон како и утринскиот со колумнистот на чело и дотичната СЈ.Поздрав кој разбра ,разбра а кој не разбра со испран мозок никогаш нема да разбере.П.С За сторен криминал сите мора да одговараат,ама со докази и власт и опозиција,без пардон.
   42 |   103
od dedo dimo, 21.04.2017 07:09:59
Velis Erole deka povlekuvanjeto na platformata nema da pomogne vo resavanje na krizata.Jas mislam deka ne si vo PRAVO , odnosno deka toa mnogu ke pomogne . Zatoa- ako saka DUI ( Ali) NATO i EU neka ja povlece platformata i sigguren sum deka procesot na izbor na spiker i formiranje na vlada ke se OTKOCI.Pozdrav. PS Erdogan na referendum dobi del od prinadleznosti koi EKS premierot gi ima bez nikakva drzavnicka funkcija a koi ti detalno gi nabroja vo tekstot.
   55 |   35
mile, 21.04.2017 07:12:05
ЗаклучокЧ Сакаш да упропастиш држава...... дај му власт на ВеМеРоТо........Наздравје Македонијо, грешката од 2006 година скапо те чини..........
   76 |   33
Трпе, 21.04.2017 07:32:36
Потребно е уште неколку дена да си ги потренират гласовите пратениците на дрпамне.Што е и нормално секогаш опозиционите пратеници имат за задача да најмногу лајат во парламентот.Се гледа дека балонот се надуваше,надуваше за малку да пукне а сега полека се издишува.Тоа се гледа и по подржувачите на протестантите по улиците.Силата за подржување на криминалци е до одредена граница,со тек на време таа сила опаѓа.И фашизамот не е вечен.Кога тогаш е победен.Можеби бавно ама славно.
   61 |   28
Д,глев с.Сопот, 21.04.2017 07:42:36
Г-дине автор и до ЦАНЕТА! Првата победа на РМ во 91-та Цане не ја славеше, навреме си заминал од СРМ и СФРЈ од така добриот демократски и економски систем. Сега Цане незнае каде да се врати оти ја нема СРМ туку ФИРОМ и дали е тој самиот славомакедонец. На прославата некои воопшто ги немаше, некои како 001 од третпат го довезле, некои од страв на бината само малку се помочкале. Победи имаше и во 2004, некои беа тепани, од кого и зошто!? Се најавуваат нови победи, а авторот не ги кажува содржините на таквите победи туку само фрла пепел и плева во очите и ушите на народот, сее магла и како Итар Пејо вели фрлајте тоа е памук. Имајте подобро здравје, потребни се здрави луѓе за РМ!
   38 |   95
tihi, 21.04.2017 07:44:51
Posle tiradava ,dobivam iskonska zhelba od 9ti do 15ti maj da marshiram protiv fashizmot za zaednichka Makedonija.
   28 |   86
jovan, 21.04.2017 08:09:47
Vo May e denot na pobedata nad fasistite. Kaj nas ima paradoks. Na vlast se Kpmunistite, potocno nivnite naslednici. Sega ispaga deka ni trebaat fasisti za da se promeni nesto. Smesno, ama vistinito. Zamislete ministerot za socijala Dime Spasov, zet na Kolisevski family, a takvi ima eden kup.Uste izigravaat VMROvci I antikomunisti.
   47 |   67
meglena, 21.04.2017 08:21:35
Да ве прашам, сте се запрашале некогаш зошто не ги менуваат амбасадориве и покрај тоа што ги кудиме по цел ден и популарноста во земјава им е нула. Целта на секој добронамерен амбасадор е да створи добра слика и пријателски односи за земјата од каде што доаѓа. Овие ако нешто успеаа е луѓето да ги замрзат Америка, Британија, Холандија и Германија, два пати повеќе од моментот кога дојдоа првпат во Македонија.Како одговор постојат само две можности. Или сме вруќи костени па никој не се нафаќа или се оставени да довршат нешто ако можат пред да ја затворат приказната за нивната домашна публика. Во двата случаи се сами а со тоа и вие кутри надничари кои по цел ден се обидувате да спинувате нарачани приказни. На СЈО никој не му забрани 18 месеци да потроши 4 милиони евра.Дури и отпушти два обвинитела, немале доволно работа.Мене ми личи дека ви се распаѓа илузијата дека сте на страната на правдата и дека како секое мало дете продолжувате да се лажете некако надевајки се дека нешто ке се смени.
   44 |   96
Тиранската платформа да си ја ... во ... Ероле!, 21.04.2017 08:47:51
Немало опасност од платформата!!??? Имаш ли ти Ероле барем малку поим од тоа што се нашите македонски нмационални интереси? Ако не ги чувствуваш и разбираш немој ни да пишуваш за тоа оти само ги рагневуваш сите Македонци кои и онака се револтирани од Заев и СДС.
   40 |   65
Kiro, 21.04.2017 09:05:50
Pastirot e bezvreden covek opkruzen so praznoglavi tnr. politicari koi site zaedno aj zdrobija drzavata a narodot go ponizija do besvest. Taka e i koga nasila na prost narod mu se nametnuva demokratija. Ne e cudno sto iljadnici gi spremaat kuferite za odenje jabana.
   70 |   27
komen, 21.04.2017 09:50:53
Ne go citam vise tekstot, gi citam samo komentarite - pointeresni se i pokorisni.
   62 |   40
Цане Соколовски, 21.04.2017 09:55:41
И јас се согласувам 100% дека ако не беше платформата милата партија ќе најдеше уште 100 причини за заштита на милата власт од евидентниот сега криминал. Тоа бре и врапците на гранките го знаат! Кај милите членови на дпмне постои колективна хипноза, а при тоа јас воопшто не ги идеализирам оние од опозицијата. Такви нема! Да опасно е, кога индивидуалната свест постанува колективна и на некој начин се деформира во психичка патологија. Тоа е толку очигледно да боли глава. Сум рекол повеќе пати дека човекот не е никогаш објективен и најчесто е под влијание на доминантната политичка свест! Се согласувам со Против дека во секои идни евентуални избори ДУИ ќе биде уште повеќе десеткувана а се гкладам со патриотите дека на такви избори тие СИГУРНО ќе изгубат
   44 |   31
od ostrijot, 21.04.2017 11:07:44
vo pravosi erol dali i koga kese formira nova vlada nemoze da predvidi ama bas nikoj.oti tuka nese raboti samo za sostav na nova vlada nego kako starata vlada daja izbegne pravdata i go spasat vozdot koj za organiziranje i vodenje drzava nee sposoben ama za organiziranje i sproveduvanje na kriminal e prav majstor .
   55 |   30
ВОКОКОАЧ, 21.04.2017 11:24:23
Уганда,Бурунди,Танзанија...да не редам понатаму...тоа сме ние сега а можеби и бетер ?! Монархот Хорхе има своја визија како треба да се уредуваат демократските процеси во државата, а пак пастирот во ликот на владетелот Цезар со цврста тупаница ни гарантира мир и стабилност, така да кукулелекањето на опозицијата за воспоставување на демократски и назнам какви не процеси само ке однесе во анархија и пропаст на државата. Затоа народе подржете цврста рака со тобоган ала Крали Марко..впрочем тиранијата е генетски вкорената кај овој народ и тој не милува слобода и правда. П.С До оној со главата и каменот..Пријателу ти живееш сеуште во камено доба..не те жалам тебе, ги жалам твоите потомци....
   72 |   27

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
22°СкопјеВреме
Делумно облачно
Саб21
Нед20
Пон22
Вто24
Сре26
Чет28
Пет27
Саб26
Нед27
Пон26
НајчитаниНајкоментирани
 
Заев најави обединување наместо поделби
Г7 - Шест против еден
Маљковиќ: Иднината е во регионалните лиги
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ