www.utrinski.com.mk
22 февруари 2017 16:12
Актуелно
Архива
Контакт
Редакција
Маркетинг
Претплата
период од-до
-
14.02.2017, 15:20
Ѓорѓе Јовановиќ во „Захета“ во Варшава



Македонскиот уметник се претставува со видеото „Тие сите ме чекаат да платам“

Македонскиот ликовен уметник Ѓорѓе Јовановиќ учествува на меѓународната групна изложба „Да се употреби повторно: минатото како костим или инспирација“ во галеријата „Проектен простор Захета“ (Zacheta Project Room) која е дел од Националната уметничка галерија во Варшава, Полска.

Јовановиќ на оваа изложба се претставува со видеото „Тие сите ме чекаат да платам“ (They All Wait for Me to Pay) изработено во Тирана, во 2013 година, во кое тој соработува со традиционален исо-полифониски хор и претставува обид да се поврзе минатото и сегашноста преку пеење и раскажување.

„Во делата (видеоинсталации, фотографии и објекти) презентирани на изложбата, чија кураторка е Магда Кардаш, уметниците ги користат артефактите од поновата историја (архитектурата, фотографијата, медиумските слики и документирањето на политичките и општествените случувања, филмот и музиката). Некои автори ги третираат артефактите како сцена на која тие развиваат целосно нови идеи, а другите пак повеќе реферираат на приказните што тие ги употребуваат како инспирација. Поканетите уметници се родени во поранешна Југославија, и живеат и работат во Белград, Љубљана, Скопје, Амстердам и Виена“, соопштува уметникот Јовановиќ.

Учесници на изложбата, организирана помеѓу Салонот на Музејот на современа уметност од Белград и „Проектниот простор Захета“, се и Ана Адамовиќ, Младен Бизумиќ, Јасмина Цибиќ, Бојан Фајфиќ, Иван Петровиќ, Саша Ткаченко, Милош Томиќ.

Статијата е прочитана 871 пати.


Испрати коментар
„Виолински бравури“ со Сихана Бадивуку и Филхармонија
Избрани 37 дела на Конкурсот од областа на класичната музика
„Мајстор Чинго“ премиерно прикажан во Кинотека
„Театар, љубов моја“ се подготвува во Велешкиот театар
Почина актерот Ворен Фрост
Симпозиум „Хамлет и Европа –да се биде или не!“
„Златна мечка“ за унгарскиот филм „За телото и душата“
Берово годинешен град на културата
„Кога денот немаше име“ прикажан на Берлинале
Друштвото на писателите на Македонија одбележа 70 години
Денови на иранска кинематографија со Шарам Мокри
„Мачорот во чизми“ во подготовка во Театарот за деца и младинци
„Фотограметријата во презентација на културното наследство“
Изложба во Велес на автори со дела и во „Скопје 2014“

Електронско издание

Денот низ фотографии
 
Најнови вести
16°СкопјеВреме
Претежно облачно
Сре12
Чет13
Пет13
Саб8
Нед11
Пон13
Вто14
Сре13
Чет13
Пет12
НајчитаниНајкоментирани
Популизам: анализа на еден феномен
Нема бесплатно полнење на мобилните апарати
Грција: Кризата засега одложена
     Site Meter   
период од-до
-
Редакција ул. "Васил Ѓоргов" бр.16, четврти кат Тел. 3236 900
Факс. 3236 901
E-mail: contact@utrinski.com.mk
МАРКЕТИНГ