www.utrinski.com.mk
27 јуни 2017 18:04
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
24.04.2017, 17:57

Харлан: „Кјубрик најмногу се интересираше за политиката“

Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик, гостуваше на „Скопски филмски фестивал“

„Она што е карактеристично за Стенли Кјубрик е истото што важи и за сите големи уметници како Пикасо, Моцарт или Бетовен, а тоа е дека нивните дела не исчезнуваат. Овој филм ‘Пеколен портокал‘ е стар 45 години, од премиерата на ‘Одисеја 2001‘ наскоро ќе бидат 50 години, има 60 години откако е снимен филмот ‘Лолита‘. Неговите дела траат, тие се актуелни, не исчезнуваат и мислам дека тоа е клучно за секој голем уметник’, рече меѓу другото во киното „Милениум“ , специјалниот гостин на годинешното издание на „Скопје филм фестивал“, Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Поводот за неговото гостување е првата македонска ретроспектива на еден од најголемите светски режисери која се одржува во рамки на фестивалската програма. Разговорот со Јан Харлан го водеше Гена Теодосиевска.

Харлан на почетокот од разговорот со публиката по прикажувањето на филмот „Пеколен портокал“ потенцираше дека „она по што најмногу е запаметен Кјбурик е што секогаш ги поместуваше границите“.

„Секогаш се обидуваше да направи нешто невообичаено како и сите навистина големи уметници. Тој ги преминуваше границите, како на пример француските импресионисти, како Тарнер, Бергман, сите тие се обидуваа да направат нешто што е вредно и што нема да исчезне во времето. Кјубрик не беше заинтересиран да направи голем број филмови, она што него го интересираше е да направи филм што ќе биде значаен и што на публиката ќе и' каже нешто што би можело да предизвика нешто во вас. ‘Пеколен портокал‘ е типичен пример за тоа, ова е многу политички филм и како вистински политички филм е и многу тежок. И бидејќи работев со него, можам да ви кажам дека тој секогаш мораше да биде задоволен со сработеното. Се разбира дека филмовите ги правеше за публиката, но таа беше на второ место. И навистина е така и со композиторите, писателите, сликарите, тие први мора да бидат задоволни со своето дело, за да и' го предадат на публиката. Ако размислуваш што сака публиката, ако правиш нешто само заради публиката - тогаш си изгубен“, рече Харлан.

Јан Харлан на публиката и' откри и дека најомилениот дел од режирањето за Кјубрик бил процесот на подготовки на филмовите, дека многу читал, дека сакал да гледа тенис на телевизија, дека не сакал често да излегува од неговата куќа и дека сите подготовки за филмовите се вршеле кај него дома, се' додека не почнело снимањето на локациите. Како пример ги наведе подготовките на филмот „Очи ширум затворени“ на кој Кјубрик работел околу 30 години.

„Тоа беше најтешкиот филм во неговата кариера и тој самиот го сметаше за свој придонес кон филмската уметност. Во почетокот имаше идеја главниот лик на еврејскиот лекар да го игра Вуди Ален“, рече Харлан. Тој откри и дека Том Круз му кажал дека е сигурен дека веќе никогаш во животот нема да доживее ништо слично како што била работата со Кјубрик.

Јан Харлан за првпат со Кјубрик се сретнал во 1963 година и како што рече, „не ни сонувал дека некогаш ќе работи со него“, но потоа подобро го запознал кога сестра му за него се омажила и кога тој работел со Артур Кларк на сценариото за филмот „2001: Одисеја во вселената“. Бил фасциниран од неговата личност.

„И тогаш сфатив дека научниците и уметниците се слични бидејќи никогаш не запираат. Бевме на вечера со Стенли и со Артур Кларк и тие зборуваа за милионите галаксии и ѕвезди, зборуваа за илјадниците планети и можноста на некоја планета да постои живот. Тогаш бев млад, не знаев многу за астрономијата, но ме фасцинираше нивниот разговор. Потоа заминав во Европа, живеев во Цирих, се оженив, добив деца, а тој се пресели во Англија. По шест години почнав да работам со него на проектот ‘Наполеон‘ и си мислев: ќе работам со него само една година, но проектот не се реализираше , а јас продолжив да работам со него уште 30 години до крајот на неговиот живот“, потенцираше Харлан.

Тој одговараше на прашања на публиката, но напомена и дека е невозможно да се одговори зошто Кјубрик употребувал одредени изразни средства во своите дела, како на пример, зошто злото во филмот „Пеколен портокал“ е претставено со бела боја.

„Во моментот кога ќе почнете да интерпретирате веќе правите грешка. Тоа е како да го прашате Шагал зошто насликал магариња што летаат. Кјубрик слично ја употреби црвената боја во ‘Очи ширум затворени‘“.

Според Харлан, Кјубрик сакал да работи со истите луѓе, особено со неговиот директор на фотографија.

„Луѓето сакаа да работат со Кјубрик, тоа беше исклучителен процес на учење, тој не брзаше, работеше долго време што беше одлично за екипата и за актерите. Кјубрик обожуваше филмови, сакаше филмови што се сосема различни од неговите и тоа е карактеристика на сите големи уметници. Ги сакаше филмовите на Карло Саура, Вуди Ален, Стивен Спилерг, режисери што правеа сосема различни филмови од оние што тој ги правеше. Го сакаше Тарковски, но особено Кишловски и неговиот ‘Декалог‘. Тој сакаше и многу да чита, кога ќе се заинтересираше за некоја тема, читаше се’ за тоа, на пример кога го подготвуваше ‘Наполеон‘, прочита речиси се' што имаше за него. Омилени му беа Артур Шницлер, Чарлс Дикенс, класиците, Џејн Остин... тој постојано читаше“, рече меѓу другото продуцентот на Стенли Кјубрик. На прашање од публиката дали Кјубрик го режирал „лажното“ слетување на Месечината, Харлан одговори дека е тоа комплетна бесмислица, но и нагласи и дека она што најмногу го интересирало Кјубрик била политиката.

„Сите негови филмови, всушност, се политички. Ако ги анализирате, понекогаш тоа е поотворено, другпат не е. Се сеќавам кога почна војната во Ирак, тој гледаше телевизија и рече: се надевам не сум направил документарец, мислејќи на неговиот филм „Dr. Strangelove“. (К.Р.)

Вечерва „Сјаење“ во кино „Фросина“

На фестивалската програма вечерва со почеток во 17 часот е филмот „Сјаење“ (1980) во режија на Стенли Кјубрик во кој улогите ги толкуваат Џек Николсон, Шели Дувал, Дени Лојд.

Во 20 часот: ќе започне со прикажување филмот „Невидливиот гостин“ во режија на Ориол Пауло во кој улогите ги толкуваат Марио Касас, Барбара Лени, Ана Вагнер, Хозе Коронадо, додека во 22 часот филмот „Бесконечна поезија“ (2016)

во режија на Алејандро Јодоровски. Во него играат актерите: Адан Ходоровски, Бронтис Ходоровски, Памела Флорес, Леандро Тауб

Во Кинотека на Македонија во 17 часот ќе започне прикажувањето на шпански кратки филмови, додека во 19 часот ќе стартува „Куќата на вицекларот“ во режија на Гуриндер Чада. Од 21 часот ќе се прикажува филмот „Ова е нашата земја“ (2017) во режија на Лукас Белво.

Статијата е прочитана 1680 пати.


Испрати коментар
Рациновото признание" за 2017-та врачено на Ана Стојаноска
МНТ со претставата „Копање“ го затвори Dramatikerinnenfestival во Грац, Австрија
Започна Преспанско културно лето
Рациново признание постхумно за хрватскиот професор Предраг Матвеевиќ
Археолошкиот музеј првпат ќе учествува на изложба во Обединетото Кралство
Филмот "Кога денот немаше име" на фестивали во Сиднеј и Ерусалим
Меѓународен хорски фестивал Техо во Тетово
Трибина - "Rocken'roll-от како soundtrack за новото Министерство за култура"
Кумановскиот тетар премиерно со претствата "Интрига и љубов"
Шангај подготвува циклус проекции, изложба, книга и предавање на Милчо Манчевски
Позната деталната програма за годинашниот Скопје Синема Сити
Златна камера 300 за животно дело за италијанскиот великан Џузепе Ротуно
Изложба на Мирко и Лидија Вујисиќ
Специјална проекција на победничкиот филм на 7. Филозофски филмски фестивал
Триумф на „Златната петорка“ на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз
Ликовна изложба по повод 20 години јубилеј на училиштето "Нова"
Од утре конкурс за државната награда "Св.Климент Охридски"
„Аида“ со солисти од Турција за крај на Мајските оперски вечери
Почнува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија
Симон Трпчески со нов албум и серија настапи
Кан: Златната палма за шведскиот филм „Плоштадот“ на Рубен Остлунд
Успешно гостување на Битолскиот театар во Торонто
Оскаровската „Ничија земја“ на сцената на Македонскиот народен театар
Битолскиот театар гостува во Канада
За Музеј на годината избрана НУ Музеј и завод Битола за "Спомен куќа на Татарчеви" во Ресен
Џеки Шепард и Коле Ангеловски почесни лауреати на "Астер
Вечерва 36 издание на "Мал Битолски Монмартр"
Хуманитарен концерт место операта "Мадам Батерфлај"
Театар комедија освои две награди на фестивал во БиХ
Македонските продуценти рамо до рамо со светските филмаџии
Шеста премиера на " Грета од Фауст" во Битолскиот театар
Полските издавачи заинтересирани за македонските автори
Во Националната галерија изложба на графики од Иван Мештровиќ
Со есклузивен концерт вечерва ќе биде отворена новата Македонската филхармонија
Македонската поезија и проза на Саемот во Варшава
Промоција на новиот објект на Македонската филхармонија в недела со ексклузивен концерт
Трпчески на примиерната изведба "Македонисимо" во Германија дури запеа
Почнува осмиот фестивал за класична гитара "Тремоло"
Во книжарницата "Бункер" ќе се делат бесплатни стрипови
Премиера на детската оперета "Пролетна приказна" во МОБ
Македонскиот виолинист Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
„Атена со пенис“ - премиера на Драмски театар
Изложба на етнолошки предмети подарени на Музејот на Град Скопје
Промоција на монографија за акварелите на Васко Ташковски
По 70-ти ќе биде послан црвениот тепих во Кан
Хуманитарна изведба на мјузиклот "Тајно моја"
Ванеса Меј приреди редок спој на класика, џез и техно
Филмот "Ах, љубов моја" на Коле Ангеловски со кино проекција во Велешкиот театар
На "Про- за Балкан" ќе гостуваат познати издавачи од Франција, Србија и ОАЕ
"Кружно патување на Марето" најдобар фил и на фестивалот "Вилмош Зигмонд"
"Хармс" влезе во главната конкуренција на фестивалот во Шангај
Премиера на Дон Жуан од Молиер во Битолскиот народен театар
Виолинистката Ванеса Меј вечерва со концерт во "Борис Трајковски"
Промовирани 14 нови преводи на стручна и научна литература
Македонскиот Културно-информативен центар во Софија годинава со амбициозна програма
Опера-реквием „Јов“ на Мајски оперски вечери
Операта „Севилскиот бербер“ вечерва на 45. „Мајски оперски вечери“
Во Велес на 9 и 10 јуни 52. „Рацинови средби“
Чествување на Конески и претставување на Османли на Саем во Солун
Модерно издание "Басни од Македонија" на здружението "Браво сине"
Нова книга на Веле Смилевски за поезијата во изминатите 45 години
Изложбата „Ана Франк – Историја за денес“ во Крива Паланка
Во Торонто промовирана монографијата „Атанас Близнаков“ од Славе Катин
Панел дискусија за 25 години од првиот договор за соработка меѓу ДПМ и Сојузот на бугарските писатели
Отворена јубилејната 10. Македонска книжевна визита во Софија
Македонска вечер во Париз
Книга на Виктор Габер за Македонија во меѓународните односи
Прва награда во Италија за снимен филм од децата од Домот „11 Октомври“
Турнеја на сплитскиот балет во Македонија
Недела на турскиот филм во Скопје
Со порака во шише се простија од Зоран Маџиров
Отворeни 45. Мајски оперски вечери со премиера на Вердиевата „Травијата"
Италијанската награда "Златен грифон" за македонскиот филм "Златна петорка"
Бил Клинтон пишува книга за задкулисните моменти во Белата куќа
Руски воени филмови во Кинотеката по повод Денот на победата
Плакатите од 9. Скопје постер фестивал патуваат за Португалија
Две награди за документарецот „Мојот превртен свет“ на SEEfest во Лос Анџелес
Јубелејни 45-ти Мајски оперски вечери
Монодрами од Холандија, Полска и Израел на фестивалот во Битола
Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк
Почина актерот Ѓорѓи Бисерков Дампе
Промовирана монографија "Никола Мартиноски до 1945" од Кирил Пенушлиски
Почна "Скопје креатива 2017"
Исландскиот писател Браги Олафсон гостин на „Про-за Балкан"
ТВ серијата "Сенките над Балканот" на Драган Бјелогрлиќ ќе се снима и во Македонија
Изложба Охридски филиграни во Софија
Прва фото изложба на лице со даунов синдром
Мултимедијалниот проект со оган на младиот Јосифов и во Сан Франциско
Театарски перформанс на младата режисерка Нина Николиќ во Битола
Писателите ке го чествуваат делото на Гане Тодоровски
Во Скопје се снима првиот боливудски филм
"Скопје креатива" од утре до 6 мај
Три настани во чест на Никола Мартиноски
„Устата на јавето“ нова поетска книга на Раде Силјан
Во Крива Паланка пролетна школа "Етнографија на социјализмот"
Отворена постхумна изложба на Нове Франговски
Концерти на Миха Погачник за интеграција во ЕУ
Успешна изведба на „Дениција“ во Брисел
Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во НУБ „Св. Климент Охридски“
„Плакати“ од Михајло Арсовски на изложба во МСУ
Фестивалот на монодрама Битола од 5 до 9 мај
И „Лолита“ на Скопje филм фестивал
Екипата на „Ах, љубов моја“ се поклони во „Милениум“
Светот се' уште е „гладен за книги“
Личната драма „Реквием за госпоѓа Ј“ го отвори 20. Скопски филмски фестивал
Александар Поповски во жири за 62. „Стеријно позорје“
Во Охрид почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Во Брисел со „Дениција“
„Европејци“ – на сцените во Тетово и Скопје
МОБ на „Средба на балетски уметници од поранешна Југославија“
Родниот Штип го чествуваше Ацо Шопов
Дела од „Михајлово“ на изложба во Прилеп
„Ах, љубов моја“ премиерно на Скопски фестивал
Предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона
Конференцијата „Книжевноста и Библијата“ во МАНУ
Алаѓозовски на меѓународната конференција „Културата меѓу параграфите“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
29°СкопјеВреме
Претежно облачно
Вто31
Сре35
Чет36
Пет37
Саб38
Нед31
Пон25
Вто26
Сре29
Чет31
НајчитаниНајкоментирани
 
ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување
Меркел најави признавање на истополните бракови во Германија
Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ