www.utrinski.com.mk
29 мај 2016 22:58
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
28.01.2016, 18:07

Интервју - ЕУ дополнително ќе ги оцени условите за избори

Се' уште е рано да се прават процени за резултатите од Пржино- направени се некои многу важни чекори, но има и сериозни одлагања, порачува амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп

 

Слободанка Јовановска



Холандија ќе има важна улога следните шест месеци откако го презеде претседателството на ЕУ. Најавено е дека во февруари ќе се подготви привремен извештај за Македонија. Кога точно ќе се случи тоа и како Вашата земја, ќе бидат вклучена во овој период?

Во првите шест месеци од годинава Холандија е претседавач со Советот на ЕУ, што вклучува претседавање со министерските состаноци и преземање на улогата на сигурен и ефикасен медијатор кој треба да работи на постигнувањето компромис меѓу земјите-членки. Договорот од Лисабон од 2009 година ја смени улогата на ротирачкото претседателство. Според новиот систем, „политичката“ димензија на претседавачот во голема мера е префрлена во институциите во Брисел (како, на пример, Европската комисија), со цел да се обезбеди поголем континуитет. Со оглед на тоа дека веродостојноста на процесот на проширување е од големо значење за нашето претседателство, се надеваме на продолжена конструктивна и интензивна соработка меѓу ЕУ и Македонија на повеќе полиња. Една од важните области е целосното спроведување на договорот од Пржино што подразбира и слободни и правични избори во целосна согласност со европските стандарди, како клучен елемент кој ќе биде земен предвид во оценувањето на напредокот на државата во исполнување на условите за отворање на пристапни преговори. Дополнителното оценување беше најавено како инструмент кој ќе покаже дали условите за одржување на такви избори се исполнети. Ова е процес за кој с? уште се дискутира.



Каков ќе биде одговорот на ЕУ ако сите услови за изборите на 24 април не се исполнети и ако опозицијата опстои на одлуката за бојкот?

Се' уште е рано да се прават проценки за резултатите на договорот од Пржино. Од една страна, направени се некои многу важни чекори. Од друга страна, има сериозни одлагања и некои од прашањата, како што се медиумите и избирачкиот список, до вчерашниот ден не беа решени. Жалам што политичките партии не успеаја да постигнат консензус за датумот на изборите. Сепак, одлуката на опозицијата да продолжи да учествува во Владата и во политичките работни групи е добредојдена бидејќи со тоа се овозможува инклузивен и континуиран процес кон постигнување на договор за неопходните реформи, а особено за нерешените прашања.



Господине амбасадоре, што е разликата помеѓу фер и веродостојни избори?

Слободни и фер избори се основен елемент на една здрава демократија. Со цел да го заслужат ова име, изборите не треба да се сведат единствено на транспарентен и добро спроведен изборен ден, туку, исто така, треба да се создаде средина која ќе ги поттикне граѓаните да се вклучат во нив, како и рамноправно поле за слободно дејствување на сите политички партии, независни медиуми и судство. Одржувањето на веродостојни избори подразбира спроведување на неопходните реформи во областите кои ги гарантираат правата и институционалната рамка за слободни и фер избори, во согласност со меѓународните стандарди.



Според Вашите проценки, што ќе биде критично наредните недели? Дали очекувате нови одложувања и опструкции?

Неделите што следат се од клучна важност за Македонија. Останува да се спроведат многу важни обврски, како што се избирачкиот список и обезбедување поголема рамноправност во медиумската сфера. Очекуваме дека сите политички партии ќе стојат на преземените обврски и ќе соработуваат конструктивно во насока на целосно спроведување на договорот од Пржино, со цел да се осигураат инклузивни и веродостојни избори во согласност со меѓународните стандарди. Ова вклучува решавање на преостанатите прашања преку еден инклузивен процес и преку компромис и обезбедување на неопходната поддршка на Државната изборна комисија, што на крајот ќе обезбеди учество и доверба во избирачкиот процес и во самите избори од страна на сите партии и, што е најважно, од страна на граѓаните.



Холандија ќе биде домаќин на новиот специјален суд за воени злосторства на Косово. Тоа е нешто многу ново - национален суд со седиште во странска земја. Можно ли е вакво нешто да и' се случи на Македонија? Како гледате на некои барања специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде испрашувања, па дури и апсена?

Мислам дека Македонија треба да се насочи кон целосно спроведување на политичкиот договор, што минатиот јуни и јули го постигнаа четирите политички партии, како суштински предуслов за евроатланската перспектива на земјата. На пример, работата на специјалниот обвинител е клучна за враќање на довербата во владеењето на правото. Институцијата Специјален обвинител е основана со цел да ги испита сериозните обвинувања кои произлегоа од прислушуваните материјали. Граѓаните на која било земја би сакале да знаат што точно се случило и, ако се докажат прекршувања на законите, кој законски одговара за тоа. Важно е сите институции да соработуваат со специјалниот обвинител за да му овозможат да ја изврши својата законска обврска.

Македонија беше првата вај-фај земја во светот, но повеќе од дваесет години немаме веродостојна избирачка листа. Дали се согласувате дека тоа е толку тешко? И како го правите тоа во Холандија?

Свесен сум дека изборните реформи се континуиран процес во Македонија. Ваквите процеси се тешки и бараат постојана работа и реформи. Во Холандија, избирачкиот список го составува државната администрација, која постојано го ажурира. Колку што знам, во оваа област се спроведуваат реформи во многу други европски земји. Се работи за процес кој се оформува преку учење од грешки и бара постојано усовршување.



Има многу критики последните денови за мисијата на комесарот Јоханес Хан - дека преговорите во Македонија се неуспех на ЕУ-дипломатијата, дека за Брисел стабилноста е поважна од демократијата, дека можеби има некакво пазарење зад сцената со бегалците... Како го коментирате сето ова?

Како што спомена мојот министер во неговата презентација на холандското претседателство со ЕУ пред Европскиот парламент, јасно е дека сиот Западен Балкан е дел од Европа и треба да и' се приклучи на Европската унија. Затоа, ЕУ и земјите-членки треба да помогнат во оваа транзиција. ЕУ и Комисијата активно ? помагаат на Македонија да ја придвижи напред својата реформска агенда по настаните од 24 декември 2012 година, а особено по продолжената политичка криза минатата година за да со посредништво се обнови политичкиот дијалог во земјата. За сите вклучени во овој процес, ова е тешка задача. Затоа, обидите за избегнување на суштината на прашањата со напад на оние кои се вклучени во овој процес не се од помош за самиот процес. Она што навистина е важно е суштината на реформите за кои се обврзаа сите партии.



Еден од приоритетите во вашата програма за претседателствувањето е владеењето на правото во земјите-членки. Што имате на ум?

Европската унија е изградена на заеднички вредности. Членството во унијата не носи само придобивки, туку и одговорности. Една од најважните обврски на секоја земја-членка е почитувањето на фундаменталните вредности на Унијата, а особено владеењето на правото, демократијата и основните човекови права. Ова се постојани предизвици со кои владите мораат да се справуваат. Тоа значи и дека се стремиме кон отворени дискусии за најдобриот начин на кој можеме да ги заштитиме тие вредности во времиња на промени.



Постои страв дека Македонија ќе стане „чекалница“ на ЕУ за бегалците. Какви ќе бидат последиците за нашата земја ако се распадне шенгенскиот систем и националните гранични контроли се воведат повторно во ЕУ?

Европа се соочува со акутна криза што нејзините граѓани ја гледаат како тест и за нејзините способности и за нејзината релевантност. Мораме да ги исполнуваме своите обврски според Договорот за бегалци, но капацитетите за прием на Европа не се бескрајни. Мораме да ја зајакнеме безбедноста на своите граници, особено оние на западнобалканската рута. Македонија се соочува со огромен прилив на мигранти и бегалци и се подразбира дека тоа е голем товар за земја со релативно скромни ресурси. Сепак, таа се справува со овој неочекуван транзит на стотици илјадници луѓе, како што можев да видам минатата недела кога ја посетив Гевгелија, третпат во текот на последниве неколку месеци. Бегалската криза не' удира таму каде што сме најчувствителни. Има различни мислења за тоа кој е најсоодветниот начин да и' пристапиме. Во согласност со заклучоците на Советот на ЕУ од декември минатата година, приоритет на нашето претседателство ќе биде да се постигне согласност за позицијата на Советот за пакетот за контрола на границите, што пред извесно време го предложи Комисијата. Ова би значело да се работи заедно со Турција за намалување на бранот мигранти, непречено функционирање на жешките точки и регистрацијата на нелегалните мигранти и соодветен напредок во процесот на реадмисија и враќање. А тоа значи тесна соработка со земјите кои не се членки на ЕУ – Македонија и Србија, кои ќе учествуваат на Советот за правда и внатрешни работи, кој треба да се одржи во Амстердам во февруари.



Вашата земја инвестираше многу во создавањето слободни медиуми овде. Зошто, според Вас, ситуацијата се' уште не е подобрена?

Повеќе години Холандија е еден од најголемите билатерални донатори кои ја поддржуваат реформската агенда на земјата. Медиумите и слободата на говорот, како еден од најважните елементи во секоја демократија, се во фокусот на нашите активности. Навистина, како што забележува и последниот извештај на ЕУ за напредокот на земјава, последниве години, реформите во оваа област назадуваат. Би требало да се насочиме кон решенијата. А, ова е нешто за кое с? уште се водат дискусии во рамките на работните групи за договорот од Пржино. Се надевам дека потписниците на договорот набргу ќе постигнат консензус за обезбедување слободни и професионални медиуми, бидејќи на долг рок тоа е од вистинска корист за демократијата во земјата.

Сепак, и самите медиуми имаат важна улога. Значителен чекор во оваа насока е широката поддршка на саморегулацијата во медиумската сфера и последователното основање на Советот за етика во медиумите, како саморегулаторен механизам и платформа која ги собира сите медиуми. Улогата на саморегулацијата во едизборниот и изборниот период е дури и поважна во воспоставувањето на принципите на објективно, непристрасно и балансирано известување и обезбедување политички плурализам во областа на медиумите. Во оваа смисла, објавувањето на етичките и професионални принципи за медиумско покривање на изборниот процес од страна на МРТ, со помош на Би-Би-Си е добредојдено. Исто така, ја поздравувам иницијативата на Советот за етика во медиумите презентирана неделава, за потпишување повелба за принципите за медиумското известување на кои треба да се придржуваат медиумите. Особено затоа што доаѓа од орган за саморегулација, во кој самите медиуми ги одредуваат принципите за своето однесување. Се надевам дека меѓу медиумите ќе има широка поддршка за оваа извонредна иницијатива.

Статијата е прочитана 2089 пати.


Испрати коментар
ДИК брои ситно за избирачкиот список
Ванхауте
Ќе има ли „двојно топење“ на цврстите партиски ставови
Невладините прашуваат - ЕУ ќе помага или одмага?
Неславен крај на Анкетната комисија за прислушувањето
Премиерот Димитриев во посета на ДИК
Професорката Каракамишева член на Венецијанската комисија
Пиле, 29.01.2016 08:51:30
Зарем и ти драга Слободанка Ј. почна да играш по нотите на уредничката политика. верувам дека крвниот притисок ти има скокнато на 180 кога го постави неумесното,а нарачано прашање за Јанева.Со кој меч надвиснат над твојата глава извршија закана за да вака бидеш пиар луцидно застрашувачка.Добро би било да се охрабриш и да кажеш на јавноста.Инаку разлика меѓу фер и веродостојојни избори поразбирливо може да се каже дека фер избори може да спроведат и неверодостојни институции со неверодстојни кандидати на листите,ако се стартува на што всушност игра и коалицијата на власт.Да спроведе избори во услови кога Уставниот поредок е срушен, а како најсвеж доказ е неуставното постапување на Управниот Суд Скопје по донесените решенија за разрешување од страна на Ременски.Постапува по барање на неовластен тужител и спротивно од одредбите на Законот за УС.За веродостојност на кандидатите за пратеници на листи за да се спроведат фер избори допрва ќе се констатира при што ќе се види зошто брза власта
   40 |   34
Od Mene do Vas, 29.01.2016 16:51:12
EU poveke da se grizzi i posveti na RASIZMOT vo EU otkolku da se mesha vo Makedonskite raboti. Makedoncite se sposobni, sami da si gi reshat site problemi. Zatoa opstanale do sega.
   25 |   30
Македонец1, 29.01.2016 18:45:36
Госпоѓо Слободанка! Биди храбра за државата, за граѓаните, за твоите деца и внуци и објасни му на човекот во каква држава и со какви криминалци се живее? Во спротивно сите, и моите и нашите и вашите тука ќе страдаме. А тие ќе ,,гладуваат,, во некоја Белизе држава, во некоја вила изградена на џабалак плац.
   29 |   29

КЛИК ДО НОВОТО

Е-ИЗДАНИЕ

Денот низ фотографии

Најнови вести
26°СкопјеВреме
Претежно облачно
Нед29
Пон29
Вто26
Сре25
Чет22
Пет23
Саб23
Нед22
Пон21
Вто21
НајчитаниНајкоментирани

Херојски пречек за шампионите во Мадрид
Писмо од фронтот: Утре си во студен гроб
Иванов несфатен, Хан неинформиран?!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ