www.utrinski.com.mk
29 април 2017 21:31
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
20.03.2017, 15:30

„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес



По повод Светскиот ден на поезијата трета година по ред Македонија е дел од овој глобален настан

По повод Светскиот ден на поезијата - 21 март, трета година по ред Македонија е дел од глобалниот настан на Јулиус Мајнл „Плати со поезија“, кој се одбележува во вкупно 36 држави и во над 1.400 кафетерии низ целиот свет.

Настанот во нашата земја, оваа година ќе се случува на девет локации, а освен во Скопје, ќе се прошири и во Велес. Љубителите на поезијата, утре, од 10 часот, ќе имаат можност да се дружат со македонски поети и да ги преточат своите емоции на парче хартија во „Нола бар“, „Наргиле кафе“, „Ревија“, „Дион“, „Backyard“, „Juice Bar“, „Венето“, „Баду бар“ во Скопје и во „Чао кафе“ во Велес, а познатите автори како главни поддржувачи на овој настан, и оваа година ќе бидат во потрага по најкреативните неоткриени „поети”.

„Кампањата ’Плати со поезија’ има за цел да го поттикне поетскиот дух кај сите, и затоа секоја година на ист датум се подарува уникатна можност испиеното кафе или чај да се плати со поезија – извор и валута на најуникатните човекови емоции. Светскиот ден на поезијата е посветен на оние кои го исполнуваат светот со страст преку пишаниот збор, а секој стих секогаш е различен и неповторлив и со себе носи автентична таинственост како печат на авторот кој го напишал“, истакнуваат организаторите на овој настан.

Статијата е прочитана 857 пати.


Испрати коментар
Концерти, предавања и франкофонски средби за Меѓународниот ден на франкофонијата
Одбележан Светскиот ден на раскажувањето
Големи и мали
Нови автори од „Апсолутно модерен“ во Скопје

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
20°СкопјеВреме
Облачно
Саб23
Нед17
Пон22
Вто24
Сре25
Чет23
Пет22
Саб22
Нед23
Пон21
НајчитаниНајкоментирани

ЕУ единствена околу преговорите за разводот од Лондон
Зошто на Македонија, и покрај политичкиот хаос, не ѝ се заканува граѓанска војна
Даночната реформа на Трамп е осудена на неуспех
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ