www.utrinski.com.mk
28 февруари 2017 15:30
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
11.01.2017, 17:59

Возење на снег - Без нагло забрзување и сопирање

Едно основно правило - брзината мора да биде значително помала отколку лете и треба да држите поголемо растојание меѓу возилата

Дури и искусните возачи имаат проблеми со возењето на снег и на мраз, зашто гумите на возилата „налегнуваат“ многу послабо отколку кога патот е сув. Затоа, наместо да правите пируети, научете да го совладате замрзнатиот терен. За почеток, едно основно правило - брзината мора да биде значително помала отколку лете и треба да држите поголемо растојание меѓу возилата. Со наглото забрзување или сопирање ја прекинувате и инаку слабата врска меѓу патот и гумите, па нема да можете да управувате со возилото. Што се однесува до останатите трикови, би било добро умерено да го вртите воланот, да кочите, забрзувате и да го пуштате куплунгот. Ако одеднаш додавате гас и грубо го пуштате куплунгот, на мазната површина како што е мразот, тркалата се вртат во празно, а возилото може да занесе со задниот дел.

Доколку ви се случи автомобилот да запре на средина на нагорнината, зашто сте морале да преминете на понизок степен на пренос, најдобро е да почекате патот да биде слободен и преостанатото растојание да го минете во еден здив. На сува надолница патот на кочење е значително подолг отколку на рамнина, а на мазен пат може повеќекратно да се продолжи и тоа пред се' ако прецврсто кочите и со тоа ги блокирате тркалата. Тогаш возилото непослушно се движи надолу, како санка. Препорачливо е при префрлање на брзината во понизок степен на пренос и пред повторното вклучување, да додадете гас, за моторот да врти приближно еднакво брзо како и пред менувањето. Што се однесува до кочењето, не смеете да кочите одеднаш, зашто во тој случај лизгањето е неизбежно. Штом почувствувате дека тркалата се блокирале, веднаш намалете го притисокот на кочницата и повторно сопирајте дури кога тркалата ќе се придвижат. Така подолго ќе патувате, но автомобилот ќе биде постабилен и ќе го држите правецот во текот на целото возење.

Ако се случи да завлезете во длабок снег, ќе се извлечете со наизменично префрлање од прва брзина во рикверц. Возете нанапред додека погонските тркала не почнат да пролизгуваат. Брзо префрлете во рикверц и кога автомобилот ќе почне да се движи по вдлабнатиот снег, благо додадете гас и пуштајте го куплунгот. Кога тркалата повторно ќе пролизгаат, брзо префрлете во прва брзина. Повторувајте го возењето напред - назад, се' додека не го извлечете во еден потег. Додека тоа го правите, предните тркала мора да бидат исправени.

Статијата е прочитана 181 пати.


Испрати коментар
Елена Велевска се пробива во Бугарија
Кинески хороскоп - Што ни носи годината на огнениот Петел?
Холивудски двојки на кои не им пречи разликата во години - Помладо е послатко
Проектите за екологија ги работиме во континуитет
Што прават
Бебе во новата година
Холивудските актерки ќе протестираат против Трамп
Мис на Хелсинки ги налути Финците
Адријана Лима на пат до смирување со бившиот сопруг

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
18°СкопјеВреме
Ведро
Вто17
Сре16
Чет15
Пет15
Саб16
Нед16
Пон15
Вто14
Сре13
Чет11
НајчитаниНајкоментирани

Турција во политички офсајд
СЈО: Труст од РЕК Битола пумпал пари во приватни џебови
Легална експлоатација во Србија: работниците на лизинг!
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ